Листа на барања и одговори во 2024 година
1. Барање бр.14-473/1-Колку деца се посвоени во 2023 година?
Одговор: Во 2023 година посвоени се вкупно 19 деца.
2. Барање бр. 14-1197/1
1. Ако МТСП е институцијата надлежна: за работните односи, работувањето и вработеноста; пензиско-инвалидското осигурување;заштитата на работниците при работењето; материјалното обезбедување на привремено невработените;платите и животниот стандард, зошто со години не им е решен статусот на повеќе од 20 воспитувачки во двете градинки во Струга кои се платени само по 10.000 денари и без никакво социјално осигурување?
2.Во моментов повеќе од 20 воспитувачки протестираат во Струга за своите основни права, додека последиците од овој проблем постојано ги трпат децата и родителите кои мораат да работат, која е вашата стратегија за решавање на овој проблем?
3. Барање бр.14-1502/1-Реализација на буџетот во однос на поддршката на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите според буџетските корисници за 2023 година.
4. Барање бр.14-571/1 Прилог
1. Број на деца вклучени во предучилишно образование во учебната 2023/24 според мерката родители ослободени од партиципација (ве молам наведете ги градинките кои вклучиле деца Роми според оваа мерка)
2. Дали во текот на 2023 година се одржа конференцијата за жени Ромки? Доколку да, ве молам наведете детали/извештај во однос на конференцијата.....
5. Барање бр. 14-1639/1-Вкупниот број на лица (официјални капацитети на центарот) кои може да се сместат во Транзитниот центар Винојуг и Табановце. Вкупниот број на лица кои биле сместени во транзитниот центар Винојуг и Табановце на 31 август 2023 и 30 ноември 2023. Дали државата има склучено договор за преведувачки услуги со некое лице кои се потребни за емигрантите/барателите на азил при нивна првична регистрација и дали има стандардни оперативни процедури според кои се врши идентификација на новорегистирани мигранти.
6. Барање бр.14-630/1-Дали е започната или спроведена мерката А.1.1.1. Отворање на програма за поддршка за основање на социјални претпријатија од Ромки со примарен фокус на работа во/со ромската заедница преку директни инвестиции?......
7.Барање 14-2093/1- 1. Име и презиме/назив на адвокатски друштва чии услуги сте ги користеле во текот на 2023 година. 2. За секој поединечен адвокат/адвокатско друштво доставете ни ги износите на извршените исплати и основата за секоја исплата во текот на 2023 година 3. Како е избран секој од адвокатите/адвокатско друштво чии услуги сте ги користеле.
Одговор: Министерството за труд и социјална политика нема користено адвокатски услуги во текот на 2023 година.
8. Барање бр.Барање 14-1640/1 - Копија од записникот од јавното наддавање со кое беше продадено детското одморалиште „Македонија“ во Тиват, Црна Гора.- Копија од склучениот договор за негова продажба.- Копија од записникот од примопредавањето на објектот на новиот сопственик.
Одговор:
Во прилог Ви ги доставуваме следните информации:
- Копија од спроведената постапка за продажба на недвижни ствари со јавно наддавање за детско одморалиште „Македонија“ – Тиват, Република Црна Гора со број 02-3974/7 од 03.12.20210 година.
- Копија од Договор за продажба на недвижна ствар ДО Македонија Тиват, Република Црна Гора со јавно наддавање, број 05-3974/15 од 18.02.2011 година.
- Копија од Солемнизација на договор за примопредавање на објект од 09.082011 година.
9. Барање 14-474/1 -1.Кои услови треба да ги исполнува лице бездомник за да пријави живеалиште на адреса на Центарот за социјални работи согласно член 3 став 6 од Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните за издавање на прва лична карта?.....
10. Барање 14-1021/1-1. Вкупен број на граѓани кои го оствариле правото на толкувач на знаковен јазик за период од 2020 до 2022 година, односно број на издадени решенија за остварување на ова право. 2. Врз основа на кои одредби од кој пропис се утврдува надоместокот за толкувачот на знаковен јазик (Ве замолуваме со одговорот на ова барање да ни го испратите и законскиот пропис во кој е уредена тарифата и постапката за надоместок на толкувачот на знаковен јазик). Прилог решение
11. Барање 14-701/1 1. Дали Македонската акадмија на науките и уметностите (МАНУ) има склучено поединечен колективен договор?
12. Барање 14-1429/1 1. Вкупен број на дневни центри расчленети по дијагноза, региони и/или општини, и статус јавен/или приватен? 2. Вкупен број на корисници на дневни центри расчленети по состојба на попреченост, пол, етничка припадност и деловна способност, и статус јавен и/или приватен дневен центар?
13. Барање 14-4340/1 1. Пополнување на прашалникот, во прилог на ова Барање, во однос на имплементацијата на Стратегијата за родова еднаквост 2022 – 2027 и Националниот акциски план 2022 - 2024. 2. Колку и кои ОДУ и ЕЛС доставиле годишни извештаи до МТСП за преземените активност и постигнатиот напредок за воспоставување еднакви можности за жените и мажите за 2023 година? Ве молиме доставените извештаи за 2023 година испратете ни ги како прилог кон одговорот на ова барање.
14. Барање 14-3113/1 Сите меморандуми за соработка склучени помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Хера https://hera.org.mk/, како и помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Коалиција Маргини http:coalition.org.mk/, во pdf формат.
15. Барање 14-3137/1 1. Ве молиме известете не колку самохрани родители (поединци кои не се во брачна или вонбрачна врска) посвоиле дете за периодот од 2018 година до сега? Дали постојат посебни услови за посвојување од страна на самохрани родители? Доколку да, кои се тие, испратете ни правилник или друг акт кој ја уредува оваа материја.
16. Барање 14-3194/1 1. Поединечно доделени средства преку Министерството за труд и социјална политика до крајните корисници од буџетска ставка 463- Трансфери до невладини организации, во 2023 г. (Табела 1).
17. Барање 14-3765/1 Решението издадено од страна на МТСП во врска со Барањето на А.Н. за спроведување на решението издадено од комисијата за жалби со бр. 2302-25/1 од 03.04.2024 година.
18. Барање 14-4036/1 ,,Дали постои акт на Министерството за труд и социјална политика со кој се определува висината на надоместокот за давање на туѓа помош и нега во домот на повредено лице на кое што му е потребна таква помош од страна на немедицинско лице додека трае лекувањето и рехабилитацијата (во смисла на чл.184 од Закон за облигациони односи)?”
19. Барање 14-3495/1 1.Koлку деца се запишани во градинки (државни и приватни) на територијата на општините Карпош и Ѓорче Петров?
20. Барање 14-3515/1 1.Дали министерството има процедура за примање и одговарање на пошта и доколку има да ни даде пристап до таа процедура?
21. Барање 14-3257/1 1. Листа на присутност и листа на записник од собранието на НСПВ СО Скопје – МЕСО доставено до МТСП на 29.05.2023 година со број 08-4083-1.
22. Барање 14-3258/1 Решението издадено од МТСП во врска со одлуката за истапување на НСПВ СО Скопје од членство во МЕСО со архивски број 08-4083/1 од 29.05.2023 година.
23. Барање 14-3259/1 Статут на НСПВ СО Скопје – МЕСО со ЕМБС 6098576 основан на 11.11.2021 година.
24. Барање 14-2523/1 Вкупен број на јавни службеници кои во 2023 година учествувале на обуки/ работилници за градење на нивната дигитална писменост со цел поефикасно извршување на службените задачи и опслужување на граѓаните, заедно со датум, наслов и организатор на обуките/ работилниците.
25. Барање 14-4311/1 1. Дали Министерството за труд и социјална политика наплаќа за одговарање на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно обезбедување на информации од јавен карактер?
26. Барање 14-2844/1 1. Бројот на посвоени деца од 2020 до 2023 година? Во 2023 година посвоени се 19 деца, Во 2022 година посвоени се 19 деца, Во 2021 година, посвоено е 21 дете, а Во 2020 година посвоени се 17 деца.
27. Барање 14-2934/1 1. Замолувам за информации за називи и за место на објавување на сите колективни договори (на ниво на гранка, оддел, дејност..) кои ја обврзуваат Стопанска Банка АД Скопје со ЕМБС 4065549 и со ЕДБ МК4030996116744?
28. Барање 14-2481/1 Ве молиме пратете ни број на приматели на социјална помош за секоја општина од 2015 до 2023 година. Прилог 1, Прилог 2, Прилог 3, Прилог 4, Прилог 5, Прилог 6, Прилог 7
29. Барање 14-4468/1 Податоци за корисници и кориснички на право на додаток за образование за 2021 и 2022 година за Град Скопје, Општина Шуто Оризари и општина Куманово. Податоци за корисници и кориснички на право на детски додаток за 2021 и 2022 година за Град Скопје, Општина Шуто Оризари и општина Куманово. Податоци за корисници и кориснички на гарантирана минимална помош за 2021 и 2022 година за Град Скопје, Општина Шуто Оризари и општина Куманово.
- Со овие податоци располагаат ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово.
30. Барање 14-4473/1 Дали има донесено Одлука по огласот 723/2023 односно информации како е завршена постапката? Одговор
31. Барање 14-4657/1 Назначените државни секретари во министерствата во период од 1991-2024 година - која политичка партија ја претставувале?
- Согласно со податоците со кои раполагаме, Ве известуваме дека во Министерство за социјална политика, демографија и млади, лица кои биле назначени за Државни секретари се следните: Ацо Јаневски ЛДП, Душко Миновски ВМРО, Марјанчо Тодоровски ВМРО, Муедин Кахвеџи ДПТ, Енвер Хусејин ДПТ, Елена Грозданова СДСМ, Јованка Тренчевска СДСМ, Ресми Ејупи ДУИ, Флакрон Беџети АА, Фатмир Сабриу Влен.
32. Барање 14-4962/1 Постапката за јавна набавка на изведувањето на градежни работи, измени во тек на градба за адаптација со пренамена на јужно крило на Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Дом за стари лица во општина Пробиштип бр. 00797/2024: - Одлука за јавна набавка; - Записник од отворање на понудите; - Записник од спроведениот технички дијалог; - Прстигнати понуди или пријави за учество (Образец на понуда-финансиска понуда); - Извештај за извршената евалуација; - Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка; - Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката; - Извештај од спроведената е-аукција; - Потпишан догоовр за јавна набавка или рамковната спогодба; и Записник со инструкции добиени од Бирото за јавни набавки доколку постапката за јавна набавка била предмет на управна контрола и сите документи поврзани со управната контрола. Прилог 1, Прилог 2, Прилог 3, Прилог 4, Прилог 5, Прилог 6.
33. Барање 14-5483/1 Молам да ми бидат доставени во електронска форма и заверен препис од следните одлуки на МТСП: -Одлука за утврдување на цените на социјалните услуги во домот и услугите за вон-семејна заштита за 2020 година заверена со бр.10-980/1 од 25.12.2019 година, - Одлука за утврдување на цените на социјалните услуги во домот, за дневен престој, за вон-семејна заштита и за стручна помош и поддршка за 2021 година заверена со бр.10-8020/1 од 17.12.2020 година. - Одговор, Прилог 1, прилог 2, прилог 3, прилог 4, прилог 5, прилог 6, прилог 7.
34. Барање 14-5800/1 Кои права и бенифиции им припаѓаат на децата и младите од самохрани и еднородителски семејства. Одговор
35. Барање 14-5784/1 Барам да ни ги доставите следните информации од јавен карактер за постапката за јавна набавка на Изградба на 6 (шест) пливачки базаени во Република Северна Македонија, спроведена од Агенцијата, со број 11353/2019 и тоа: 1. Дали имате склучени анекси на основните договори и доколку имате ве молиме доставете ни ги? 2. Од кога не се работи на изградбата на објектите - пливачки базени во Штип, Кичево и Битола? 3. Која е причината за стопирање на изградбата на базените во Штип, Кичево и Битола? 4. Доставете ни ги последните извештаи од надзорот над изградбата на базените во Штип, Кичево и Битола. 5. Колкав процент од изградбата е реализирана за секој поединечен базен во Штип, Кичево и Битола? 6. Колку е вкупно исплатено врз основа на овој договор на еномскиот оператор за секој поединечен базен во Штип, Кичево и Битола? 7. Какви мерки се преземаат за заштита од пропаѓање на досега изградените базени? Дали се планира и од кога продолжување на изградбата на базените во Штип, Кичево и Битола? Одговор: Министерството за социјална политика, демографија и млади не располага со податоци по однос на прашањата.
36. Барање 14-5785/1 1. Која служба во Министерството е надлежна за дозвола за Дом за стари лица, со медицинска нега. 2. Услови што треба да бидат исполнети за добовање дозвола 2. Каков внатрешен акт треба да имаат за да се види нивната внатрешна организација, особено финансискиот дел (врз основа на кои трошоци ја формираат цената за згрижувањее на штитеници). Прилог
37. Барање 14- 5900/ 1 Ако МТСП е институцијата надлежна: - за работните односи, вработувањето и вработеноста; - пензиско-инвалидското осигурување; - заштитата на работниците при работењето; - материјалното обезбедување на привремено невработените; - платите и животниот стандард; Прилог
38. Барање 14-5786/1 Листа на народни кујни со податоци ажурирани до 2024 година. Одговор
39. Барање 14-5954/1 Листа на советници и членови на кабинет на министерот за социјална политика, демографија и млади и месечно нето плата на сите лица поединечно. Одговор
40. Барање 14-6028/1 1. Колку парични средства на годишно ниво се одвојува за програмите на помош и поддршка на жртви на трговија (можни и формално потврдени), а кои се покриени од државниот буџет или со помош на грантови од државни структури, наменети за ГО кои работат со оваа проблематика на корисници? Одговор
41. Барање 14-6098/1 Колку општини аплицирале за проекти? Кои општини аплицирале за проекти? Одговор
42. Барање 14-6096/1 1. Дали постојат во Македонија социјални старски домови? 2. Кој се права од социјална помош му следуваат, и дали постои некој старски дом во кој би можел да се смести (без плаќање) и која е процедурата? 3. Ве молам да ни одговрите каде би можеле да го сместиме. Одговор
43. Барање 14-6230/1 - Може ли да ми ја испратите листата на сите градинки што се лиценцирани во Северна Македонија? - Дали само овие градинки имаат право да ја вршат својата дејност на територијата на Северна Македонија? - Што се случува со градинките кои функционираат, но не се лиценцирани? - Колку случаи на нелиценцирани градинки сте откриле во Северна Македонија во последните 10 години? Одговор
44. Барање 14-6360/1 Согласно информациите објавени во ел. Медиуми на ден 27.09.2024 год. Линк: https://lokalno.mk/nastavnichka-od-skopje-apelira-do-roditelite-decata-probuvaat-tiktok-predizvik-so-onesvestuvanje-opasna-igra-koja-mozhe-da-zavrshi-tragichno/ каде се пишува за масовна појава на обид за самоубиство или обид за убиство кај младите, како предизвик на ТикТок, барам од имателот на информацијата да ни каже, дали такви случаеви биле пријавени до Центрите за социјална работа од страна на ОУ, МОН или општина. Дотолку има, бараме да ни се достави листата на Центрите за социјална работа кои примиле такви дојави, број на дојави и периодот на дојави. Одговор
45. Барање 14-6395/1 1.Со која акт(Правилник) се регулира начинот и постапката за посета(работа) на децата со логопед во детските градинки во РСМ? 2. Дали во некој акт е регулирано по колку часа во месецот најмалку може и треба едно дете кое има проблеми со изговор на одредени букви да посетува логопед во детската градинка? Одговор
46. Барање 14-6445/1 1. Колкав е вкупниот број на жртви на семејно и родовобазирано насилство во 2022 / 2023 година? 2.Што се подразбира под терминот „жртва на семејно и родовобазирано насилство“? Дали е тоа бројот на пријави или бројот на пресуди во Кривичен суд? 3. Колку од пријавите за семејно насилство се направени од жени кон партнер или поранешен партнер (вонбрачен или брачен), а колкав е бројот на пријави од другите категории на семејни односи (браќа, сестри, родители - деца и сл.)? 4. Кој ги прави пријавите во случај кога децата се жртви на семејно насилство и дали децата имаат законско право да направат пријава дека се жртви на семејно насилство? Одговор
47. Барање 14-6601/1 Кои се редовни членови кои се асоцијативни членови, дали се одржани собранија и кога во последните 8 години, дали има некои извршени промени во здружение на работодавачи од сообраќајот и врските Одговор
48. Барање 14-6956/1 1. Можете ли да ни дадете информации колку жени се сместени во засолништата за жени жртви на семејно насилство за годините 2021, 2022, 2023 и до септември 2024 година врз основа на градовите каде има засолништа (Тетово, Охрид, Штип, Куманово, Велес, Свети Николе, Кавадарци, Прилеп, Битола, Скопје) како и врз основа на етничката припадност на жртвите. 2. Колку жртви се одобрени Привремени мерки за заштита во годините 2021, 2022, 2023 година и до септември 2024 година. Ве молиме споделете ги податоците врз основа на градовите каде што има засолништа (Тетово, Охрид, Штип, Куманово, Велес, Свети Николе, Кавадарци, Прилеп, Битола, Скопје). 3. На колку жртви им е одобрена еднократна парична помош во износ од 15.000 ден за годините 2021, 2022, 2023 и до септември 2024 година. Ве молиме наведете ги податоците според градовите каде што има засолништа (Тетово, Охрид , Штип , Куманово, Велес, Свети Николе, Кавадарци, Прилеп, Манастир, Скопје). Одговор
49. Барање 14-7194/1 1. Ве молиме доставете ни го Годишниот извештај за преземените активности и постигнатиот напредок во воспоставувањето еднакви можности на жените и мажите во Република Северна Македонија во 2023 година. Доколку Годишниот извештај за 2023 година е јавно објавен, ве молиме посочете ни каде истиот е достапен. Одговор
50. Барање 14-8046/1 1. Дали како институција водите статистика за различните форми на родово базирано насилство дефинирани во Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство? 2. Во наведениот период, колку новорегистрирани случаи на родово базирано и семејно? Одговор
51. Барање 14-8268/1 Ве молам да ми дадете информации за тоа колку е вкупната поделена сума за еднократна парична помош од 15000 ден за жртви на семејно насилство за годините 2021, 2022, 2023 и до септември 2024. Одговор