Младински Центри
Младинските центри се места каде што се подготвуваат и се спроведуваат програми што ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите. Согласно со Законот за младинско учество и младински политики, секоја општина има обврска да формира младински центар во рок од 5 години од денот на влегувањето во сила на законот.
Досега, согласно со одговорите добиени од општините, младински центри има во 8 општини (10% од сите општини), и тоа во следните општини: Гази Баба, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Охрид, Свети Николе, Центар, Чаир. Овде важно е да се напомене, дека само 3 од горенаведените општини ги исполнуваат стандардите за квалитет на младинските центри, усвоени од Агенцијата за млади и спорт, а тоа се Општините: Кавадарци, Куманово и Охрид.
Повеќе
Службеници за млади
Согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики и Заклучокот од 57 седница на Влада донесен на 23 март 2021, органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје се должни да одредат службеник за млади, лице одговорно за работењето на Канцеларијата за млади за координирање, спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата.
За остварување на правото на слободно организирање, како и полесен пристап до информациите кои се од интерес на младите, во Законот за младинско учество и младински политики е предвидено воспоставување на службеник за млади во сите органи на државна управа, како и во општините и општините во Градот Скопје и Градот Скопје.
Ова значи дека во секоја државна и локална институција, младите ќе ги пречекува „службеник за млади“ кој ќе им ги одговара прашањата од доменот на неговата институција, како на пример самовработувањето, програмите во министерствата и се што ги интересира, а досега немало кој подробно да им го објасни.
Службениците за млади изготвуваат годишни извештаи за работата на институциите во делокругот на млади кои ги поднесуваат до Агенцијата за млади и спорт и ги објавуваат на веб-страниците на органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.
Локални младински совети
Локален младински совет претставува тело на локалната самоуправа кое го сочинуваат млади претставници на различните форми на организирање во Општината, кое има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински интерес во локалната самоуправа.
Локалниот младински совет има свој/а претседател/ка и заменик-претседател/ка, кои го претставуваат Советот во Општината и се задолжени за одржување на комуникацијата со службеникот/чката за млади на локалната самоуправа.
Секоја општина е обврзана да формира Локален младински совет кој ќе работи на подобрување на животот и положбата на младите.
За повеќе информации во врска со локалните младински совети може да видите на линкот