Повици/Огласи 2021 година
24.02.2021
Повик за апликации зарегионални центри
за поддршка на развој на социјално претприемништво
Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, финансиран од ЕУ, спроведен од Конзорциумот Ептиса / Барка / Екорис во соработка со Министерството за труд и социјална политика објавува повик за учество во проектните активности за воспоставување на 8 регионални центри за поддршка на социјалните претпријатија.
Краен рок за доставување на Oбразецот за идентификација во електронска верзија на англиски јазик е до 12:00 часот, 5-ти март 2021 година на следната е-пошта: supsocent@eptisa.com
• Јавен повик АНГ, МКД, АЛБ
• Критериуми за избор АНГ, МКД, АЛБ
• Образец за идентификација АНГ
22.02.2021
Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, во рамки на проектот Унапредување на институционализацијата на РОБ преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија“ и врз основа на Договорот „помеѓу Министерството за труд и социјална политика и UN Women- Тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, на 21.11.2019 година бр. 17-8716/1 и соглансо член 23 став 2 од Законот за јавни набавки (Службен Весник на РМ бр. 24/2019) и процедурите на донаторот процедурите на донаторот за набавки /Procurement Guidelines:Micro-Purchasing Nov.2015(V.2.1), и согласно Одлука за јавна набавка бр. 17-1738/1 од 22.02.2021 година, со цел адаптација на деловен простор на приземје во Центар за обуки, има потреба од изведување на следните градежни работи
Предмет: Барање понуда
Финансиска понуда
Повеќе
01.02.2021
ПОВИК ЗА ТЕНДЕР
за
спроведување на Програмата „Советување и мотивација – Менторска поддршка за
активација (интеграција) на корисниците на ГМП на пазарот на трудот
Во рамки на проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот” финансиран од Европската Унија, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува Повик за прибирање понуди за спроведување на програмата „Советување и мотивација – Менторска поддршка за активација (интеграција) на корисниците на гарантирана минимална помош на пазарот на трудот“.
Повеќе
18.01.2021
Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна попреченост, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2021 година (Службен весник на Република Севрна Македонија бр.8/21) објавува јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.
Повеќе
Програма за рефундирање за 2021 година
Повици/Огласи 2020 година
21.12.2020
Врз основа на член 157 од Законот за социјалната заштита заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр 104/2019, 146/19 и 275/19) Комисијата за обезбедување на средства за социјални услуги од општините и другите даватели, формирана од министерот за труд и социјална политика, објавува
ЈАВЕН КОНКУРС
За доделување средства на здруженија и приватни даватели на социјални услуги, за давање на социјални услуги
МКД
АЛБ
23.11.2020
Врз основа на член 16 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри ("Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11, 51/11, У.бр. 53/11 132/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, У.бр.8/14, 61/15, 154/15, 23/16, 178/16 и У.бр.65/17), член 29 од Законот за инвалидски организации ("Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/2008; 59/2012 и 23/2013) и член 158 од Законот за социјална заштита(“Службен весник на Република Македонија” бр. 104/19, 146/19 и 257/19), Министерството за труд и социјална политика, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и за Црвениот крст на Република Северна Македонија
Повеќе
Јавен оглас
Врз основа на за Договорот за "Унапредување на институционализацијата на РОБ преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија" помеѓу Министерството за труд и социјална политика и UN Women- Тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, на 21.11.2019 година бр.17-8716/1, Министерството го распишува следниот Оглас за ангажирање на асистент на проект
Повеќе информации овде
Јавен оглас
Врз основа на за Договорот за „Унапредување на институционализацијата на РОБ преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија“ помеѓу Министерството за труд и социјална политика и UN Women- Тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените, на 21.11.2019 година бр. 17-8716/1, Министерството го распишува следниот:
Оглас за ангажирање на ескперти на проект
Оглас МКД
Оглас АЛБ
Јавен оглас
Во рамки на проектот Инклузија на децата Роми во предучилишно образование, Министерството за труд и социјална политика во партнерство со Ромскиот образовен фонд од Будимпешта објавува Јавен повик за доставување на понуди за набавка на смарт уреди/таблети за потребите на проектот.
Повеќе инфорамции овде
Во рамките на проектот „Креативни и едукативни активности за поддршка на деца во мали групни домови и поправни установи во период на самоизолација предизвикана од Ковид 19“ поддржан од УНИЦЕФ канцеларијата во Скопје, финансиран од УСАИД, кој го спроведува ХОПС, објавуваме:
Повик за ангажирање лица за поддршка на работењето на Јавната установа за згрижување деца – Служба за заедничко живеење на деца со нарушено поведение и на Јавната установа Детски дом 11 Октомври, Скопје
Повеќе