Основни информации

Мирно решавање на работните спорови 

Во текот на работниот век се среќаваме со различни непријатни ситуации, некои од нас како вработени, други како работодавачи. Секоја од страните смета дека има право. Влегуваме во работен спор со или без причина.

Без оглед на која страна сте, сега имате можност да дојдете до решение за вашиот спор по мирен, вонсудски пат, со помош на помирувaч, односно арбитер.

Искористете го полесниот, побрзиот и поисплатливиот начин за решавање на работните спорови!

Принципи и начела на кои се темели мирното решавање на работните спорови
ДОБРОВОЛНОСТ / НЕЗАВИСНОСТ / НЕУТРАЛНОСТ / НЕПРИСТРАСНОСТ / ЕДНАКВОСТ/БРЗИНА / ЕФИКАСНОСТ / ПРАВИЧНОСТ/ДОВЕРЛИВОСТ / БЕЗ ПРИСУСТВО НА ЈАВНОСТ
Повеќе
Дополнителни информации за мирно решавање на работни спорови

Информации за мирно решавање на работните спорови

 

КОЛЕКТИВНИ РАБОТНИ СПОРОВИ


Колективен работен спор се смета спор по повод склучување, измена, дополнување или примена наколективен договор, остварување на правата на синдикално организирање и штрајк.

Помирувач се смета лице кое дава помош на страните во колективниот спор со цел да склучат спогодба зарешавање на спорот.

Постапката за помирување на колективниот спор се води пред Одборот за помирување, кој го сочинуваатеднаков број на претставници од страните во спорот, и помирувачот, кој нема право на одлучување.

Помирувачот е должен да закаже расправа во рок од три дена од денот на приемот на предлогот и документацијата.

Претставниците на страните во спорот на расправата ги изнесуваат своите ставови и предлози.

Помирувачот има право и одвоено, надвор од расправата, да прибави информации и други податоци од претставниците настраните во спорот.

Одборот ја заклучува расправата во рок од 20 дена од денот на отворањето и донесува препорака за начинотна решавање на спорот.

Повеќе

Законски решенија за мирно решавање на работни спорови

Барања за мирно решавање на работни спорови 

Регистар на арбитри и помирувачи

Механизмот за мирно решавање на работните спорови е воспоставен со поддршка од Унапредување на социјалниот дијалог, проект што го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }