EU-OSHA е информативна агенција на Европската унија за безбедност и здравје при работа.  Со својата работа Европската агенција за БЗР (EU-OSHA) придонесува кон напорите европските работни места да е направат побезбедни, поздрави и попродуктивни. Таа континуирано промовира култура на превенција на ризикот заради подобрување на условите за работа во Европа.

Повеќе
Информации поврзани со работата на EU-OSHA

03.07.2023

Работа во услови на зголемена топлина (Водич/Упатства)-Нова публикација на Европската агенција за БЗР (EU-OSHA)

Работата во услови на високи температури претставува ризик како за работниците кои работат на отворено, така и за тие што работат во затворен простор во голем број на сектори и дејности. Сериозноста на влијанието на високите температури при работата може да зависи од повеќе фактори, како на пример од локацијата каде се извршува работата, но и исто така и од индивидуалните карактеристики како што се возраста, здравјето на работникот и претходно-постоечките медицински состојби и дијагнози, социо-економскиот статус, па дури и полот.   

Овој водич на Агенцијата (EU-OSHA) обезбедува практични совети и насоки за тоа на кој начин треба да се управува со ризиците на работните места поврзани со работа при зголемена топлина (при жештина), како и за тоа какви дејствија и мерки треба да се преземат доколку работникот почне да покажува знаци на сосотојби и/или болести предизвикани од изложеност на топлина.

Повеќе

(20.05.2022)

Влијанието на „долгиот Ковид“ врз вработените и работните места. „Долгиот Ковид“ („Long Covid“) може да има значително негативно влијание врз работниците и работните места. Тешкотии при дишењето, замор, главоболки и проблеми со меморијата и концентрацијата се симптоми кои можат да траат со недели, па дури и со месеци. Работодавачите се соочуваат со предизвици кога клучните работници имаат потешкотии целосно да се вратат на своите работни места поради симптомите на „долг Ковид“ и во таквите случаеви може да бидат потребни и одредени промени во однос на извршувањето на работата и работните аранжмани. Ваквите состојби ја наметнуваат потребата од превенција и управување со ризиците по безбедноста и здравјето при работа кои се јавуваат како резултат на „долгиот Ковид“.

Повеќе за оваа тема - во документот/извештајот на Европската агенција за БЗР (EU-OSHA) (линк)

(24.09.2021)

Новата Стратешка рамка на ЕУ за безбедност и здравје при работа 2021-2027 насловена како „Безбедност и здравје при работа во светот на работата кој се менува“ (EU strategic framework on health and safety at work 2021-2027 „Occupational safety and health in a changing world of work“). Стратегијата на ЕУ за БЗР ги утврдува клучните приоритети и активности за наредниот период (2021-2027) насочени кон унапредување на здравјето и безбедноста на работниците, земајќи ги при тоа во предвид брзите промени кои се случуваат во стопанството, демографијата и начините и модалитетите на работа.

Линк кон документот (ENG)(Европска комисија)

Линк кон документот (MKD)

(10.12.2020)

Европската комисија на 7 декември официјално го иницираше процесот на јавни консултации за Стратешката рамка на ЕУ за безбедност и здравје при работа 2021-2027 (EU Strategic Framework on Health and Safety at Work 2021-2027. Новиот стратешки документ во областа на БЗР за наредниот период ќе се надоврзе на претходната Стратешка рамка на ЕУ2014-2020 и ќе има за цел да задржи, но и  да ги унапреди високите стандарди за БЗР за работниците од Унијата, земајќи ги во предвид и новонастаните состојби и предизвици поврзани со глобалната COVID-19 криза.  Стратешката рамка ќе ги идентификува и ќе ги постави стратешките приоритети преку кои ќе се поттикне заедничката работа за постигнување на заедничките цели во оваа важна област. 

Рокот за доставување на мислења и инпути во врска со идната Стратешка рамка на ЕУ за БЗР (2021-2027), преку одговарање на прашалникот, е 1 март 2021 година.

Повеќе информации на следните линкови:
Линк 1 (EU-OSHA)  
Линк 2 (Европска комисија)   

(27.10.2020) 

Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) на својата web-страна информираше за доделувањето на наградите за компании со најдобра пракса за БЗР 2020 во Република Северна Македонија, кое се одржа на 20.10.2020 година, во рамки на одбележувањето на Европската недела за БЗР.   

(09.10.2020)  

12 октомври 2020 год. - Официјално отпочнување на Кампањата за Здрави работни места – Олеснете го товарот (EU-OSHA).

Повеќе

(29.7.2020) 
EU-OSHA го објави новиот Извештај поврзан со изложеност на биолошки агенси на работното место. Изложеноста на биолошки агенси на работното место може да се појави во многу сектори/дејности и е поврзана со голем број на здравствени проблеми, вклучувајќи ги тука заразните болести, алергиите, канцерот... Тоа може да биде превенирано доколку се превземат соодветни мерки.  

Пандемијата на COVID-19 дополнително ја истакна потребата од ефикасна заштита на вработените од изложување на биолошки агенси. 

 
 (1.7.2020)

Сите информации, материјали и документи со насоки и упатства од Европската агенција за БЗР поврзани со пандемијата на COVID-19 и работните места 

 

(26.6.2020)

Презентација на EU-OSHA во врска со „работата од дома“ и „теле-работа“ 

Во сегашната состојба на бројни ограничувања наметнати од пандемијата на COVID-19, голем број на работници се принудени да работат од дома како би го намалиле ризикот од инфицирање со вирусот.  Оваа „нова реалност“ од друга страна, има свое влијание врз физичкото и менталното здравје на работниците и овие опасности и штетности мораат да бидат земани во предвид и од страна на работодавачот, но и од самиот работник. Во тој контекст, многу е важно да се знае на кој начин работниците треба да се заштитат за време на работата од дома (теле-работата).

 

(2.6.2020)

Презентација на EU-OSHA во врска со Насоките на ЕУ за COVID-19 и враќањето назад на работните места (како да се адаптираат работните места и да се заштитат работниците).  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }