Основна цел на проектот е да се подобри квалитетот на услугите во администрирање на социјалното осигурување и да се зајакне регулаторната рамка за лицата со попреченост и опасни занимања. Проектот опфаќа реформски активности од кои се очекува значајни промени во постојниот систем на евиденција на социјалното осигурување, проценка на попреченост, вработување на лицата со попреченост и ревидирање на листата на работните места класифицирани како опасни занимања/работни места подобни за предвремено пензионирање. Како корисници на проектот идентификувани се сите социјално осигурени лица, работодавачи, пензионери, лица со попреченост, како и вработени во агенциите за социјално осигурување и даночни агенции.
Проектот вклучува две главни компоненти и пет под-компоненти, со дополнителна трета административна компонента која се однесува на управувањето со проектот.
Компонента 1: Подобрување на квалитетот на услугите за администрирање на социјалното осигурување
- Под-компонента 1.1 Воспоставување на единствен унифициран регистарски систем на социјални осигуреници (СУРС)
- Под-компонента 1.2 Подобрување и модернизација на деловните процеси во ПИОМ
Компонента 2: Јакнење на регулаторната рамка за лица со попреченост и за опасни занимања
- Под-компонента 2.1 Воспоставување на нов систем за проценка на попреченост и Централно координативно тело за утврдување инвалидност (CDCCU)
- Под-компонента 2.2 Реформа на системот за вработување на лица со попреченост
- Под-компонента 2.3 Ревидирање на листата на опасни занимања со бенефициран стаж
Компонента 3: Управување со проектот
Механизам за поставување прашања/коментари/поплаки
Доколку сте засегнати на некој начин од проектните активности и би сакале да доставите прашање, коментар, сугестија и/или поплака или пак да доставите повратна информација за одредена проектна активност, тоа може да го направите на следната е-маил адреса:
- info.siap@mtsp.gov.mk
Јавни повици/Огласи/Notices
Активни/Active
14.03.2025
Техничка и логистичка поддршка за организација на настан-конференција
11.12.2024
*** Реобјава
Техничка помош за следење на имплементација на развој на Софтвер за Централно координативно тело за проценка на лица со попреченост (CDCCU) и Регистар на лица со попреченост
11.12.2024
*** Реобјава
Техничка помош за следење на развојот и имплементацијата на софтверот за Регистар на задолжително социјално осигурување (SURS) и набавка на хардвер и подготовка на технички спецификации за прилагодување на софтверите на институциите поврзани со SURS
22.11.2024

21.11.2024
Покана за понуди –Развој на информациски систем за Регистар на задолжително социјално осигурување (SURS) и набавка на хардвер
19.11.2024
Техничка помош за следење на имплементација на развој на Софтвер за Централно координативно тело за проценка на лица со попреченост (CDCCU) и Регистар на лица со попреченост
Завршени
29.08.2024
Повик за понуди за Развој на Софтвер за Централно координативно тело за проценка на лица со попреченост (CDCCU) и Регистар на лица со попреченост, Реф. Бр. MK/SIAP # 2.1.3.2
21.08.2024
CONSULTANTS’ COMPANY DELIVERING SERVICES IN PILOTING OF DRAFT NATIONAL DISABILITY ASSESSMENT METHODOLOGY
24.11.2023
Реобјава – Локален консултант за развој на подзаконски акти во однос на Законот за системот за проценка на лицата со попреченост и друга релевантна законска рамка
09.11.2023
Локален консултант за развој на подзаконски акти во однос на Законот за системот за проценка на лицата со попреченост и друга релевантна законска рамка
16.08.2022
*** Реобјава
Локален консултант за развој на законодавна и регулаторна рамка на Агенцијата за единствен унифициран регистарски систем(реф.бр. MK/SIAP #1.1.11)
19.07.2022
*** Реобјава
Компанија за подготовка на национална методологија за проценка на попреченост - реф.бр. MK/SIAP #2.1.3.4
08.07.2022
*** Реобјава
Локален консултант за развој на законодавна и регулаторна рамка на Агенцијата за единствен унифициран регистарски систем(реф.бр. MK/SIAP #1.1.11)
22.06.2022
Локален консултант за развој на законодавна и регулаторна рамка на Агенцијата за единствен унифициран регистарски систем
01.07.2022
Компанија за подготовка на национална методологија за проценка на попреченост - реф.бр. MK/SIAP #2.1.3.4
25.02.2022
Индивидуален консултант за меѓународна техничка помош за дизајнирање на Националниот регистар на лица со попреченост
27.01.2022
Индивидуален консултант за меѓународна техничка помош за дизајнирање на Националниот регистар на лица со попреченост
Компанија за функционален преглед на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија и предлог за негова модернизација
05.02.2021
Преобјава
Компанија за подготовка на документи за воспоставување Централно координативно тело (единица) за утврдување инвалидност (CDCCU)
20.01.2021
Компанија за подготовка на документи за воспоставување Централно координативно тело (единица) за утврдување инвалидност (CDCCU)
11.01.2021
Дизајн на единствен унифициран регистарски систем/Design of Single Unified Registry System (SURS)
12.06.2020
Дизајн на единствен унифициран регистарски систем
10.12.2020
Локална компанија за подготовка на документи за воспоставување Централно координативно тело (единица) за утврдување инвалидност (CDCCU)
11.01.2021
Консолидација на податоците на ПИОМ во врска со придонесите на осигурените лица -М4 извештаи
Оглас реф.бр.MK/SIAP # 1.2.2.2Проектни задачи/TOR -MK/SIAP # 1.2.2.2
08.02.2021
International Consultants’ company for Revision of the list of hazardous occupations eligible for early retirement with extended service period (ESP)
REoI-ref.no.MK/SIAP # 2.3.1Проектни задачи/TOR -MK/SIAP # 2.3.1