Институции на пензискиот систем
Институционалната рамка на реформираниот пензиски систем ќе ја сочинуваат:
-
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фонд на ПИОСМ), во кој ќе се уплаќаат придонесите за првиот и вториот столб од пензискиот систем. 6% од вкупниот придонес на лицата кои задолжително се вклучени во вториот столб, Фондот на ПИОСМ ќе ги префрлува на сметките на приватните пензиски фондови.
-
Приватните пензиски фондови, кои претставуваат отворени инвестициски фондови и кои се состојат од средствата од придонесите на нивните членови и од приносите од инвестирањето на тие средства. Сопственици на приватните пензиски фондови се нивните членови (осигурениците од вториот столб).
-
Друштвата за управување со приватните пензиски фондови се оние правни лица кои ќе добијат дозвола да управуваат со приватните пензиски фондови. Тие се основаат и работат согласно Законот за трговски друштва и имаат единствена дејност – управување со пензиски фондови. Друштво за управување со пензиски фондови може да основаат само правни лица чиј капитал изнесува најмалку 20 милиони евра, имаат искуство од најмалку три години, имаат потврден бонитет и стручен менаџерски тим.
-
Чуварот на имотот на приватните пензиски фондови е институција која ги чува безбедно средствата на приватните пензиски фондови и која осигурува дека инвестициските договори поврзани со овие средства се во согласност со законите.
-
Агенцијата за супервизија на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување е државна институција основана со цел да врши супервизија на работењето на друштвата за управување со пензиски фондови и на пензиските фондови и да обезбеди заштита на интересите на членовите на пензиските фондови и поттикнување на развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.
-
Министерството за социјална политика, демографија и млади е креатор на политиката во областа на пензиското и инвалидското осигурување, во чиј состав е задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување и го надгледува работењето на институциите надлежни за спроведување на законите во оваа област.
Совет за следење на состојбите во пензискиот систем
Советот разгледува прашања поврзани со одржливоста на пензискиот систем, досегашната имплементација на реформата, подобрување на состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување, предлага мерки за oбезбедување на одржливост на пензискиот систем на долг рок, воведување на нови можности за инвестирање на средствата од втор и трет столб преку воведување на повеќе видови инвестициони портфолија усогласени според ризикот на инвестирање, итн.
Согласно Одлуката за формирање на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем („Сл.Весник на РМ“ бр. 76/2017 и „Сл.Весник на РСМ“ бр. 178/2021), Советот се состои од претседател и членови, и тоа:
а) претседател - министер за социјална политика, демографија и млади
б) членови:
- министер за финансии,
- заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,
- министер за економија,
- претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување,
- директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, и
- претседател на Управeн одбор на пензискo друштвo во Република Северна Македонија.
Врз основа на заклучоците на Советот се подготвуваат информации и предлог измени на закони кои се доставуваат на разгледување до други институции, Економско социјален совет и Владата на Република Северна Македонија.
Советот работи врз основа на Деловник.
Совет за социјална сигурност
Надлежности на Советот за социјална сигурност
Согласно став (2) на член 117-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 160/14), Советот за социјална сигурност ги има следниве надлежности:
1) ги следи, проучува и оценува влијанието на мерките на економската и социјалната политика врз социјалната положба на корисниците на пензија;
2) ги разгледува ефектите од имплементација на законите и проектите за пензионерите и предлага мерки и активности за подобрување на стандардот на корисниците на пензија до Владата на Република Македонија;
3) дава мислења по предлози на закони од областа на социјалното осигурување и социјалната заштита и
4) дава мислења и предлози на министерот за труд и социјална политика во врска со прашања утврдени со овој закон.
Главна цел за основање на Советот за социјална сигурност е заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија се основа Совет за социјална сигурност.
Членови на Советот за социјална сигурност
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 160/14), а со цел заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија се основа Совет за социјална сигурност.
Согласно став (1) на член 117-б од горенавдениот закон, членовите на Советот за социјална сигурност ги именува министерот за социјална политика, демографија и млади за време од четири години, и тоа три члена на предлог од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија и по еден член на предлог од останатите институции.
Во согласност со наведената одредба, за членови на Советот на социјална сигурност се именувани следните лица:
1. Фиданчо Стоев - Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија;
2. Стојанче Стефановски - Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија;
3. Менка Темелковска - Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија;
4. проф. д-р. Лазар Јовевски -Канцеларија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија;
5. Вера Бужаровска - Министерство за социјална политика, демографија и млади;
6. Ирена Рашовиќ-Министерство за финансии;
7. Дејан Николовски-Министерство за здравство;
8. Емилија Божиновска – Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија;
9. Амет Даути - Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија;
10. Весна Стојановска - КБ Прво пензиско друштво АД Скопје;
11. Снежана Станковиќ - Сава пензиско друштво а.д. Скопје;
12. Тихомир Петрески - Триглав Осигурување АД, Скопје;
13. Ментор Јакупи - Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС, и
14. Љупка Петковска - Црвен крст на Република Северна Македонија.
15.Вјолца Ејупи - Министерство за економија и труд
Членовите на Советот се именуваат за време од четири година.
Административно техничките работи на Советот за социјална сигурност ќе ги врши Семрана Камберова - виш соработник во секторот за пензиското и инвалидското осигурување при Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Советот работи врз основа на Деловник.
Услови под кои се остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување
Осигуреникот кај кого ќе настане општа неспособност за работа, како и осигуреникот со преостаната работна способност кој поради навршување на одредени години на живот не може со професионална рехабилитација да се оспособи за вршење на друга соодветна работа стекнува право на инвалидска пензија ако ги исполнува следните услови:
1) инвалидноста е причинета со повреда на работа или професионална болест -без оглед на должината на пензискиот стаж или
2) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или
3) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест доколку осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.
Повеќе
Податоци за состојбата на бројот на корисниците на пензија и просечно исплатена пензија за март 2025 година
Состојба на корисниците на пензија од исплатена пензија, по вид, по стекнато право и просечна пензија за март 2025 година
Вид на пензија |
Корисници по работно право |
Корисници по воено право |
Корисници по земјоделско право |
Вкупен број на корисници |
Семејна пензија |
74,050
|
416
|
29
|
74,495
|
Инвалидска пензија |
24,981
|
126 |
0 |
25,107
|
Старосна пензија |
245,404
|
179 |
5 |
245,588
|
Вкупно: |
344,435
|
721
|
34
|
345,190
|
Вид на пензија |
Просечна пензија |
Семејна пензија |
21,592
|
Инвалидска пензија |
23,722
|
Старосна пензија |
27,841
|
Земјоделска пензија |
15,932
|
Воена пензија |
34,929
|
Просечно исплатена пензија за месец март 2025 година |
26,216 |
Состојба на корисници на пензија по групи на исплати за март 2025 година
Износи во денари |
семејна пензија |
инвалидска пензија |
старосна пензија |
воена пензија |
земјоделска пензија |
вкупно |
структура
%
|
До 18.192 |
8550
|
3670
|
13553
|
1 |
34
|
25808
|
7.48
|
Од 18.193 до 21.909 |
42216
|
8941
|
71359
|
0 |
0 |
122516
|
35.49
|
од 21.910 до 27.500 |
14028
|
7198
|
59285
|
32 |
0 |
80543
|
23.33
|
од 27.501 до 43.739 |
8529
|
4719
|
79521
|
624
|
0 |
93393
|
27.06
|
од 43.740 до 62.481 |
638
|
422
|
18498
|
64
|
0 |
19622
|
5.68
|
над 62.482 |
89
|
31
|
3188
|
0 |
0 |
3308
|
0.96
|
Вкупно |
74050
|
24981
|
245404
|
721
|
34
|
345190
|
100 |
Извор: Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, https://www.piom.com.mk