Јагода Шахпаска e именувана за министерка за труд и социјална политика во Владата на Република Северна Македонија на 30 август 2020 година.
По професија е лекар – интернист. Специјализирала интерна медицина на Медицинскиот факултет на УКИМ во Скопје, 2003-2007 година. Дополнителна едукација за абдоминална ултрасонографија и за ехокардиографија посетувала на Универзитетот Св. Ѓорѓи-Пловдив, Република Бугарија, 2007 година.
Дипломирала на Медицинскиот факултет на УКИМ во Скопје 1982-1988 година, со просечен успех 9,53.
Во текот на својата професионална кариера Јагода Шахпаска работела како специјалист по интерна медицина во ЈЗУ Здравствен Дом Пехчево, 2007-2014 год. Била лекар од општа пракса во Итна медицинска помош во ЈЗУ Здравствен Дом - Пехчево, во периодот 1992-2003 година.
Претходно работела како републички здравствен и санитарен инспектор за Општина Делчево и Македонска Каменица, 1991-1992 година.
Својот професионален развој Јагода Шахпаска го надополнува со учество на меѓународни конгреси, а на дел од нив учествувала и со сопствени трудови, меѓу кои и:
-
Шахпаска Ј.,Симовска Н. Учество на респираторни инфекции во вкупниот морбидитет во општа ординација -16. Конгрес на Лекари на Македонија со меѓународно учество Охрид 2003 година.
-
Шахпаска Ј. Приказ на случај со Empyema pleurae - Втор конгрес на микробиолози на РМ со меѓународно учество, Охрид 2002 година.
-
Шахпаска Јагода - Сидеропенична анемија кај жени во пременопауза - 6ти Битолски медицински денови со меѓународно учество на тема: Анемии и други хематолошки заболувања, јуни 2000 година.
Учествувала на два меѓународни Конгреси на европски ендокринолози во Белград, во организација на ESE.
Јагода Шахпаска во периодот 2016-2020 е пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија.
Во текот на нејзината политичка кариера, особено како член на собраниските Комисии за здравство и за труд и социјална политика, таа даде значаен стручен придонес во унапредувањето на процесите во областа на здравствените и социјалните политики, но и во делот на унапредување на работничките права, родовата еднаквост, заштитата од секаков вид дискриминација.
Особена улога има во подготвувањето на законската регулатива за конечно решавање на проблемот со стечајните работници, а активно учествуваше во подготовката на социјалната реформа.
Значаен придонес имаше во процесот на усвојувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, позната како Истанбулска конвенција, во македонското Собрание.
Стручен придонес даде и во подготовката на Законот за прекин на бременоста, како и во подготовката на законската регулатива за спречување и заштита од дискриминација.
Во текот на својот пратенички мандат Јагода Шахпаска ги извршуваше и функциите:
-
Претседател на Комисија за здравство;
-
Член на Комисија за труд и социјална политика;
-
Член на Комисија за европски прашања;
-
Член на Комисија за надворешна политика;
-
Заменик Член на Комисија за Еднакви можности;
-
Шеф на Парламентарната група на Собрание на РСМ за соработка со Чешкиот Парламент;
-
Член на Делегацијата на ПС на ОБСЕ;
-
Член на Silk Road Group на ПС на ОБСЕ;
-
Член на Парламентарна група за соработка со Германскиот Бундестаг;
-
Член на Парламентарна група за соработка со Парламентот на НР Кина;
-
Член на Парламентарна група за соработка со Парламентот на Ирска;
-
Заменик претседател на ИППГ за Лица со посебни способности;
-
Член на ИППГ за правата на ЛГБТИ лица;
-
Член на ИППГ група за ХИВ-СИДА;
-
Член на Националниот Совет за Евроинтеграции;
-
Заменик член на Комисијата за европски прашања.
Во рамките на својата активност како пратеничка, Јагода Шахпаска учествуваше на:
-
Интернационалната конференција за оддржлив човеков развој, во организација на UN (ООН), Најроби – Кенија, ноември 2019;
-
Парламентарна работна средба за унапредување на правата на LGTBI лицата, Амстердам и Хаг, Холандија, март 2019 година;
-
Престој во Германскиот Бундестаг преку Гостинска Програма за пратеници од земји на Западен Балкан, јуни 2018 година;
-
Присуство на есенската сесија на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, на тема „Учество на лицата со попреченост во политичкиот живот“, 2017 година, Андора;
-
Европската конференција со пратеници за репродуктивни права, во организација на Центар за репродуктивни права, Крозет – Франција, септември 2017;
-
Regional meeting on investment approach (HIV epidemic), организиран од UNAIDS и WHO, Виена, Австрија 2016 година;
-
Студиска посета за одржливост на програмите за ХИВ за ранливи и клучни популации засегнати од ХИВ, 2015 година, Загреб и Риека, Хрватска;
Во периодот од 2009 до 2013 година Јагода Шахпаска беше член на Советот на Општина Берово, кога беше и координатор на советничката група на СДСМ.
Говори англиски јазик.
Јагода Шахпаска е родена на 18.03.1964 год., во с.Тепавци-Битола.
Во брак е со д-р Владо Шахпаски и има две ќерки Кристина и Николија.