29.09.2023
Тренчевска: Родовото одговорно буџетирање е моја мисија, долгогодишна посветена работа која верувам дека ќе направи разлика
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со своето обраќање го отвори состанокот на работната група за економско зајакнување на жените во Западен Балкан, која е во организација на UNDP и Friends of Europe. Целта на работната група е да ги идентификува предизвиците на жените во делот на подобро економско зајакнување во Западен Балкан. Овој е четврти по ред состанок е организиран во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
28.09.2023
Тренчевска: Со септемвриската плата давателите на услуги во социјалната заштита добиваат усогласени плати и зголемување за 10 отсто
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски денеска потпишаа Анекс за дополнување на колективен договор за социјална заштита со цел зголемување на платите на давателите на услуги во Центрите за социјална работа.
Повеќе
28.09.2023
Тренчевска: Онаму каде што имаме квота за жени има жени на функции, за разлика од онаму каде што е оставено на политичката волја
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на денешната панел дискусија: Дали жените и понатаму се недоволно застапени во политичкиот и јавниот живот?, се осврна на моменталната состојба во државата.
Повеќе
27.09.2023
Тренчевска: Продолжуваме со плодна соработка со Словенија во делот на безбедност и здравје при работа
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со државниот секретар од Министерството за труд, семејство, социјална работа и еднакви можности на Словенија, Дан Јуван. На средбата беше потпишан меморандум во делот на безбедни и здрави работни услови за работниците.
Повеќе
27.09.2023
Тренчевска: Работниците остануваат на прво место, а безбедноста и здравјето при работа број еден приоритет при креирањето на политики
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја отвори меѓународната тридневна конференција „Безбедност и здравје при работа без граници“, организирана од страна на 10 невладини експертски организации од 7 земји од Балканот и Министерството за труд и социјална политика во Република Северна Македонија.
Повеќе
27.09.2023
Преку услугата помош и нега во домот поквалитетен квалитет на живот за над 50 стари лица во Струга
Услугата помош и нега во домот ги дава посакуваните резултати и им го олеснува и подобрува квалитетот на животот на старите лица. Денеска во посета на Црвениот Крст Струга, кој ја спроведува услугата, помош и нега во домот, беше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска која истакна: „ Оваа услуга е дел од разновидните услуги како што се центри за дневен престој на стари лица, центри за дневен престој на лица и деца со попреченост, центар за рехабилитација и реинтеграција кои се достапни во 41 општини, а се воспоставени преку Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведуваме со поддршка на Светска банка. Горда сум што успеавме да постигнеме значајни резултати, но и да обезбедиме одржливост на услугите и дел од нив, како што е помош и нега во Струга се преземени во системот на централно финансирање со што е обезбеден континуитет и постојаност на социјалните услуги.“
Повеќе
26.09.2023
Тренчевска: Исклученоста од општеството, дискриминацијата, потиснувањето на капацитетите на еден поединец негативно влијае врз целокупниот систем
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учестуваше на панел дискусијата насловена: „Економската цена за исклучување врз основа на сексуалната ориентација, родовиот идентитет и изразување и половите карактеристики на пазарот на трудот во Република Северна Македонија“, организирана од страна на Светска Банка, каде што учествуваа и претставници од Делегацијата на ЕУ во земјава, како и граѓанскиот сектор.
Повеќе
25.09.2023
Хусејин: Протоколот за постапување со деца со дијабетес ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, учествуваше на настан по повод промоција на „Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училишта и детските градинки“ изработен од страна на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК со поддршка од Министерството за здравство и стручни лица од Клиниката за детски болести.
Повеќе
25.09.2023
Тренчевска: Соработката со граѓанскиот и приватниот сектор дава најдобри резултати од кои директна придобивка имаат граѓаните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес официјално го означи почетокот на работа на сензорната соба во склоп на Центарот за лица со интелектуална и телесна попреченост во Битола. Сензорната соба која е дел од дневниот центар има за цел да ја потпомага стимулацијата на сетилата за слух, вид, допир, мирис и воедно влијае на развојот на фината моторика. Опремувањето на собата е поддржано од страна на Невладината организација ДЕЦА од Австрија и Компанијата ИНТЕРВОКС кои заедно учествуваа во опремувањето.
Повеќе
25.09.2023
Фљакрон Беџети назначен за нов државен секретар во МТСП
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во рамки на своите законски надлежности, го назначи Фљакрон Беџети за нов државен секретар во Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
22.09.2023
Досегашните проекти со Светска Банка се покажаа со голем успех, продолжуваме со соработката за придобивка на граѓаните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Сара Кол-Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места во Светска банка, Бојана Нацева, виш специјалист за образование, Даниел Гароте Санчез, меѓународниот консултант за мобилност на трудот во Светската Банка и Цвета Перушеска – Јончевска Портфолио аналитичарка во Светска Банка.
Повеќе
22.09.2023
Донесени заклучоците од министерскиот состанок за унапредување на правата на Ромите
На четвртиот министерски состанок по ред кој се одржа по усвојувањето на „Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ“ - Познанска декларација беа донесени заклучоци за унапредување на тековната работа за интеграција на Ромите во следните полиња: образованието, вработувањето, домувањето, антициганизмот, дигиталната вклученост, граѓанската регистрација.
Повеќе
22.09.2023
Министрите од регионот цврсто решени во чекорите за унапредување на квалитетот на живот на Ромите
На четвртиот министерски состанок позитивните пракси од земјите претставнички ги истакнаа, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заменик министерката за здравство и социјална заштита во Албанија, Денада Сефери, министерот за човекови права и бегалци во Босна и Херцеговина, Севлид Хуртиќ, третата вицепремиерка за малцински прашања и Човечки права на Косово, Емилија Реџепи, министерот за човекови и малцински права во Црна Гора, Фатмир Ѓека и министерот за човекови и малцински права и социјален дијалог на Србија, Томислав Жигманов.
Повеќе
22.09.2023
Во тек е четвртиот по ред министерски состанок за унапредување на правата на Ромите
Домаќин на годишниот министерски состанок, четврти по ред по усвојувањето на „Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ“ - Познанска декларација е Република Северна Македонија. На состанокот добрите пракси од своите држави како и гледиштата за идните чекори ги истакнаа министри од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Повеќе
22.09.2023
Тренчевска за МРТВ 1: Ранливите категории на граѓани остануваат во фокусот на работата на Министерството, се грижиме за сите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во утринската програма на МРТВ 1, зборуваше за неколку актуелни теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
21.09.2023
Тренчевска: Најважниот резултат од Проектот ќе биде зајакнување на капацитетите на главните тела за човекови права во нашата држава
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање на настанот по повод промоција на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото “ ги истакна клучните сегменти кои преку овој проект ќе се опфатат, а се тесно поврзани со работата на министерството.
Повеќе
20.09.2023
Тренчевска: Преку системски решенија, овозможуваме достоинствен живот за пензионерите - антикризните мерки и повисоката минимална пензија го штитат животниот стандард на пензионерите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Владата на Република Северна Македонија се сретна со претставниците на координативното тело за протести на пензионерите.
Повеќе
20.09.2023
Тренчевска: Услугата помош и нега во домот достапна за 45 стари лица во Пласница
Услугата помош и нега во домот е достапна за 45 стари лица во општина Пласница. Услугата ја спроведува здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи – „Жртва“, кое заедно со општина Пласница добија грант за развој на оваа услуга во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги.
Повеќе
19.09.2023
Тренчевска: Кризите зад нас, потребите и ранливоста на граѓаните ни покажаа колку е важен системот на социјална заштита
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата насловена „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“, во организација на Институтот за социјална работа и социјална, Филозофски факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика како поддржувач и коорганизатор.
Повеќе
19.09.2023
Започна подготовката на Национален акциски план за правата на децата
Во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, се одржа прв состанок за подготовка на Националниот акциски план за правата на децата, дел од Компонента 4: Зајакнување на заштитата на основните права.
Повеќе
18.09.2023
Тренчевска: Услугата помош и нега во домот станува достапна за 40 стари лица од Пробиштип и Кратово
Новите услуги во рамки на социјалната реформа продолжуваат да стануваат достапни за граѓаните ширум земјата. Конкретно, услугата помош и нега во домот е достапна и за околу 40 корисници – жители на Пробиштип и Кратово. Оваа услуга е наменета за немоќни и изнемоштени лица над 65 години и значително им го олеснува секојдневниот живот, а истовремено значи и поддршка за нивните семејства.
Повеќе
15.09.2023
Отворен нов центар за дневен престој на деца со попреченост во Струмица
Од денеска во Струмица и официјално започнува да работи новиот Центар за дневен престој на деца со попреченост. Во центарот за децата со попреченост ќе се спроведуваат разновидни активности како и услуги со индивидуален третман. Услугите ќе ги спроведува здружението за поддршка во развојот и специјална едукација и рехабилитација на децата – Едупрактика која заедно со општина Струмица доби грант за развој на оваа услуга.
Повеќе
15.09.2023
Тренчевска: Цврсто ги поддржувам активностите кои придонесуваат кон правилен развој на децата
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во јавната детска градинка „Виножито“ во Струмица заедно со претседателот на здружение Раст, Александар Петровски преку активности го означија Реактивирањето на кампањата за подигнување на свесноста за растот кај децата како иницијатива на Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „РАСТ“ и Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
14.09.2023
Тренчевска: Наша цел е да овозможиме повеќе простор за развој и лично изразување на младите глуви и наглуви лица
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници од Младинското здружение на глуви и наглуви „Млад знак“ и асоцијацијата „Гласни раце“. На средбата се зборуваше за финансиското работење на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија, како и можностите за нови критериуми за распределување на буџетите со што ќе им се овозможат повеќе средства на младите за активности. Исто така беше разговарано и за значењето на толкувачите и ангажирање и обучување на нови согласно потребите на глувите лица.
Повеќе
13.09.2023
Тренчевска: Продолжуваме да работиме за подобра иднина на младите во нашата држава
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска потпиша меморандум за разбирање со Небојша Мојсоски, Раководителот на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности во Република Северна Македонија, потпишавме меморандум за разбирање помеѓу организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници и Министерството за труд и социјална политика. Воедно одржа средба со Кристофер Доџ ВД. Директорот на УСАИД на канцеларијата за економски развој.
Повеќе
12.09.2023
Тренчевска: Социјалните претпријатија ќе придонесат во креирање на нови работни места за ранливите групи
Пред Центарот на социјални претпријатија се одржа „Третиот саем на социјални претпријатија“ во Скопје. Со учество на околу 50-тина штандови се промовираа производи и услуги на социјални претпријатија од земјава, но и од Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.
Повеќе
12.09.2023
Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир и претставници од регионот се обратија на регионалниот форум: родова еднаквост во пристапувањето на Европската Унија.
Повеќе
12.09.2023
Тренчевска: Само со поголема меѓусекторска соработка и навремено изрекување на мерки ќе го превенираме фемицидот како најтежок акт на насилство врз жените
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата „Фемицид во Северна Македонија и Западниот Балкан – Меѓународни стандарди и практика на судовите – презентација на извештаи“. На конференцијата поздравно се обратија и Билјана Брејтвејт, програмската директорка за Западен Балкан, AIRE центар, Викторија Аврамовска - Мадиќ, заменик министерката за правда на Северна Македонија, Наташа Габер-Дамјановска, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, Ендрју Бранд, Раководителот на програмите во Британската Амбасада во Северна Македонија.
Повеќе
11.09.2023
Интеграцијата на Ромите – главен фокус на средбата помеѓу Тренчевска и Сарацин
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со германскиот специјален пратеник за Западен Балкан Мануел Сарацин и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер. На средбата се разговараше за заложбите на Владата и Министерството за труд и социјална политика во насока на унапредување на квалитетот на живот на Ромите во државата.
Повеќе
11.09.2023
Отворена нова подрачна канцеларија на Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, Кавадарци во Општина Росоман
Во Општина Росоман започна со работа новата подрачна канцеларија на Центарот за социјални работи, Кавадарци. По тој повод министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше во посета на Општина Росоман.
Повеќе
07.09.2023
Тренчевска: Општина Делчево добива нова градинка со капацитет за 130 деца, потпишан договорот за нејзина изградба
Во просториите на Општина Делчево, денес се потпиша Договор за изградба на нова детска градинка помеѓу Министерството за труд и социјална политика претставувано од министерката Јованка Тренчевска и Општина Делчево од страна на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и изведувачот кој е задолжен да ја изгради.
Повеќе
06.09.2023
Тренчевска од конференцијата на ОБСЕ: Поголемата вклученост на жените во политиката гарантира решавање на повеќе предизвици со кои се соочуваат жените
„Како Влада, посветено работиме на промовирање на родовата еднаквост во сите области. Затоа и еден од првите чекори што ги презедовме во 2017 година беше ратификацијата на Истанбулската конвенција. За да можеме да зборуваме за унапредување на статусот на жената во општеството, прво мора да ги извлечеме од деценискиот предизвик кој стои како главна бариера за нивниот успех, а тоа е насилството“, истакна Тренчевска во своето обраќање на конференцијата за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените.
Повеќе
06.09.2023
МТСП: Одржана првата конститутивна седница на работната група, ќе се носат социјални мерки и измени или нов закон за минималната пензија
Работната група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите денес ја одржа првата конститутивна седница.
Повеќе
05.09.2023
Тренчевска за МРТВ 1: Насочени сме кон добри политики и мерки кои ќе го задржат пензискиот систем стабилен
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше гостин во тема на денот на МРТВ 1, каде што зборуваше за актуелностите околу пензиите.
„Утре започнува со работа работната група која ќе работи на измени или ново законско решение за пензиско и инвалидско осигурување за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии. Ќе се разгледуваат сите пристигнати предлози од здруженија на пензионери, од иницијативни одбори на пензионери кои протестираат, партија на пензионери и други чинители,“ посочи Тренчевска.
Повеќе
05.09.2023
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2023 година.
Повеќе
04.09.2023
Старите лица од општина Босилово добија нов центар за дневен престој
Пензионерите и постарите лица кои живеат во општина Босилово за првпат добиваат Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот е лоциран во населеното место Турново и ќе може секојдневно да го посетуваат до 24 корисници, каде преку различен вид активности кои ќе се спроведуваат под надзор на стручни лица, добиваат можност за квалитетен, активен живот и социјализација.
Повеќе
04.09.2023
Официјално започна со работа првата градинка во Босилово, 55 деца ќе добијат предучилишно воспитание и образование
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев денеска го одбележаа официјалното отпочнување со работа на градинката „Среќни насмевки“ во Босилово.
Повеќе
01.09.2023
Тренчевска: Мојата генерација веќе 20 години е во чекална, затоа имаме должност кон младите нашата држава да стане дел од ЕУ
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва на отворената трибина „Ние сме Европа“ зборуваше за вредностите кои Владата на Република Северна Македонија ги носи преку мерки и политики, а го трасираат патот на државата кон Европската Унија.
Повеќе
01.09.2023
Тренчевска за КТВ: Сите барања на пензионерите ќе се дискутираат во работната група, нема да има пензија под прагот на сиромаштија
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостувањето на утринската емисија „Утро“ на КТВ - Кавадарци, зборуваше за актуелностите поврзани со пензиите. Таа истакна дека досега се реализирани средби со Сојузот на пензионери, со здруженијата низ градовите во државата, со претставници на иницијативните одбори на пензионерите кои протестираат и Партијата на пензионери.
Повеќе