28.09.2023

Тренчевска: Со септемвриската плата давателите на услуги во социјалната заштита добиваат усогласени плати и зголемување за 10 отсто

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  и Претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски денеска потпишаа Анекс за дополнување на колективен договор за социјална заштита со цел зголемување на платите на давателите на услуги во Центрите за социјална работа.

Со донесувањето на Законот за минимална плата, не беше усогласен Законот за социјална заштита, со што давателите на услуги во Центрите за социјална работа и во јавните установи за социјална заштита, не добиваа  усогласена  плата со минималната плата.

„Денеска со потпишување на Анексот на Колективниот договор, ја исправаме неправдата кон давателите на услуги во центрите и јавните установи за социјална заштита и со септемвриската плата тие ќе добијат зголемена плата за 3.426 денари во бруто износ или 2175 денари во нето износ. Дополнително на ова усогласување, со исплатата на септемвриската плата согласно Општиот колективен договор ќе  добијат и зголемување за 10 отсто“, истакна Тренчевска.

Претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски изрази огромно задоволство од иницијативата на Министерството за труд и социјална политика за усогласување и зголемување на платите на давателите на услуги во центрите за социјална работа и установите за социјална заштита.

„Нема поголемо задоволство од тоа кога ќе бидете во ситуација да потпишете нешто што значи зголемување на платата на одредени вработени, во случајот давателите  на услуги во социјалната заштита“, изјави Каранфиловски. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }