30.06.2023

Тренчевска: Социјалните права и услуги ги доближуваме до граѓаните, отворена нова подрачна канцеларија за социјални работи во Богданци  

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Општина Гевгелија, Васка Илиева официјално ја отворија подрачната канцеларија за социјални работи во Општина Богданци, која ќе функционира во состав на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Гевгелија.

Повеќе

29.06.2023

Тренчевска: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор
 
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со единаесетата седница на Економско социјалниот совет.

На седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, членови на претставници на синдикатите, членови на претставници на работодавачите и претставници на институциите.

Повеќе

29.06.2023

Тренчевска: Главните поддржувачи на младинските организации треба да бидат институциите на Владата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од настанот во организација на Националниот младински совет на Македонија кој беше организиран по повод одбележување на 10 години од нивното постоење. Министерката на настанот се обрати на панел дискусијата „Младински решенија за младинските предизвици“.

Повеќе

29.06.2023

Индексот на Родовата Еднаквост носи напредок во РСМ во однос на прашањето за родовата еднаквост

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска заедно со директорот на Државен завод за статистика на Република Северна Македонија, Апостол Симовски, Амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ами Ларсон Јаин, Раководителот на односи со јавност на Европскиот институт за родова еднаквост, Денис ван дер Веур и Националната координаторка на програмата за Родово одговорно буџетирање на UN Woman во Република Северна Македонија, Ивона Паунович Бишевац со нивните поздравни обраќања го отворија настанот каде беше промовиран Индексот на Родова Еднаквост во Северна Македонија (2022).

Повеќе

29.06.2023

Тренчевска: Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција, тоа се два различни закони кои третираат различна проблематика 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со дел од нејзиниот тим денеска оддржа Брифинг за новинари насловен „Вистинскиот концепт на Предлог Законот за родова еднаквост“. 

Повеќе

28.06.2023

Тренчевска–Дрекслер: Продолжува силната поддршка од секој аспект на патот до Европската Унија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер. На средбата беше истакната досегашната соработка на Министерството за труд и социјална политика со Германската Амбасада. Исто така беа дискутирани и моменталните случувања на територијата на државата во однос на предлог Законот за родова еднаквост и предлог Законот за матична евиденција.

Повеќе

27.06.2023

МТСП: Делегацијата на РСМ на размена на ставови во Стразбур во делот на антидискриминацијата

Претставници на Министерството за труд и социјална политика беа дел од делегацијата на Република Северна Македонија која присуствуваше на седмиот пленарен состанок на Управниот комитет за антидискриминација, диверзитет и инклузија во Стразбур.

Повеќе

27.06.2023

Хусејин: Наш приоритет е брза, ефикасна постапка за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин присуствуваше на средба на тема „Заедно до брзо решение на семејното насилство и насилството врз жените”, организирана од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност.

Повеќе

27.06.2023

МТСП: Во тек е етапната исплата на јунските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.06.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јуни. 

Повеќе

26.06.2023

Социјалното претприемништво, главна тема на средбата Хусејин-Червинска

Во рамки на билатерална посета на Република Северна Македонија на пратеничка група од Република Полска, заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеjин оствари средба со заменик министерката за семејство и социјална политика на Република Полска и владин претставник за социјална економија, Анита Червинска и Пиотр Висоцки, Заменик амбасадор и советник во Амбасадата на Република Полска. 

Повеќе

23.06.2023

Тренчевска: Регионалните соработки водат кон заеднички успеси од кои придобивка имаат сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по завршувањето на меѓународната конференција „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“, во Црна Гора, оствари две билатерални средби, со министерката за труд и социјална политика на Република Бугарија, Иванка Шалапатова и министерот  за човекови и малцински права и бегалци на Босна и Херцеговина, Севлид Хуртиќ.

Повеќе

23.06.2023

Тренчевска: Елиминирање на говорот на омраза и дискриминацијата се клучни во остварувањето на човековите права 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествува на меѓународната конференција „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“, во Црна Гора.

Повеќе

22.06.2023

Министерката Тренчевска отпатува на дводневна меѓународна конференција во Црна Гора 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска отпатува на дводневна посета во Црна Гора заради учество на меѓународната конференцијата „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“.

Повеќе

21.06.2023

Тренчевска: Младите се нашиот приоритет, а нивниот успех наша цел

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорката на Европска младинска фондација на Совет на Европа, Гордана Берјан, претставникот на Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија, Александру Албу, Координаторката на Клубот на младински прашања и политики на Собранието на Република Северна Македонија, Моника Зајкова, Координаторката на студиите по младинска работа, Филозофски факултет Скопје, Софија Арнаудова и Претседателката на грчката национална асоцијација на младински работници, Олга Кириакиду се обратија на панелот Перспективи за развој на младинската работа во Северна Македонија кој беше во рамки на панел дискусијата Младинската работа во Северна Македонија 2013-2023-2033: Ретроспектива и перспективи.

Повеќе

21.06.2023

Тренчевска: Усогласувањето на националното законодавство е важно за понатамошно втемелување на принципите на еднаквост и недискриминација во општеството

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир и Народниот правобранител, Насер Зибери присуствуваа на завршниот настан насловен „Ситуација и практики за справување со случаи на дискриминација – резултати и насоки за понатаму” како дел од ИПА проектот „ЕУ за човекови права: Воведување на концептите на не-дискриминација во законодавството“. 

Повеќе

19.06.2023

Тренчевска: Домот за стари лица д-р Иван Влашки доби нова кујна, а во тек се и градежни активности на објект за нови 28 лица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и директорката на Домот за стари лица д-р Иван Влашки, Живка Бојчовска денеска го најавија отворањето на новата кујна за потребите на домот.

Повеќе

16.06.2023

Тренчевска: Република Северна Македонија е пример за земјите во регионот во однос на борбата со трговија со луѓе

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со ново избраната генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Ејми Е. Поуп, која е првата жена директорка на ИОМ.

Повеќе

14.06.2023

Хусејин: Министерството секогаш ќе биде партнер на граѓаните со цел креирање на мерки за квалитетно живеење  

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на завршниот настан на кој се презентираа резултатите на Проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“, организиран од Факултетот за земјоделски науки и храна–Скопје, а поддржан од UN Women.

Повеќе

13.06.2023

Тренчевска: Социјалниот дијалог е моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се обрати на 111-та сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, Швајцарија, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија.

Повеќе

13.06.2023

Хусејин: Наша највисока цел останува спроведување на највисоките стандарди за ефикасна заштита на жртвите на родово базирано насилство

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин имаше воведно обраќање на Завршната конференција на регионалната програма за ставање крај на насилството врз жените „Имплементирање на норми, менување на ставови”, во организација на UN Women.

Повеќе

12.06.2023

Министерката Тренчевска учествува на Меѓународната конференција на трудот во Женева 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска отпатува за Женева, Швајцарија, каде што учествува на 111-тата Меѓународна конференција на трудот, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија.

Повеќе

08.06.2023

Тренчевска: Системот за социјална заштита обезбедува поддршка за бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на научно-стручната расправа за научно-истражувачката студија која ја изготви истражувачки тим во рамки на проектот „Патеки на бездомните лица: пред и за време на бездомништвото“. Научно-стручната расправа е  во организација на Факултетот за безбедност – Скопје. 

Повеќе

07.06.2023

Продолжува социјалниот дијалог на Економско социјалниот совет

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со десеттата седница на Економско социјалниот совет.

Повеќе

06.06.2023

Тренчевска: Граѓаните за нас се на прво место, затоа чекориме по патот кој води кон унапредување на квалитетот на живот на сите 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше гостин во емисијата „Во живо“ на МРТ. Тема на разговор беше билатералниот скрининг за Поглавје 19, новиот Закон за работни односи и новиот предлог Закон за родова еднаквост.

Повеќе

06.06.2023

Тренчевска: Децата и младите остануваат наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата „Зајакнување на отпорноста кон организираниот криминал и корупција меѓу младите во Југоисточна Европа“. 

Повеќе

06.06.2023

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2023 година.

Повеќе

05.06.2023

Родово еднакво општество услов за остварување на нашите соништа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Претседателката на Македонската асоцијација за е-трговија, Нина Ангеловска и младинската активистка, Сара Миленковска ја водеа дискусијата со младите кои беа присутни на настанот „Родово еднакво општество услов за остварување на нашите соништа“ кој беше во организација на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

02.06.2023

Спроведени обуки за обучувачи родово базирано насилство врз жените и семејното насилство 

Министерството за труд и социјална политика во соработка со UNFPA во Република Северна Македонија и финансиска поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство спроведе обука на обучувачи за првата база на обучувачи за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство и мулти-секторско постапување и соработка. Обуката беше спроведена во два модули. 

Повеќе

01.06.2023

МТСП: Јавна дебата за новиот предлог Закон за родова еднаквост во Струмица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска организираше јавна расправа за Законот за родова еднаквост во Струмица каде беа поканети сите релевантни чинители, претставници од општината и граѓанските организации како и граѓани на Струмица. Со оваа јавна дебата министерката уште еднаш покажа дека транспарентноста на носењето на закони на Министерството за труд и социјална политика секогаш е на прво место.

Повеќе

01.06.2023

Тренчевска: Што е можно повеќе детски насмевки преку успешни социјални реформи и спроведени акции

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го отвори настанот  „За повеќе детски насмевки“ кој што има за цел промоција на згрижувачки семејства. На настанот се обратија и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадиновски и националната директорка на СОС Детско село – Македонија Г-ѓа Јулијана Гапо.

Повеќе

01.06.2023

Хусејин: МТСП продолжува да работи на унапредување, развивање, јакнење и поддршка на згрижувачките семејства 

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин се обрати на настанот „Семеен пикник”, организиран по повод 1 Јуни-Денот на згрижувачките семејства. 

Повеќе

01.06.2023

Хусејин: Министерството за труд и социјална политика ќе даде целосна поддршка на сите проекти кои допринесуваат за интеграција на Ромската заедница во општествените текови

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на настанот организиран по повод отпочнување на проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ”. Истиот е организиран од невладината организација „СОНЦЕ".

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }