06.09.2023

Тренчевска од конференцијата на ОБСЕ: Поголемата вклученост на жените во политиката гарантира решавање на повеќе предизвици со кои се соочуваат жените

„Како Влада, посветено работиме на промовирање на родовата еднаквост во сите области. Затоа и еден од првите чекори што ги презедовме во 2017 година беше ратификацијата на Истанбулската конвенција. За да можеме да зборуваме за унапредување на статусот на жената во општеството, прво мора да ги извлечеме од деценискиот предизвик кој стои како главна бариера за нивниот успех, а тоа е насилството“, истакна Тренчевска во своето обраќање на конференцијата за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на третата работна сесија  „Политичко учество на жените/родова еднаквост во политички живот“ која беше дел од конференцијата на ОБСЕ за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените.

Тренчевска во своето обраќање зборуваше за Законските регулативи кои го гарантираат унапредувањето на родовата еднаквост, со фокус на Истанбулската конвенција и Законот за спречување на насилството врз жените и девојчињата од 2021 година.„Со новиот Закон за спречување насилство врз жени и девојчиња од 2021 година, ги обврзуваме институциите да преземат соодветни мерки во случај на каков било чин на насилство. Институциите се клучни точки во кругот што ги извлекуваат жртвите од насилство и тие продолжуваат со својата постојана работа за да може секоја од нив беспрекорно да се интегрира во општеството, да чекори по патот на успехот и да придонесе за успехот на друга жртва“, рече Тренчевска.

Таа истакна дека работата на ова прашање и на подигање на свеста за насилството кај жените е од исклучителна важност, меѓутоа посочувајќи на тоа дека никоја законска регулатива нема да ги мапира точно предизвиците на жените доколку не се и жените вклучени во носење на истата.

„Во моментот, 5 жени се министерки на централни позиции во процесите на одлучување, а 3 се заменик-министерки. Има 49 пратенички, поголем број директорки – жени кои со својот придонес во општеството ја претставуваат силата, гласот и вербата на многу жени дека соништата можат да се остварат, а одлуките може и треба да ги носат жените. Овие бројки се охрабрувачки во одредени области, но сè уште се многу ниски во други. Сепак, патот до политичкиот живот за жените и мажите е сè уште поинаков, тоа можеме да забележиме на локално ниво од каде започнуваат вистинските промени“, рече министерката.

Тренчевска својот говор го заврши истакнувајќи дека жените во политиката означуваат сигурност и ветување дека потребите на секоја жена нема да бидат оставени во сенка, туку ќе бидат ставени на дневен ред на масата за одлучување.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }