19.09.2023

Започна подготовката на Национален акциски план за правата на децата

Во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, се одржа прв состанок за подготовка на Националниот акциски план за правата на децата, дел од Компонента 4: Зајакнување на заштитата на основните права. 

Потребата од подготовка на Национален акциски план произлезе од фактот што во сила се неколку различни акциски планови кои во различни сегменти ги опфаќаат правата на децата, но потребна е нивна концентација во еден единствен документ кој ќе биде основа за унапредување на правата на децата. 

Претставници на Министерството за труд и социјална политика учествуваa на состанокот заедно со претставници од Министерството за правда, Министерството за образование и наука, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Државен завод за статистика, Народен Правобранител, Завод за социјални дејности, УНИЦЕФ и претставник на Прва детска амбасада во светот Меѓаши.

Како дел од процесот за подготовка на Националниот акциски план  за правата на децата одржана е средба со лица од различни институции кои се во секојдневен директен контакт со децата и ќе биде одржана работилница со децата на која истите ќе ги споделат своите размислувања, потреби и препораки во однос на Националниот акциски план.

Една од активностите во Националниот акциски план за правата на децата е формирање на Национално тело за мониторинг и известување за правата на децата.

Партиципативниот метод на работа на овој состанок придонесе кон координација и размена на искуства од сите различни институции и идентификување на бројни предизвици и препораки за формирање на Национално тело за мониторинг и известување за правата на децата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }