30.10.2023

Тренчевска: Преку соработка со повеќе граѓански организации овозможуваме еднакви можности за различни целни групи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна претставничките на Здружението „Иницијатива за жени на Шуто Оризари“. На средбата се разговараше за воспоставување на поголема соработка на релевантните институции вклучително и Министерството за труд и социјална политика со цел унапредување на правата на жените Ромки. 

Повеќе

28.10.2023

Тренчевска: Продолжувањето на соработката меѓу двете земји останува на младите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше на средба со Валијата на Град Маниса, Енвер Унлу. На средбата се разговараше за важноста од поврзаноста на регионите и за пријателските односи помеѓу земјите.

Повеќе

28.10.2023

МТСП: Тренчевска дел од делегацијата на свечената манифестација за 100 години модерна Турција

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше дел од свечената делегација предводена од страна на градоначалникот на Тургутул, Четин Акин во чест на одбележувањето на 100 години модерна Турција.Тренчевска го искажа своето задоволство за присуството на важниот настан за Турција и посочи дека за неа претставува особена чест да биде дел од свеченоста за 100 години модерна Турција. 

Повеќе

27.10.2023

Тренчевска: Меѓусекторската соработка секогаш носи поголем успех во исполнување на целите за подобар квалитет на живот 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со новиот министер за транспорт и инфраструктура во Туркије, Абдулкадир Уралоглу. Тренчевска на почетокот на средбата на новиот министер, Уралоглу му посака успешна работа и го покажа своето уверување дека министерот ќе придонесе кон поголем развој на регионот. 

Повеќе

27.10.2023

МТСП: Тренчевска на средба со Валијата на Измир

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Валијата на Измир, Сулејман Елбан. На средбата беше истакната активноста на македонскиот народ во Туркије и нивните секојдневни заложби за активности во насока на негување на македонската култура. Валијата Елбан на средбата истакна дека силно ги поддржува Македонците во нивните активности.

Повеќе

27.10.2023

Делегацијата на РСМ во посета на македонските здруженија во Измир

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со иселениците во град Измир. Заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски и градоначалникот на Градско, Киро Нацков, заменик министерот за култура, Даим Лучи и државната секретарка на Министерството за образование и наука, Билјана Казанџиска и Конзулот на Република Северна Македонија во Анкара, Илијаз Ферах утрото го поминаа заедно со Македонците во Измир. За време на посетата беше искажана поддршката од страна на делегацијата за функционирањето на здруженијата на Македонци во Измир.

Повеќе

25.10.2023

МТСП: Инвестирани 4.275.256 денари од буџетот на МТСП за дневен центар во Општина Чашка

Министерството за труд и социјална политика денес согласно програмата на Владата на РСМ за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година отвори нов Дневен центар за лица со попреченост во Општина Чашка. 

Повеќе

25.10.2023

Тренчевска: Наградите за БЗР, се одличен пример, патоказ и инспирација и за останатите компании во државата да го следат патот на безбедни работни места

По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика и Советот за безбедност и здравје при работа, во партнерство со Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, организираа настан за одбележување на оваа недела  и за обележување на заедничкиот придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места.

Повеќе

25.10.2023

Тренчевска: Мојата главна грижа е фондот да биде стабилен, целта е секој пензионер да ја добие пензијата навремено и редовно

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес на утринската емисија на телевизија Алфа зборуваше за покачувањето на пензиите согласно новата методологија за раст на пензиите и за финансиската поддршка од изминатиот период за најранливата категорија на пензионери.

Повеќе

24.10.2023

Тренчевска: Човековите права не важат само за одредена група на граѓани, туку за секој еден без исклучок

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од панел дискусијата „Справувањето со дискриминацијата како двигател за развој“ која беше дел од годишната конференција на Обединетите нации за 2023 година „Слобода, еднаквост и правда за сите“. 

Повеќе

20.10.2023

Тренчевска: Со UNFPA броиме 5 години успешна соработка, продолжуваме да чекориме заедно и во иднина

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со извршната директорка на UNFPA, Диен Кеита. На средбата се разговараше за прашањето за родовата еднаквост со особен акцент на анти-родовите движења кои се особено актуелни во регионот во изминатиот период. 

Повеќе

19.10.2023

Надградена базата на професионалци коишто ќе работат во советувалиштата за психо-социјален третман

Во изминатиот период Министерството за труд и социјална политика заедно со Канцеларијата на УНФПА и Британската Амбасада го реализира проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Северна Македонија“. Една од активности што се реализираше е обуката за психо-социјален третман за сторители на семејно насилство, која се состои од 4 модули. Со оваа активност беа опфатени 16 лица од Центрите за социјална работа, од МТСП и од граѓанскиот сектор.

Повеќе

19.10.2023

Тренчевска: Преку силно застапување за подобар пристап до информации до поголема родова еднаквост и телесна автономија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата на Република Северна Македонија во Женева, денес се обрати на Регионалната конференција „Население и развој: Гарантирање на права и изборот“, во организација на UNECE/UNFPA. На конференцијата беа истакнати точките на напредок во имплементацијата на Програмата за акција од Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година. 

Повеќе

19.10.2023

Хусејин: Родовото одговорно буџетирање не е изолиран процес, туку е дел од интеграцијата на родовата перспектива во сите политики 

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин имаше воведно обраќање на Регионалниот форум за Родово Одговорно Буџетирање, завршен настан во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост".

Повеќе

17.10.2023

Тренчевска: „Црвен Крст“ – наши верни партнери во грижата и хуманоста

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од говорниците кои ја отворија промоцијата на Развојната рамка на Црвен крст на РСМ “Трансформација – 28”. Воедно Тренчевска беше дел и од панел дискусијата “Градење на здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици”.

Повеќе

16.10.2023

Тренчевска: Поддршката на лицата со попреченост се гледа во реализирање на активности кои го унапредуваат нивниот квалитет на живот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Сабина Грубенсон, генерален секретар на „Лоза“ Фондацијата и Пер Рилов, претседател на управниот одбор на фондацијата „Лоза“. На средбата се разговараше за идни проекти кои можат да се реализираат во соработка на Министерството за труд и социјална политика и фондацијата. 

Повеќе

16.10.2023

Тренчевска: Внуците од моите сестри се моето богатство 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава на утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 Телевизија зборуваше за семејството, нејзините омилени моменти од мандатот во Министерството за труд и социјална политика како и за предизвиците со кои се соочуваат целните групи со кои работи министерството.

Повеќе

13.10.2023

Започнаа „Walk and Talk“ настаните – ја подигнуваме свеста за менталното здравје

Настаните „Walk and Talk“ организирани под иницијатива на Министерството за труд и социјална политика со поддршката на УНИЦЕФ, а во соработка со Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи имаат за цел подигнување на свеста за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства.

Повеќе

12.10.2023

МТСП: Протестите треба да бидат пред институциите кои се надлежни за барањата на градоначалникот Костовски 

Согласно изјавата пред медиумите од страна на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во однос на вработувањата во ЈОУДГ „11 Октомври“-Бутел известуваме дека Министерството за труд и социјална политика, навремено и одговорно ги има извршено обврските за поднесување на барањата за вработување во градинката.  

Повеќе

10.10.2023

Тренчевска: Продолжуваме со работа која значи унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост

По извршениот увид на Комитетот на Совет на Европа за превенција од тортура и нехумано или понижувачко постапување или казнување на институциите кои работат со згрижување на пица со интелектуална попреченост и нарушување на психичката состојба, беше презентиран прелиминарниот извештај пред Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Повеќе

10.10.2023

Тренчевска: Протоколот за постапување со деца со дијабетес ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование

Во Јавната установа „Раде Јовчевски Корчагин“–објект Пепелашка во Скопје денес беше промовиран „Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки“. На настанот присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија-БАЛАНС МК, Наташа Д. Димитревска, вработени од областа на детската заштита и здравство.

Повеќе

19.10.2023

Тренчевска – Бузу: Соработката помеѓу двете земји само може да придонесе кон повеќе можности за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Женева оствари билатерална средба со Министерот за труд и социјална заштита на Молдавија, Алексеи Бузу. На средбата беше разговарано за Европскиот пат кој претстои пред двете земји до комплетна евроинтеграција.

Повеќе

06.10.2023

Тренчевска: Препораките од тимот експерти на МОТ ќе придонесат за унапредување на процесите во државата во областа на трудот 

Економско-социјалниот совет денес ја оддржа 14-тата седница, на која покрај претставници на членовите на ЕСС, редовно присуствуваат и претставници на нерепрезентативните синдикати.

Оваа седница имаше за цел презентација на препораките и заклучоците на тимот експерти од Мисијата за директен контакт на Меѓународната организација на трудот (МОТ), по анализирањето на примената на Конвенцијата за правото на организирање и колективно договарање, 1949 г. (бр. 98) во Република Северна Македонија.

Повеќе

05.10.2023

Тренчевска: И момчињата и девојчињата треба да ги уживаат човековите права на иста основа без дискриминација

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше дел од панел дискусијата „Стратешко планирање за храбра иднина за телесната автономија на жените и на девојчињата во регионот“ како дел од конференцијата „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња“. 

Повеќе

05.10.2023

Тренчевска: Заедно со UNFPA ги таргетираме предизвиците со кои се соочува нашата држава и заедно креираме решенија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Флоренс Бауер, Регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. На средбата се разговараше за соработката на Министерството за труд и социјална политика и УНФПА во делот на застапувањето на човековите права. Особен фокус беше ставен на денешната регионална Конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња” која се одржа во Скопје и конференцијата која за 10 дена ќе се одржи во Женева и ќе претставува дел од мозаикот на дискусиите кои имаат за цел да придонесат во поголемото почитување на човековите права. 

Повеќе

05.10.2023

Тренчевска: Кога анти-родовите движења земаат најголем замав, поддршката од меѓународните организации ни е најважна

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Елиса Фернандез, Заменик-регионалната директорка на регионалната канцеларија на UN Woman за Европа и Централна Азија. На состанокот беше присутна и раководителката на Канцеларијата на UN Women – Скопје, Весна Ивановиќ Кастаред. 

Повеќе

05.10.2023

Работилница за активирање на приматели на гарантирана минимална помош/минимален приход 

На 5 и 6 октомври 2023 година во Скопје се одржува работилница за активирање на приматели на гарантирана минимална помош/минимален приход на која предвидено е да се разменат искуства и добри практики помеѓу Северна Македонија и Австрија, како и предизвици поврзани со активните мерки за вработување и инструменти за ранливи групи и лица приматели на гарантирана минимална помош со цел нивна активација на пазарот на труд.

Повеќе

05.10.2023

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2023 година.

Повеќе

05.10.2023

Тренчевска: Владата раководена од луѓе кои поддржуваат еднаквост и недискриминација, го гарантира правото на слободен избор на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од воведните излагања на регионалната Конференција на високо ниво „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња” каде домаќин е Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија, во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Повеќе

04.10.2023

Тренчевска за ТВ Стар: Оваа Влада се грижи за пензионерите, повторно ќе донесеме пакет мерки за пензионерите со ниски пензии

„Во 2022 ја донесовме методологијата која сите пензионери ја поздравија и рекоа „да, тоа е систем кој носи до поголеми пензии. Секоја година се усогласува со 50 отсто од трошоци за живот и 50 отсто од порастот на просечната плата. Усогласувањата во март и септември се речиси 14 отсто,“ истакна Тренчевска во емисијата „Што мисли Народот“ на ТВ Стар.

Повеќе

03.10.2023

Тренчевска: Родовата еднаквост може само да придонесе кон еднаквите можности на мажите и жените во сите општествени сфери

Тренчевска на Топ Тема во однос на предлог Законот за родова еднаквост истакна дека јавна расправа по креирањето на финалната верзија на текстот секако дека ќе има. Министерството останува да биде транспарентна институција која ќе креира закони кои ќе одговараат на сите во општеството со особен фокус на ранливите категории на граѓани.

Повеќе

03.10.2023

Тренчевска: Најголем дел на неактивно население се жените, затоа продолжуваме да се залагаме за нивна поголема активација на пазарот на труд

„Во Родовиот индекс кој што го промовиравме од неодамна и публикацијата „Жените и мажите“  бројките покажуваат дека најголем дел од неактивно население се жените. Тоа ја оневозможува државата да го искористи целосниот потенцијал на жените и максимално да го искористи човечкиот капитал во државата. Неактивноста на жените е 55,1%, за разлика од мажите кој изнесува процентуално 32,8%, додека родовиот јаз помеѓу мажите и жените на пазарот на труд е 20,3%. Причините ќе ги бараме во стереотипите, предрасудите и грижата на жените за домот и семејството, особено тоа е случај во руралните средини “ рече Тренчевска на Топ тема на Телма Телевизија.

Повеќе

03.10.2023

Тренчевска по повод Детска недела: Сите деца имаат еднакви права и на сите деца треба да им се обезбеди поддршка и еднакви можности за правилен раст и развој 

По повод одбележување на Детската недела, Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ја посетија Јавната установа  „13 Ноември“, објект „Парк“.

Повеќе

02.10.2023

Тренчевска: Никогаш во историјата на државата немало раст на пензиите за 24 отсто за околу година и половина

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24, зборуваше на тема пензии и нивни раст согласно новата методологија.

Повеќе

02.10.2023

Тренчевска: Унапредувањето на заштитата на ранливата категорија на граѓани е наша должност

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со меѓународните консултанти, Џон Имс (судија од Обединетото Кралство) и Виктор Захариа (претседател на Одборот за правна помош во Молдавија) и претставници од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. На состанокот пред министерката беше презентиран предлогот за воспоставување на – Единствено тело за управување со системот на бесплатна правна помош во Република Северна Македонија.

Повеќе

02.10.2023

На ЕСС презентиран Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори 

На денешната седница на Економско-социјалниот совет со кој претседава министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се дискутираше за Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори.

Повеќе

02.10.2023

МТСП: Во тек е редовната исплата на пензиите, зголемена за 5.3% 

Министерство за труд и социјална политика ги известува пензионерите дека во тек е редовната исплата на пензиите, која овој месец  е зголемена за 5.3%.

Повеќе

02.10.2023

Тренчевска: Економското зајакнување на жените е врвен приоритет на министерството

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на панелот „Креирање политики и мерки кои поддржуваат родова еднаквост на работно место во С. Македонија“ како дел од конференцијата „Родова еднаквост на работното место“.

Конференцијата беше во организација на Aлијанса за родова еднаквост (Gender Equality Alliance) поддржана од Консалтинг за стратешки развој (SDC) и USAID. 

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }