28.09.2023

Тренчевска: Онаму каде што имаме квота за жени има жени на функции, за разлика од онаму каде што е оставено на политичката волја 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на денешната панел дискусија: Дали жените и понатаму се недоволно застапени во политичкиот и јавниот живот?, се осврна на моменталната состојба во државата.

„Денес имаме 51 пратеничка, што не прави лидери во регионот и пошироко во однос на застапеноста во парламентот, 36% застапеност на жени во советите на локално ниво, 5 министерки и 3 заменички министерки и доволен број на државни секретарки. Но, за жал имаме само две жени градоначалнички. Ова покажува дека онаму каде што имаме квота, или законска обврска за номинирање на жени на важни позиции, се почитува затоа што има заштитни механизми, а онаму каде што е оставено на политичката волја, и на свеста во политичките партии жените се губат во номинациите и изборите, ова особено за градоначалничките“, рече Тренчевска.

Министерката се осврна и на говорот на омраза, особено насочен кон жените вклучени во политичкиот и јавниот живот.

„Тоа нас, жените во политиката не не`обесхрабрува, но ги обесхрабрува оние жени кои сакаат да с вклучат во политиката. Улогата на институциите е многу важна, таа координираност и нивното постапување во законската рамка“, истакна Тренчевска. 

Министерката посочи дека како држава имаме одлична законска рамка во секоја област, меѓутоа треба попосветена работа во нејзината имплементација, се мисли на институциите, судовите, обвинителството, особено во делот на откривање и казнување на сторителите, односно оние кои користат говор на омраза.

Министерката се осврна и на загрижувачката состојба со антиродовите движења, каде што мета на говор на омраза се жените, и  каде што најчесто во овие движења најгласни се жените.

Таа посочи дека само со солидарност и меѓусебна поддршка, може да се постигне целта, еднакво општество за сите, општество во кое нема да зборуваме ниту за дефиниција на жени, ниту за мажи, затоа што тоа е апсолвирано многу одамна уште во 90-тите години.

Настанот беше организиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во соработка со Националниот демократски институт (НДИ) кои подготвија Извештај во сенка за Поглавјата 7 и 8 од Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW), поточно за учеството на жени во политиката и јавниот живот и насилство врз жени во политика.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }