25.09.2023

Хусејин: Протоколот за постапување со деца со дијабетес ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, учествуваше  на настан по повод промоција на „Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училишта и детските градинки“ изработен од страна на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК со поддршка од Министерството за здравство и стручни лица од Клиниката за детски болести.

Протоколот претставува прв стручно изработен и рецензиран протокол за постапување наменет за 700 деца со дијабетес тип 1 во нашата земја кои што редовно посетуваат детски градинки, основни и средни училишта.

По тој повод заменик министерот Хусејин, во своето обраќање ја истакна заложбата на Владата и министерство за обезбедување на квалитетни услови за воспитание и образование на децата.

„Грижата за децата и вложувањето во најмладите е наш приоритет, затоа што тоа е влог во иднината на државата. Тие се идните градители на нашето општество, на идните политики и стандарди. За посветената работа во унапредувањето на детската заштита потврдуваат и фактите дека од 2017 година досега отворени се 81 објект – детски градинки и 12 центри за ран детски развој. Тоа претставува опфат на околу 5900 деца вклучени во предучилишниот процес,“ истакна Хусејин.

Заменик министерот посочи дека покрај вложувањето во инфраструктурниот дел за зголемување на капацитетот и опфатот на децата во предучилишниот процес, Владата работи и на реформите за подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

„Основен и мошне значаен дел од животот на секое дете е да е прифатено од средината без разлика на неговата состојба и начин на живот. Затоа Министерството за труд и социјална политика силно ја поддржува инцијативата на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК која со поддршка на  Министерството за здравство и стручни лица, од Клиниката за детски болести, го осмисли и реализираше проектот за креирање на „Протокол за постапување со деца со дијабетес во училишта и детски градинки“, рече Хусејин.

Прирачникот  е наменет за наставниот кадар во градинките и училиштата и ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование и ќе ги упатува за постапување со децата со дијабетес.

„Министерството за труд и социјална политика како и досега така и понатаму ќе ги подржува сите инцијативи кои имаат за цел унапредување на детската заштита и правилниот раст и развој кај децата,“ порача Хусејин.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }