22.09.2023

Донесени заклучоците од министерскиот состанок за унапредување на правата на Ромите

На четвртиот министерски состанок по ред кој се одржа по усвојувањето на „Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ“ - Познанска декларација беа донесени заклучоци за унапредување на тековната работа за интеграција на Ромите во следните полиња: образованието, вработувањето, домувањето, антициганизмот, дигиталната вклученост, граѓанската регистрација.

Министрите го повикуваат Советот на Европа, во рамките на регионалниот проект ИПА, да обезбеди независна проценка, по повод пет години од спроведувањето на обврските од Познањ за следниот министерски состанок. Овој пристап базиран на податоци ќе и овозможи на владата да ги идентификува недостатоците, да ги направи потребните прилагодувања и да обезбеди отчетност.

Министрите се обврзаа да инвестираат во поддршка на инклузијата на Ромите, целосно имплементирајќи ги билатерални проекти на ИПА чијашто цел се Ромите и зголемувајќи го вклучувањето на ромската димензија во соодветните секторски ИПА програми, особено оние поврзани со економскиот раст, образованието, вработувањето, здравството, домувањето, дигиталните и зелените агенди .

Министрите потврдија дека ќе се сретнат во 2024 година на следниот министерски состанок во Србија за да разговараат за спроведувањето на обврските и целокупното исполнување на целите наведени во процесот на Декларацијата од Познањ.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }