28.04.2023

Тренчевска: Почитувањето на правата на работниците во областа на безбедноста и здравјето при работа се наш приоритет на кој во континуитет вложуваме 

По повод 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ја посети компанијата Макстил - македонски производител на челик со долга индустриска традиција и трикратен добитник на наградата Најдобра пракса на безбедност и заштита при работа во земјава.

Повеќе

28.04.2023

Тренчевска: Само безбеден и здрав работник, може да биде продуктивен работник 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на настанот ,,БЗР од мали нозе–чекор по чекор, 5 години заедно работиме за БЗР“, организиран од страна на здружението за заштита при работа на општина Битола, здружението за безбедност при работа „28ми април”, Скопје и здружението на инженери за заштита „Тутела’’, Скопје. Настанот беше организиран по повод одбележување на 28 април Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. 

Повеќе

27.04.2023

Тренчевска: Најмалку 51% од компаниите, работниците и останати ресурси ќе бидат ангажирани од Република Северна Македонија

„Најмалку 51%  од компаниите, работниците и останати ресурси ќе бидат ангажирани од Република Северна Македонија“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска одговорајќи на пратеничко прашање во врска со ангажираноста на работна сила од државава и наводите од  пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ за вклученост на само 30% од домашните работници. 

Повеќе

26.04.2023

Тренчевска: 3000 денари месечно за млади до 23 години кои работат во производство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ја посети компанијата Раде Кончар која работи на сервис и поправка на електрични производи. Целта на посетата беше министерката да се сретне со млади лица кои работат во производство и лично да го промовира Законот за младински додаток. Преку овој закон на младите лица до 23 години кои се во производствена дејност им се исплаќа надоместок од државата од 3000 денари месечно. Користењето на ова право прекинува со навршување на 23 години на младите лица. Со ова право во 2021 година биле опфатени вкупно 2500 лица, додека во 2022 година бројката се зголемила на 3500.

Повеќе

26.04.2023

Тренчевска: Градењето, одржувањето и управувањето со системите за безбедност и здравје на работното место, мора да бидат задача и приоритет на сите релевантни актери во оваа област  

По повод одбележување на 28 април-Светскиот ден на Безбедност и здравје при работа, на Машинскиот факултет, Скопје денеска се одржа настан: „Младите истражувачи во функција на безбедна и здрава работна средина како фундаментален принцип и право на работниците за пристојна работа“. На настанот се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Националниот координатор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Емил Крстановски и претседателката на Националниот совет за безбедност и здравје при работа, Јасмина Чалоска. 

Повеќе

26.04.2023

Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д обезбедува нови работни места и почитување на правата на работниците заштитени со закон 

Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес за Република Северна Македонија. Придобивките од неговата изградба се огромни, бидејќи  поврзувањето на земјата со регионот и Европа обезбедува рамномерен регионален развој, раздвижување на економијата на земјата, подобрување на  бизнис климата, пораст на странски инвестиции, побрз трансфер на луѓе и стоки, отворање нови пазари и подобро поврзување со меѓународните и трговски партнери.

Повеќе

25.04.2023

МТСП: Во тек е етапната исплата на априлските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 25.04.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец април. 

Повеќе

24.04.2023

Тренчевска: Еднаквите можности се наш приоритет, продолжуваме да чекориме по патот на еднаквоста

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на свечениот дел на генералното собрание на Националната федерација на фармери. На настанот се обратија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорката на We Effect Europe, Анели Леина како и директорка на We Effect за меѓународна соработка, Линда Хамерберг.

Повеќе

20.04.2023

Панел дискусија на тема: „Менталното здравје на младите и социјалните медиуми“ во организација на Филозофскиот факултет

Филозофскиот факултет во Скопје денеска организираше панел дискусија на тема „Менталното здравје на младите и социјалните медиуми“, на која покрај деканот на факултетот проф. д-р Ратко Дуев, се обратија и шефицата на Кабинетот на Министерството  за труд и социјална политика, Нашата Димеска, заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов и Јованка Брајовиќ Григоријевиќ од УНФПА.

Повеќе

20.04.2023

Тренчевска на Клик Плус: Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција се два различни закони, а во јавноста дојде до нивно спојување и мешање

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 зборуваше за неколку актуелни теми, како Законот за родова еднаквост  и шпекулациите во јавноста околу него, за состојбата со семејното насилство во државата и механизмите за негово спречување и заштита, како и измените на Законот за работни односи предложени од страна на пратеници во Собранието, кои се однесуваат на потребата од работно време подолго од 8 часа.

Повеќе

19.04.2023

Тренчевска за Топ тема: Законите постојат за да ги штитат правата на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на своето гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија зборуваше за измените на Законот за работни односи, зголемувањето на платите во јавниот сектор и за последните случувања по прашањето за родовата еднаквост на ниво на државата.

Повеќе

19.04.2023

Тренчевска: Новите истражувања водат кон нови општествени успеси

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити присуствуваа на претставувањето на студијата „Пристап до услуги за долготрајна нега во Северна Македонија“ во рамки на Проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“.

Повеќе

12.04.2023

Тренчевска: Опремата за градинката во Точила е доставена, останува Општина Прилеп да ги отстрани недостатоците и доврши градежните работи за да се отвори до крајот на летото

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска направи увид на новата детска градинка во населеното место Точила во Општина Прилеп.

Повеќе

12.04.2023

Тренчевска: Нова сензорна соба според потребите на граѓаните на Општина Прилеп

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевкса денеска заедно со директорот на Центарот за социјална работа во Општина Прилеп, Дејан Тошески ја отворија сензорната соба која е во склоп на Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост „Ѕуница“- Прилеп.

Повеќе

07.04.2023

Тренчевска: Продолжуваме да вложуваме во политики и мерки кои го унапредуваат животот на ромската заедница

По повод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите-8 април, денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа настан каде што покрај претставниците на Владата, присуствуваа и пратеници, амбасадори, претставници од Советот на Европа, РОМАКТЕД, градоначалници и други граѓански организации.

Повеќе

06.04.2023

Тренчевска: Голем дел од одредбите на предлог општиот колективен договор се усогласени, останува методологијата за плати за што дијалогот продолжува

Економско – социјалниот совет денеска ја одржа осмата седница на која беше номиниран член од ЕСС во Советот на Статистика при Собранието и се дискутираше за Предлог општиот колективен договор. Седницата ја отвори министерката за труд и социјална политика, Јованка  Тренчевска како претседавач на ЕСС.

Повеќе

06.04.2023

Тренчевска: Како Влада имаме сериозен пристап за поголемо општествено-економско интегрирање на Ромите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од настанот посветен на политиките за Роми во Република Северна Македонија под наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“. Настанот беше во организација на кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Министерката зеде активно учество на настанот во улога на панелистка во панел дискусијата заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, министерот за образование и наука, Јетон Шеќири, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Повеќе

06.04.2023

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2023 година.

Повеќе

05.04.2023

Тренчевска: Поимникот за родово базирано насилство со (зло)употреба на технологијата, ќе придонесе за подигање на свеста и полесно препознавање на насилството 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска присуствуваше на промоција на Поимникот за родово-базирано насилство извршено со (зло)употреба на технологијата, со цел едукација и подигање на свеста за насилството, но пред се подобро препознавање на насилството. Поимникот е дел од пошироката кампања Bodyright на Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА.

Повеќе

04.04.2023

Тренчевска: Резултатите од имплементацијата на Проектот за подобрување на социјални услуги се  одлични, за тоа потврдуваат и задоволните корисници 

Во рамки на работните активности на Проектот за подобрување на социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика, кој се реализира со поддршка на Светска Банка, се одржуваат дводневни  работилници за размена на искуства за подобрување на имплементацијата на Грант програмата за развој на социјални услуги. На работилниците се присутни претставници на провајдери -даватели на услуги, стари и нови, од центрите за социјална работа и претставници од Светска Банка.

Повеќе

03.04.2023

Тренчевска: Ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите, ја зацврстуваме вредноста на инклузијата како наша највисока цел

По повод 2 април Денот за подигање на свеста за лицата со аутизам, денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставниците на Светска Банка, го посетија Центарот за сензорна терапија ,,Во мојот свет", Охрид. 

Повеќе

01.04.2023

Тренчевска-Ѓека: Борбата со дискриминацијата е вистинскиот пат кон Европската унија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари билатерална средба со министерот за човекови права и малцински права од Република Црна Гора, Фатмир Ѓека, членови на неговата делегација и амбасадорката на Црна Гора во Република Северна Македонија, Марија Петровиќ. На средбата се разговараше за важноста на човековите права и борбата со дискриминацијата токму на патот кон Европската Унија.

Повеќе

01.04.2023

Тренчевска од регионална конференција „Гласно и храбро ги поместуваме границите“: Иако сме различни, сепак сме исти во предизвиците со кои се соочуваме, учејќи едни од други треба заедно да ги поместуваме границите

Дводневната регионална конференција насловена „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ-Гласно и храбро ги поместуваме границите“ која што се одржуваше во Скопје, во организација на Министерството за труд и социјална политика, беше заокружување на активностите на Министерството кои што ги реализираше во текот на цел месец март.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }