26.06.2023

Социјалното претприемништво, главна тема на средбата Хусејин-Червинска

Во рамки на билатерална посета на Република Северна Македонија на пратеничка група од Република Полска, заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеjин оствари средба со заменик министерката за семејство и социјална политика на Република Полска и владин претставник за социјална економија, Анита Червинска и Пиотр Висоцки, Заменик амбасадор и советник во Амбасадата на Република Полска. 

На средбата се разговараше за темите дел од Меморандум за соработка склучен на 29.7.2022 година со Министерството за семејство и социјална политика на Република Полска, интезивирањето на  билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Полска во областа на социјалната заштита и заштитата на децата, како и за  добрите и пријателски односи на Република Полска како важен партнер и поддржувач на Република Северна Македонија во процесот на европските интеграции.

Соговорниците разменија информации за состојбата на политиките и активностите што се преземаат од страна на Министерството за труд и социјална политика за развој на социјалното претприемништво во  Република Северна Македонија, при тоа се истакна  дека во креирањето на стратешката и првната рамка за развој на истото земено е во превид долгогодишното искуство на  Република Полска во обезбедување поддршка и развој на социјалното претприемништво, како и  стратешките ориентации и иницијативи за социјален бизнис и Акцискиот план за социјална економија на Европската Унија.  

„Моделот на социјалното претприемништво во Република Полска и соработката со Барабара Садовска од фондацијата Барка  од Република Полска како дел од конзорциумот на Ептиса кои го имплементираа неодамна завршениот проект „Поддршка на социјални претпријатија“  финансирани од Европската Унија,  беше инспирација во  креирањето на нашиот нацрт Законот за социјално претприемништво кој е во финална фаза и  значителна поддршка во финализирање на Националната стратегија за социјални претпријатија 2021 – 2027 со тригодишен  Акциски план”, истакна заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеjин.   

На средбата, исто така беше потенцирана важноста на поддршката од Амбасадата на Република Полска преку која се овозможува континуитет на воспоставените активности во Центарот за социјални претпријатија  на Министерството за труд и социјална политика во овој клучен и транзиционен период се до  усвојување на нашиот Закон за социјални претпријатија и во почетниот период на неговото спроведување. 

Заменикот министер Хусејин и се заблагодари на Червинска за поддршката на Република Полска во развој на социјалното претприемништво во нашата земја, како и за поддршката што Република Полска ја дава на Република Северна Македонија во процесот на отворените преговорите за пристапување во Европската Унија. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }