13.06.2023

Хусејин: Наша највисока цел останува спроведување на највисоките стандарди за ефикасна заштита на жртвите на родово базирано насилство

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин имаше воведно обраќање на Завршната конференција на регионалната програма за ставање крај на насилството врз жените „Имплементирање на норми, менување на ставови”, во организација на UN Women.

„Предизвикот со насилството на жените во нашето општество е одамна мапиран и првиот чекор е веќе направен во 2017 година кога беше ратификувана Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција ) и со таа постапка веќе бевме сигурни дека промените ќе започнат да се случуваат”,  рече Хусејин на почетокот од обраќањето.

Заменикот министер истакна дека насилството врз жените и семејното насилство повеќе не се приватна работа и државата преку сеопфатни и интегрирани политики сериозно работи на превенција и заштита на жртвите на насилство.

Во овој контекст, заменик министерот Хусејин дополни: „И како прва активност во насока на имплементација на Истанбулската конвенција во 2021 година донесен е Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство. Она што се постигнува  со овој Закон е значително подобрување на институционалната и сеопфатна поддршка на жртвите на родово базирано насилство”.

Законот ги прецизира дејствијата и мерките кои што треба да ги преземе државата за превенција, заштита и реинтеграција на жртвите преку обезбедување на систем за поддршка, вклучително и економско јакнење. 

„Заради ефикасно спроведување и функционирање на Законот за спречување и заштита од насилството врз жени и семејно насилство, Министерсвото за труд и социјална политика усвои подзаконски акти и Протоколот за меѓусебна соработка на институциите и организациите за постапување со жртвите на родова базирано насилство”, информираше Хусејин.

Говорејќи за креирањето на политики и преземање на акции за превенција и заштита на жените и девојките од родово базирано насилство, вклучувајќи го и насилството преку интернет, сексуалното и репродуктивното здравје, унапредувањето на правата на жените и на девојчињата, на семејствата и заедниците, заменик министерот за труд и социјална политика рече: 

„Воспоставени се 14 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство (засолништа) во сите плански региони. Покрај засолништата, Министерството за труд и социјална политика има воспоставено и специјализирани советувалишта на територијата на Република Северна Македонија во 7 Плански региони. Воспоставени се 10 специјализирани советувалишта за жени жртви на насилство и семејно насилство и 8 специјализирани советувалишта за психо-социјален третман за сторители на семејно насилство”.

Во однос на родово базираното насилство, Хусејин рече дека тоа не е проблем само на жените, туку и на целокупното општество. 

„Зајакнувањето на системот, поддршката на жените во процесот на инклузија на пазарот на труд, борбата со семејното и родово-базирано насилство, се алатки со кои се зајакнува целото општество. Со секоја наша акција ние инвестираме во идните генерации, инвестираме во децата кои ќе раснат во духот на еднаквоста и недискриминацијата, инвестираме во искоренување на трансгенерациско насилство, инвестираме во цврстиот темел на државата”, потенцираше Хусејин. 

Овие значајни чекори се постигнати во партнерство и соработка со меѓународните организации, граѓанскиот сектор кои значат подобрување на целокупната состојбата во Република Северна Македонија, но и овозможувањето на услови за еднакви придобивки, еднаков раст и еднакво вреднување на мажите и жените.

„Наша највисока цел и понатаму останува спроведување на највисоките стандарди за ефикасна заштита на жртвите на родово базирано насилство и човековите права во целокупниот институционален одговор”,  заврши заменик министерот Хусејин.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }