21.06.2023

Тренчевска: Младите се нашиот приоритет, а нивниот успех наша цел

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорката на Европска младинска фондација на Совет на Европа, Гордана Берјан, претставникот на Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија, Александру Албу, Координаторката на Клубот на младински прашања и политики на Собранието на Република Северна Македонија, Моника Зајкова, Координаторката на студиите по младинска работа, Филозофски факултет Скопје, Софија Арнаудова и Претседателката на грчката национална асоцијација на младински работници, Олга Кириакиду се обратија на панелот Перспективи за развој на младинската работа во Северна Македонија кој беше во рамки на панел дискусијата Младинската работа во Северна Македонија 2013-2023-2033: Ретроспектива и перспективи.

Настанот беше организиран од страна на Сојузот за младинска работа по повод десетгодишнината од основањето на мрежата.

Тренчевска во своето обраќање ги истакна можностите кои ги дава Министерство за труд и социјална политика на младите со посебен акцент на Гаранцијата за млади. Таа истакна дека во имплементирање на оваа програма од особено значење се младинските работници. 

„Изминатата година клучната улога во информирање на младите ја играа точно младинските работници кои беа ангажирани преку коалицијата на младински организации СЕГА и Националниот младински совет на Македонија кои со својата работа информираа над 5000 млади за Младинската гаранција, регистрираа 2400 млади луѓе од категоријата NEET во АВРСМ и информираа 1141 локален бизнис за младинската гаранција ова се големи бројки и ваквата работа означува успех“, истакна Тренчевска. 

Таа посочи дека теренската работа е токму таа која носи до успех. На крајот од своето обраќање рече дека само со вистинско насочување на младите може да се постигне исполнувањето на нивниот целосен потенцијал.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }