14.06.2023

Хусејин: Министерството секогаш ќе биде партнер на граѓаните со цел креирање на мерки за квалитетно живеење  

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на завршниот настан на кој се презентираа резултатите на Проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“, организиран од Факултетот за земјоделски науки и храна–Скопје, а поддржан од UN Women.

Во однос на активното учество на жените на пазарот на трудот, заменик министерот за труд и социјална политика информираше дека за помалку од две години преку мерките кои се дел од Оперативниот план се вработиле 3370 жени, а со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6035 жени, односно се опфатени речиси 10.000 жени. Исто така, тој дополни дека голем дел од овие опфатени жени се токму жени од руралните средини, кои добиле прилика да го формализираат својот бизнис, но и да го пласираат своето производство на некоја од е-платформите.

Во своето воведно обраќање, заменикот министер Хусејин се осврна и на процесот на донесување на новиот Предлог закон за работни односи.

„Секоја од овие новини директно ги таргетира и жените од руралните средини и им овозможува нови услови за ценење на нивниот труд и за поголема активација и економска стабилност”, рече Хусејин.

Министерството за труд и социјална политика работи и на изградбата на нови и проширување на постојните капацитети на детските градинки, посебно во руралните средини, но и на воспоставување на услуги за помош и нега на стари лица.

„Економијата на грижа и воспоставувањето на сервиси за помош и нега во домот, им даваат прилика за ангажман на голем број жени токму од руралните средини кои никогаш не биле активни на пазарот на трудот, да работат како лиценцирани даватели на услуги  на стари лица, на тој начин да ја подобрат својата економска стабилност, но и да излезат од „подредената“ позиција во која се наоѓале со години”, рече Хусејин.

Од страна на заменик министерот Хусејин беше нагласено дека, министерството активно зема учество во работата на Работната група за родова еднаквост и поддршка на жените во рурални средини  формирана од Министерството  за земјоделство, шумарство и водостопанство поддржана од UN Women. Оваа работна група ја креираа мерката 115 за финасиска поддршка  на жени земјоделки, чија цел е да се подобри економската положба на жените, да се зголеми бројот на регистрираните жени, а со тоа  подеднакво  да придонесат за развој на земјоделството.Во овој контекст, тој се осврна и на Стратегијата  за родова еднаквост, каде што една од стратешките цели е унапредување на положбата на жените во руралните средини.

„Министерството за труд и социјална политика секогаш ќе биде партнер на граѓаните со цел креирање на мерки за квалитетно живеење и обезбедување на еднакви права и можности за сите”, заврши Хусејин.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }