27.06.2023

Хусејин: Наш приоритет е брза, ефикасна постапка за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин присуствуваше на средба на тема „Заедно до брзо решение на семејното насилство и насилството врз жените”, организирана од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност.

На средбата, заменик министерот акцентот го стави на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истамбулска конвеција) која беше ратификувана во 2018 година, како и на активностите кои што следеа. Имено, по ратификацијата на Конвенцијата, Владата на Република Северна Македонија изготви Акциски план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство на Република Македонија 2018-2023.

Заменик министерот Хусејин, на средбата се осврна и на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство со кој е уредено преземањето на  мерки за превенција од насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од насилство и семејно насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за насилството врз жените и семејното насилство.


На крајот од своето обраќање, Хусејин ги потенцираше ефектите од ратификацијата на Конвенцијата односно дека се унапредени системот на постапување на надлежните институции во делот за заштитата на жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и системот на заштита на жртвите на насилство опфатено преку воспоставување на специјализирани услуги  за жртви на насилствотo. Потоа, во делот на интегрираните политики формирано е Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кој претседава министерот за труд и социјална политика како и носењето на мултисекторски Протокол за соработка помеѓу надлежните институции и граѓански организации во делот на превенција и заштита на жените жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство.

„За Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија приоритет е да имаме брза, ефикасна постапка за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство, нивна реинтеграција во системот, како и да обезбедиме превенција во насока на намалување на насилството”, заврши Хусејин. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }