05.10.2023

Тренчевска: Заедно со UNFPA ги таргетираме предизвиците со кои се соочува нашата држава и заедно креираме решенија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Флоренс Бауер, Регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. На средбата се разговараше за соработката на Министерството за труд и социјална политика и УНФПА во делот на застапувањето на човековите права. Особен фокус беше ставен на денешната регионална Конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња” која се одржа во Скопје и конференцијата која за 10 дена ќе се одржи во Женева и ќе претставува дел од мозаикот на дискусиите кои имаат за цел да придонесат во поголемото почитување на човековите права.

 

Бауер и Тренчевска разговараа и за важноста на Стратегијата за демографски политики и Акцискиот план кој моментално е во подготовка и треба да придонесе во унапредување на прашањето за миграции и стареењето на населението како предизвик со кој се соочува државата, но и целиот регион воопшто.

 

На средбата се разговараше и за  анти-родовите движења кои се активни во нашата држава, нивното загрозување на човековите права и наоѓањето на заедничко решение за справување со предизвикот пред кој е исправена државата. Присутните истакнаа дека напредокот кој го постигна Република Северна Македонија изминатиот период во обезбедување на човековите права и еднаквост, не смее да сопре и дека токму ваквата партнерска поддршка е клучна за тоа.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }