02.10.2023

Тренчевска: Унапредувањето на заштитата на ранливата категорија на граѓани е наша должност

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со меѓународните консултанти, Џон Имс (судија од Обединетото Кралство) и Виктор Захариа (претседател на Одборот за правна помош во Молдавија) и претставници од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. На состанокот пред министерката беше презентиран предлогот за воспоставување на – Единствено тело за управување со системот на бесплатна правна помош во Република Северна Македонија.

На состанокот беше разговарано за важноста од зајакнување на системот за бесплатна правна помош. Од страна на присутните беше истакнато дека со поефикасен систем за БПП директно ќе се повлијае на подобрувањето на одговорот на потребите на жртвите на семејно насилство и родово базирано насилство.

Министерката на состанокот истакна дека за неа секогаш приоритет ќе остане заштитата на ранливите категории на граѓани и нивната добросостојба.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }