12.10.2023

МТСП: Протестите треба да бидат пред институциите кои се надлежни за барањата на градоначалникот Костовски 

Согласно изјавата пред медиумите од страна на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во однос на вработувањата во ЈОУДГ „11 Октомври“-Бутел известуваме дека Министерството за труд и социјална политика, навремено и одговорно ги има извршено обврските за поднесување на барањата за вработување во градинката.  

Имено, во текот на 2023 година МТСП има постапено по сите доставени барања за вработување, додека Министерството за финансии ги има одбиено. Воедно известуваме дека не се работи за 26 согласности за работа, туку дека за градинката побарано е во текот на месец февруари 3 согласности, а во месец септември 6 согласности. 

Министерството за труд и социјална политика не е надлежен орган за обезбедување на финансиски средства за вработување или унапредување, а градоначалникот, Костовски како лице кое произлегува од оваа институција би требало да ги познава надлежностите на истата и да не шири дезинформации.

Согласно Член 20 од Законот за извршување на буџетот за 2023 година, буџетските корисници и единките корисници на средства од Буџетот на Република Северна Македонија можат да вработуваат работници на определено време, на неопределено време и да склучуваат договори за отстапување на работник за привремени вработувања, за вршење на привремени работи само под услов ако за тоа се обезбедени финансиски средства во Буџетот на Република Северна Македонија, односно во финансиските планови за тековната фискална година.

Буџетските корисници (во случајов МТСП) доставуваат барање за добивање на известување од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства за пополнување на работно место преку вработување на неопределено време во рамките на единките корисници (ЈОУДГ „11 Октомври“-Бутел) кои се во нивна надлежност по претходно извршена анализа за оправданоста на барањето за вработување и само доколку станува збор за работно место кое е неопходно за вршење на основната дејност на единката корисник.

МТСП како буџетски корисник постапува по сите барања доставени од единките корисници, истите ги доставува до Министерството за финансии со целокупната документација. Министерството за финансии во рок од 30 дена од денот на приемот на барањата за пополнување на работно место писмено го известува МТСП за обезбедените финансиски средства за вработување или унапредување. 

Ова се постапки според закон, а Министерството за труд и социјална политика во мандатот на министерката Тренчевска работи доследно на законите во текот на нејзино раководење.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }