20.10.2023

Тренчевска: Со UNFPA броиме 5 години успешна соработка, продолжуваме да чекориме заедно и во иднина

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со извршната директорка на UNFPA, Диен Кеита. На средбата се разговараше за прашањето за родовата еднаквост со особен акцент на анти-родовите движења кои се особено актуелни во регионот во изминатиот период. 

Тренчевска зборуваше за целта на Регионална конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“ која се одржа во Република Северна Македонија. Таа посочи на чекорите кои во иднина треба да бидат преземени во насока на поголема родова еднаквост и повеќе можности на жените во сите општествени сфери.

На средбата беше истакнато дека токму сега кога има поголема циркулација на анти-родовите движења потребно е да се зборува гласно за родово базираното насилство. Да се охрабруваат жените и девојките на поголема економска независност и да се поттикнуваат на поголемо општествено учество.

На крајот од средбата беа истакнати намерите за продолжување на соработката во истиот интегритет како досега.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }