30.07.2022

Тренчевска: Со потпишувањето на Меморандум за соработка со Министерството за семејство и социјална политика на Република Полска и размена на искуства, ги зајакнуваме нашите пријателски односи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на престојот во Република Полска, оствари билатерална средба со министерката за семејство и социјална политика на Република Полска, Марлена Малаг.

Повеќе

29.07.2022

МТСП: Објавен јавен повик за општините, градот Скопје и општините на град Скопје за обезбедување на средства за давање на социјални услуги

Министерството за труд и социјална политика ги повикува Општините, Градот Скопје и Општините во градот Скопје да аплицираат на јавниот повик за обезбедување на средства за давање на социјални услуги, со цел да продолжи давањето на социјалните услуги воспоставени на локално ниво од страна на општините. Услугите се реализираат во соработка со лиценциран давател на услугата, со финансиска поддршка од министерството, а се однесува за ранливи групи на граѓани, за кои е утврдена потребата од одреден вид на услуга.

Повеќе

28.07.2022

МТСП: Градиме систем кој е праведен и прилагоден на лицата со попреченост

Министерството за труд и социјална политика по наводите на Коалицијата „Менуваме“ во некои од медиумите, за „остварувањето на праватa за еднаквост, достоинствен живот и вклучување на лицата со попреченост во целокупниот јавен живот“, ја информира јавноста дека, согласно Програмата за работа на Владата на РСМ за 2022, предвидено е зголемување на правото на посебен додаток за 15 % за сите три категории на корисници на ова право, а измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата е влезен во собраниска процедура и обезбедени се средства за ова покачување со ребалансот на буџетот.

Повеќе

28.07.2022

Тренчевска од Полска: Социјалното претприемништво води до повеќекратни социјални решенија и отворање на работни места

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на престојот на Република Полска, го посети социјалното претпријатие АРКА, кое претставува успешен модел за создавање интегрирани социјални услуги за грижа на старите лица и каде на едно место се обезбедува дневен престој, услугата за одмена на семејна грижа и вон-семејна социјална заштита.

Повеќе

27.07.2022

МТСП: Изгласана Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година

Изгласана Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година која е основен стратешки документ на Република Северна Македонија со кој се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените.

Повеќе

27.07.2022

Тренчевска за Националната Полска Телевизија: Како министерство ја препознаваме важноста и улогата на социјалните претпријатија за поддршка на најранливите граѓани 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на посетата на Фондацијата Барка како дел од еднонеделната посета на Република Полска даде изјава за Националната Полска Телевизија. Посетата на Полска ја истакна како важна можност за Северна Македонија да го осознае долгогодишното искуство, да се видат добри примери и успешни приказни на Република Полска во развој и поддршка на социјалното претприемништво и социјалната економија.

Повеќе

27.07.2022

МТСП: Во тек е етапната исплата на јулските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27. 07.2022 година (среда) започнува етапната исплата на јулските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Повеќе

26.07.2022

Тренчевска за „Пензионер“: Подобрување на квалитетот на животот на највозрасните преку усогласување на пензиите и други мерки, е мој приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за месечното издание на весникот „Пензионер“, зборуваше за политиките и мерките кои Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика, ги креира и реализира со цел подобрување на квалитетот на живот на највозрасната категорија на граѓани во нашата држава.

Повеќе

25.07.2022

МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

Министерството за труд и социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период.

Повеќе

25.07.2022

Министерката Тренчевска на студиска посета во  Република Полска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска од денес до петок ќе престојува во Република Полска на студиска посета организирана од проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“.

Повеќе

22.07.2022

МТСП: Портокалова фаза во земјава до 27 јули, препораките за ослободување од работа на ранливите категории продолжуваат
 
Портокаловата фаза на целата територија на државата продолжува до 27 јули 2022 година. Согласно одлуката на Владата на РСМ донесена на денешната седница и препораките за граѓаните за време на топлиот бран продолжуваат.

Повеќе

22.07.2022

Тренчевска: Живеењето со поддршка е вистински исчекор кон почитување на човековите права на лицата со попреченост, отворени две нови станбени единици во Демир Капија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров беше во посета на една од двете ново отворени станбени единици (групни домови) при ЈУ Специјалниот Завод Демир Капија.

Министерката Тренчевска ги истакна позитивните резултати во смисла на подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост во заедницата преку преселбата на корисниците во помали станбени единици.

Повеќе

22.07.2022

МТСП: Објавен јавен повик за финансирање на социјални услуги во општините

Министерството за труд и социјалната политика објави јавен повик со кој ги повикува општините, во партнерство со даватели на социјални услуги согласно Законот за социјална заштита, да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Повикот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка од Светска банка.

 

Повеќе

21.07.2022

Отворена нова подрачна канцеларија на Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, Македонски Брод во Општина Пласница

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Пласница, Алија Јаоски и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Македонски Брод, Синиша Радески, го означија започнувањето со работа на новата канцеларија на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Македонски Брод.

Повеќе

21.07.2022

Презентација на модел за формирање прв Центар за социјални услуги во домот и заедницата во Општина Гостивар

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на презентација на моделот за формирање прв Центар за социјални услуги во домот и заедницата во Општина Гостивар, прв ваков модел на мултифункционален центар кој ќе  испорачува повеќе различни социјални услуги во насока на задоволување на потребите на лицата со попреченост и нивните семејства од Полошкиот регион. На настанот присуствуваа и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е Вероник Хулман, постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Арменд Григорјан, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика Ресми Ејупи и други гости.

Повеќе

20.07.2022

МТСП: Од утре до недела портокалова фаза во цела држава-се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население
 
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Повеќе

20.07.2022

Заменик министерот Енвер Хусејин на билатерална средба со членови на Владата на Косово

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на билатералниот тематски состанок на членови на Владите на Р.Косово и Р.С.Македонија. Тема на состанокот беше меѓуинституционалната иницијатива за трајно решавање на проблемите на раселените лица од Косовската криза,позната како „Скопски Процес".

Повеќе

18.07.2022

Тренчевска: Продолжуваме да се залагаме за унапредување на квалитетот на живот на лицата со оштетен слух

Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претставниците на Националниот сојуз на глуви и наглуви. За време на средбата се разговараше за стандардизација на знаковниот јазик, право на толкувачи за лицата кои се целосно глуви, покачување на додатокот за попреченост како и обезбедување услови за инклузија во градинките за дечињата со оштетен слух.

Повеќе

18.07.2022

Тренчевска: Креираме мерки и решенија кои во фокусот ги имаат потребите на граѓаните

Минитерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел во Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје, Ото Граф, на која разговараа на неколку теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

14.07.2022

Тренчевска: Згрижувањето е една од најхуманите дела која што едно семејство или еден човек може да го направи
 
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов вчеравечер пред струмичани упатија силни пораки за значењето на згрижувањето како дел од кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ организирана од СОС Детско село, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.

Повеќе

14.07.2022

Тренчевска: Заедничката работа на институциите и граѓанскиот сектор ќе придонесе за поуспешни резултати во борбата против насилството 

Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање на Министерството за труд и социјална политика денеска се одржа работна средба на која присуствуваа претставници на институциите, меѓународните и граѓански организации, со цел презентација на мониторинг извештаите за напредокот на државата при спроведување на Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција за период од октомври 2018-декември 2021 година, од страна на Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ финансиран од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“, имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Повеќе

13.07.2022

Тренчевска: Позитивните практики на Северна Македонија во областа на родовата еднаквост се пример за регионот

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Косово, Килиан Вахл, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

На средбата се разговараше за позитивните практики кои ги имплементираше Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика во однос на родовата еднаквост, дискриминацијата и родово базираното насилство. 

Повеќе

13.07.2022

Тренчевска: Со гласно зборување влијаеме во борбата против насилството, стартува кампањата „Со тебе сме – Заедно против насилството врз жените и девојчињата“ 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е  Дирк Јан Коп, денеска го означија почетокот на кампањата „Со тебе сме – Заедно против насилството врз жените и девојчињата“, која има за цел подигање на свеста за насилството и воедно охрабрување за негово пријавување.

На денешниот настан присуствуваше и заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Косово, Kилиан Вахл, како и претставници на меѓународни и граѓански организации.

Повеќе

11.07.2022

Тренчевска: Со изградбата на новата детска градинка „Пролет“ во Општина Центар, обезбедуваме влез на нови 150 деца во предучилишниот процес 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, официјално го означија почетокот на изградба на новата детска градинка „Пролет“, која се наоѓа во населба Пролет.

Повеќе

07.07.2022

Продолжува кампањата „Подај рака и промени живот–стани згрижувач!“

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин присуствуваше на промоцијата на згрижувачки семејства во Неготино која што е дел од кампањата „Подај рака и промени живот–стани згрижувач!“, која започна на почетокот на месец јуни и има за цел подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството.

Повеќе

07.07.2022

Нови кабинети за физио и хидро терапија и сензорна соба во Дневниот центар за лица со попреченост во Берово, донација на Амбасадата на НР Кина 

Дневниот центар за лица со ментална или со телесна попреченост при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Берово, доби нови кабинети за физио и хидро-терапија и сензорната соба, донација од Амбасадата на Народна Република Кина.

Повеќе

06.07.2022

Прва конститутивна седница на Советот за социјална сигурност  

Советот за социјална сигурност, денеска ја одржа првата конститутивна седница во Министерството за труд и социјална политика. 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето воведно обраќање до членовите на Советот ја истакна улогата на овој Совет која е од големо значење за заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија, преку преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија.

Повеќе

04.07.2022

Започнува караванот за презентација на вториот јавен повик за социјални услуги на локално ниво во осумте плански региони за проекти за социјално ранливите категории

Со јавна презентација  пред општините од Североисточниот плански регион во Куманово започна караванот за презентирање на вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво, што го организира Министерството за труд и социјална политика. Преку караванот општините, невладините и граѓанските организации ќе бидат запознаени со роковите, постапката за аплицирање и условите на јавниот повик. 

Повеќе

04.07.2022

Тренчевска: Унапредување на положбата на жената земјоделка преку остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување  

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет-Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и  боледување на регистрираните земјоделки.

Повеќе

04.07.2022

Започна реализацијата на проектот „Спорт за сите“ во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци 

По повод почетокот на проектот „Спорт за сите“ финансиран од Град Скопје и Здружението за промовирање на општествената одговорност „Урбан Свет“ денеска се одржа мини натпревар на спортските терени во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле.

Повеќе

04.07.2022

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2022 година.

Повеќе

1.07.2022

Тренчевска за Трилинг: Оперативниот план за вработување нуди можности за нови вработувања и задржување на младите во земјата

„Недостигот на работна сила е проблем на кој што треба да му пристапиме од повеќе аспекти и не е проблем кој што се создава за година две или три, ако ги земаме наназад политиките во образованието кои беа погрешни,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Повеќе

1.07.2022

Тренчевска: Градење на систем кој што гарантира постојан раст на платите во јавниот сектор е решение на долг рок

„0д 2017 година наваму социјалниот дијалог е еден од приоритетите на Владата и секоја политика која што го допира правото од работен однос мора да помине низ дијалог. Сведоци сме дека во минатото голем број на политики кои што го допираат правото од работен однос се носеа надвор од социјален дијалог и од сослушување на работодавачите и работниците за кого овие политики се наменети,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Повеќе

1.07.2022

Тренчевска: Ги повикувам општините да аплицираат на јавниот повик за  развој на социјални услуги на локално ниво, кои се во интерес на сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика денеска го промовираше вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Условите за учество на јавниот повик беa промовирани пред градоначалници од повеќе општини и други претставници од локалната самоуправа.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }