31.01.2022

Тренчевска: Дијалогот за минималната плата меѓу засегнатите страни почнува во среда 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претставници на Организацијата на работодавачи денеска одржаа прва работна средба на која главна тема беше барањето на синдикалците за  зголемување на минималната плата и важноста од социјалниот дијалог во државата. Министерката Тренчевска информираше дека преку дијалог со работниците и работодавачите ќе бидат изнајдени најсоодветни решенија за утврдување на висината на минималната плата. 

Повеќе

31.01.2022

Вицепремиерот Битиќи, министрите Тренчевска и Алити на средба со Сојузот на синдикати – Владата е согласна дека треба и ќе има покачување на минималната плата, дијалогот ќе продолжи од среда, со сите социјални партнери

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјални прашања, Јована Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и советникот на претседателот на Владата Милан Живковиќ, денес остварија работна средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија, предводени од претседателот на ССМ, Дарко Димовски, а на која главна тема беа барањата на синдикалците за зголемување на минималната плата во Република Северна Македонија.

Повеќе

31.01.2022

Тренчевска во интервју за МРТВ: Со Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000 денари

Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економско и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари, а до крајот на мандатот на 20.000 денари, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за утринската програма на МРТВ. 

Повеќе

29.01.2022

Тренчевска: „Метал Декор Дизајн“ е само една од многуте компании кои со владините мерки прераснаа во успешна приказна

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, денеска го посетија претпријатието „Метал Декор Дизајн“. Оваа компанија која се бави со изработка на внатрешен и надворешен ентериер, огради и настрешници е една од многуте фирми кои искористија дел од владините мерки за поддршка и креирање на нови работни места.

Повеќе

28.01.2022

Тренчевска: Социјалниот дијалог е клучен во креирањето на најодржливите законски решенија, соработката со ССК продолжува

Министерката за труд и социјлна политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со потпретседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Габриела Кулебанова.

Повеќе

27.01.2022

Тренчевска – Шаља Плавјанска: Продолжуваме со воспоставување на ефикасен систем за сузбивање на насилството врз жените и семејното насилство и унапредување на човековите права

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со шефицата на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља – Плавјанска и нејзиниот тим.

Повеќе

27.01.2022

Тренчевска и Мурати со отчет за Оперативниот план 2021: Најатрактивни самовработувањето и обуките за дигитални вештини, реализација од 94,6% и опфатени 11.292 невработени лица

Министерката  за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати денеска одржаа прес-конференција на која ја презентираа реализацијата на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година.

Повеќе

27.01.2022

Тренчевска: Со повисока минимална плата вработените ќе имаат поголема продуктивност  

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната презентација на студијата за „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работење на фирмите“, во организација на Сојузот на синдикатите, поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт, рече дека анализата доаѓа во вистинско време кога отворено се зборува за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Таа посочи дека повисока минимална плата која ќе се реализира заедно со социјалните партнери е програмска опрeделба на Владата. Очекува препораките и мислењата на експертите, да помогнат во изнаоѓањето на усогласени ставови, кои ќе придонесат за носењето на побрза и полесна одлука согласно меѓународните искуства.  

Повеќе

27.01.2022

Тренчевска: Експертската поддршка од МОТ и нивното учество во новиот Закон за работни односи е од големо значење, соработката во областа на трудот продолжува

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со националниот координатор на Меѓународната организација на трудот, Емил Крстановски.

Повеќе

26.01.2022

Тренчевска во интервју за Алсат ТВ: Со новото законско решение за мобинг ќе ги охрабриме работниците безбедно да пријавуваат вознемирување на работното место

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за Алсат ТВ, информираше дека Министерството во моментот работи на измени и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работното место. Според неа целта на  измените се работниците да бидат што повеќе охрабрени да пријавуваат мобинг на работното место.

Повеќе

26.01.2022

Тренчевска: Ќе продолжиме со подобрување на квалитетот на социјалната заштита и сигурност на најранливите категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски. Таа го информираше градоначалникот дека Министерството ќе продолжи со подобрување на квалитетот на услугите во социјалната заштита и сигурност, со ставање на многу посилен акцент на потребите на ранливите категории на граѓани.

Повеќе

26.01.2022

Тренчевска-Чебук: Со воспоставување на соработка во областа на трудот, социјалната заштита и родовата еднаквост го продлабочуваме пријателството

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Молдавија во Република Северна Македонија, Анатол Чебук, со седиште во Софија, Бугарија.

Повеќе

26.01.2022

Тренчевска: Граѓаните се на прво место, достапноста и ефикасноста на стручните лица се значајни во испораката на правата и услугите кон нив

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со директорите на Центрите за социјална работа на ниво на држава, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат и нивното понатамошно успешно решавање и надминување. На средбата се разговараше на повеќе теми кои се опфатени во делокругот на работењето на Центрите за социјална работа. Старателството, интегрирано водење на случај и неговата имплементација, подготвеноста на Дневните центри за лица со попреченост во време на пандемија, како и интегрирање на социјалните случаи како активни учесници во пазарот на трудот.

Повеќе

25.01.2022

Средба Тренчевска- Петров: Во Демир Капија ќе се отвори првиот Центар за одмена на семејната грижа

Министерката за труд и социјална политика, Јoванка Тренчевска денеска се сретна со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров. Двајцата соговорници констатираа дека Министерството за труд и социјална политика и општината ќе продолжат со нова и повисока ефикасност во реализирањето на заедничките проекти во интерес на граѓаните. На средбата беа разгледани досегашните и идни проекти, како што се изградба и реконструкција на постојните градинки и нивно опремување, проширување на капацитетите за поголем опфат на деца во предучилишна возраст и обезбедување подобри услови за престој на децата во нив. Стана збор и за процесот на деинституционализација кој ќе продолжи и годинава, но и за подготовките новореконструираниот објект на Специјалниот завод Демир Капија наречен Депанданс, да биде отворен во текот на годинава.

Повеќе

25.01.2022

Средба Тренчевска-Дуџак: МТСП и ООН продолжуваат со заедничката соработка на полето на социјалните политики, родовата еднаквост и заштита на децата

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак со која разговараа за тековните проекти во кои Министерството за труд и социјална политика соработуваат со агенциите на ООН, како и за идната соработка во насока на креирање и имплементирање на уште подобри социјални политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните и поголема заштита на човековите права.

Повеќе

25.01.2022

МТСП: Утре започнува етапната исплата на јануарските пензии, зголемени за 2,9 % по основ на усогласување со порастот на трошоците за живот

Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 26.01.2022 год. (среда) започнува етапната исплата на јануарските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

24.01.2022

Тренчевска: Заложбата на Владата е минималната плата да се зголеми на 18.000 денари

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска попладнево се сретна со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски. Тема на денешната средба, која се оствари на покана на министерката Тренчевска, беше разговорот за владиното ветување за покачување на минималната плата. Министерката посочи дека Владата останува посветена на заложбата за зголемување на минималната плата.

Повеќе

23.01.2022

Тренчевска: Недела-ден на неделен одмор е реалност, повеќе време за семејството и негување на традиционалните вредности

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски, го посетија семејството Шишковски од скопската населба Илинден со кое поразговараа за придобивките од законското решение со кое недела стана ден на неделен одмор за околу 92% од работниците во државата. 

Повеќе
23.01.2022

Тренчевска: Најмалку 50% повисока дневница за работниците кои работат во недела, нивниот труд мора да се почитува и вреднува

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски, директорите на ТИРЗ Јован Деспотовски и на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска ја посетија американската компанија „Дура Аутомотив Системс“, која согласно законското решение недела-ден на неделен одмор е исклучок од дејностите со забрана за работа во недела, бидејќи се работи за сложен техничко-технолошки процес кој не смее да биде прекинат.

Повеќе

17.01.2022

Јованка Тренчевска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика. Новоименуваната министерка Јованка Тренчевска ја презеде функцијата од досегашната министерка Јагода Шахпаска.Со тоа министерката за труд и социјална политика Тренчевска и официјално го започнува управувањето со овој сектор.

Повеќе
14.01.2022

Шахпаска: Со посветена, одговорна и чесна работа постигнавме многу, на недела неработен ден и на апликацијата за слепи лица сум особено горда 

„Министерството за труд и социјална политика е ресор со многубројни предизвици, кои пандемијата на Ковид-19 ги направи уште поголеми. И токму затоа мојата одговорност беше уште поголема да се одговори на предизвиците и на вистинскиот начин и навреме да се адресираат потребите на граѓаните“, оцени министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во своето обраќање преку социјалните мрежи, во кое сублимира дел од проектите на кои таа се посвети во својот мандат. 

Повеќе

03.01.2022

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2021 година.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }