14.07.2022

Тренчевска: Згрижувањето е една од најхуманите дела која што едно семејство или еден човек може да го направи
 
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов вчеравечер пред струмичани упатија силни пораки за значењето на згрижувањето како дел од кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ организирана од СОС Детско село, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.


Министерката Тренчевска истакна дека вклученоста на сите релевантни институции ја дава тежината во промовирање на згрижувачкото семејство како мошне значајна форма на грижа за децата, кои за жал од разни причини не растат и се развиваат во  природната средина, биолошкото семејство. Притоа го истакна значењето на кампањите кои се во насока на подигање на јавната свест кај граѓаните.

„Кампањите се важна алатка во подигање на свеста за она што е од големо значење во општеството во целина. „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ е кампања која што започна на почетокот на месец јуни и завршува во Струмица. Знам дека ќе поттикнеме многу наши сограѓани, струмичани, да се јават како згрижувачи и да направат хумано дело. Згрижувањето е една од најхуманите дела која што едно семејство или еден човек може да го направи. А тоа е да подари топол дом, да подари љубов и грижа, за некое дете кое што во моментот тоа му недостига,“  рече Тренчевска.


Министерката ја потенцираше важноста од правилниот избор на формата на заштита на децата без родители и родителска грижа која им овозможува на децата развивање во здрави личности, да растат како и останатите деца кои живеат во својата природна средина.

Затоа, Министерството за труд и социјална политика, додаде Тренчевска, преку законски решенија, стратегии, програми и активности работи на создавање на услови за секое дете, да расте и се развива во средина блиска на семејната.

На полето на развој и унапредување на услугата сместување во згрижувачко семејство се прават напори да се прошири мрежата, да се подигне квалитетот на грижа во постоечките згрижувачки семејства и да се развијат специјализирани згрижувачки семејства.

Согласно реформата на системот за социјална заштита во делот на поддршка на згрижувачките семејства како нова форма за прв пат е предвиден Центар за поддршка на згрижувачки семејства кој треба да врши промоција на услугата згрижување во семејство, подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки како и да ги следи и дава поддршка на постојните згрижувачки семејства.

На ниво на држава воспоставени се три Центри за поддршка на згрижувачки семејства, Центарот при СОС Детско село, Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје и во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Во моментот во државата има 327 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 559 корисници.

Тренчевска најави дека од месец Септември започува втор циклус на кампањата се со цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства. Таа упати апел до струмичани да се пријават и станат дел од згрижувачките семејства.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }