07.07.2022

Нови кабинети за физио и хидро терапија и сензорна соба во Дневниот центар за лица со попреченост во Берово, донација на Амбасадата на НР Кина 

Дневниот центар за лица со ментална или со телесна попреченост при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Берово, доби нови кабинети за физио и хидро-терапија и сензорната соба, донација од Амбасадата на Народна Република Кина.

На официјалниот настан присуствуваа Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, Амбасадорот на НР Кина, во земјава Н.Е., Џанг Ѕуо, градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Ресми Ејупи, и други претставници од институциите.

За спроведување на проектот беше обезбедена финансиска помош од  еден милион петстотини и четириесет илјади денари, кои беа наменети за опремување со соодветни материјали и средства за кабинетите за физио и хидро-терапија и сензорната соба. Оваа современа опрема, ќе ја олесни работата на вработените во дневниот центар и позитивно ќе влијае на активностите на корисниците.

Материјалите во сензорните соби придонесуваат кон развивање на визуелните, тактилните и аудитивните способности како и развивањето на фина и груба моторика. Смирувачкото дејство кое го предизвикуваат средствата кои се составен дел од собата позитивно влијаат на подобрување на фокусот, прилагодување на правилен одговор на сензорните дразби.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }