30.08.2022

Тренчевска од Женева: Нотиран е напредок на државата во областа на права на децата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како предводник на делегацијата од Република Северна Македонија заедно со претставниците од институциите денеска присуствуваа на вториот ден од презентацијата на Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето во Женева. Делегацијата учесвуваше во интерактивен дијалог со цел објаснување на постигнувањата на Република Северна Македонија во областа на правата на детето и одговор на поставените прашања од страна на членовите на Комитетот.

Повеќе

30.08.2022

МТСП: Во тек е етапната исплата на августовските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 30.08.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец август, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Повеќе

29.08.2022

Министерката Тренчевска го презентираше Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето во Женева

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Женева пред Комитетот за правата на детето го презентираше Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со деца, детска проституција и детска порнографија.

Повеќе

29.08.2022

Министерката Тренчевска денеска ќе го презентира Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правaта на детето во Женева  

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Женева ќе го презентира Извештајот на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ООН за правата на детето и по двата факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со  деца, детска проституција и детска порнографија. 

Повеќе

26.08.2022

Тренчевска: Новата градинка во Боговиње е пример за еднаков пристап и грижа за сите граѓани, обезбедено згрижување за 87 деца 

Жителите на Општина Боговиње за прв пат добиваат нова градинка, во која ќе бидат згрижени 87 деца од оваа општина. Новата градинка е изградена по највисоките стандарди, вклучувајќи и високо ниво на енергетска ефикасност, со што на децата ќе им се овозможи пристап до квалитетна услуга. 

Повеќе

25.08.2022

Тренчевска: Донациите како денешната на „Филип Морис“, нека биде поттик за градење на едно похумано општество за сите 

Донација од облека и опрема за училиште од страна на компанијата „Филип Морис- Тутунски комбинат Прилеп“, наменета за децата од малите групни домови при Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „25 мај“, Скопје  денеска беше доделена во еден од групните домови, како поддршка за почеток на новата учебна година.

Повеќе

24.08.2022

Тренчевска во посета на Дрекслмајер: Заедно со приватниот сектор работиме на поголема социјална инклузија на лицата со попреченост 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со Н.Е. г. Ото Граф, заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел во Германската Амбасада, директорката на Државниот инспекторат на трудот (ДИТ), Весна Томовска и претставници од Министерството за труд и социјална политика беа во посета на германската автомобилска компанија, Дрекслмајер во Кавадарци.

Повеќе

22.08.2022

Тренчевска: Социјалната услуга помош и нега во домот успешно имплементирана во Општина Чучер Сандево  

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ денеска беа во посета на корисници на  услугата помош и нега во домот во Општина Чучер Сандево.

Повеќе

22.08.2022

Тренчевска: Згрижувачките семејства даваат резултати, децата без родители и родителска грижа растат во семејна атмосфера

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети згрижувачкото семејство Гошеви кое има згрижено три деца, на возраст од четири, четиринаесет и осумнаесет години, со различни социјални и здравствени ризици. 

Повеќе

22.08.2022

МТСП: Додатокот од 1000 денари за корисниците на ГМП ќе продолжи од октомври до март

Во однос на информациите изнесени во јавноста за наводно кратење на додатокот од 1000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош, Министерството за труд и социјална политика ја демантира информацијата и ја известува јавноста дека се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП, во период на вонредна состојба во државата.

Повеќе

19.08.2022

Оглас за обучувачи и обучувачки за недискриминација и должност за унапредување на еднаквоста во јавниот сектор

Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Центарот за управување со промени отвора повик за службеници и службенички вработени во јавниот сектор кои сакаат да ги надградат своите знаења и вештини и да станат обучувачи и обучувачки за недискриминација и должност за унапредување на еднаквоста во јавниот сектор.

Повеќе

18.08.2022

Тренчевска ги посети децата корисници на бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и други права во Крушево   

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги посети децата-корисници на бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и други права за 2022 година во одморалиштето „Шула Мина“ во Крушево. 

Повеќе

18.08.2022

Тренчевска: Инвестираме во детската заштита, дел од Домот за доенчиња и мали деца во Битола станува детска градинка која ќе згрижи 80 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска потпишаа Договор за соработка со кој двете страни се согласни да соработуваат и да делуваат во рамките на своите стратешки определби преку поддршка на активности од јавен интерес за унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на детската заштита, со цел да придонесат за зголемување на опфат на деца во детските  градинки.

Повеќе

18.08.2022

МТСП: Денес и утре портокалова фаза во цела држава-се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на денешниот и утрешниот ден од 18.08 до 19.08.2021 година.

Повеќе

17.08.2022

Тренчевска во посета на Гевгелија: Се грижиме за најранливите граѓани, помошта и поддршката да стигнат каде што се најпотребни

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамките на денешната посета на Општина Гевгелија, оствари средба со пензионерите на оваа општина, ги посети вработените и децата од ЈОУДГ „Детска радост“,  Центарот на социјална работа и посетата на Општина Гевгелија ја заокружи со посета на домот на корисници на права и услуги од системот на социјална заштита.

Повеќе

11.08.2022

Тренчевска: Младите ја движат државата напред, вложувањето во нив останува во нашиот фокус

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на Младинската конференција „Младите во Отворен Балкан – шанси и перспективи за сигурен напредок во регионот“, организирана од страна на Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија. На конференцијата беа присутни и Министерот за Млади и спорт на Република Србија, Вања Удовичиќ, Министерот за Млади и спорт на Црна Гора, Василије Лалошевиќ, заменици министрите за образование и наука и култура како и Директорот на Агенција за Млади и Спорт, Наумче Мојсовски и Националната координаторка на Отворен Балкан, Нола Исмајлоска.

Повеќе

05.08.2022

МТСП: Корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за месеците од октомври до март 

Министерството за труд и социјална политика, преку прилагодување на прописите од областа на социјалната заштита, обезбеди олеснет пристап до остварување на правото на гарантирана минимална помош и остварување на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците од април до септември за време на вонредни околности, односно за времетраењето на пандемијата со КОВИД 19.

Повеќе

04.08.2022

Тренчевска за Ал Џезира: Работиме на зголемување на обемот и достапноста на социјалните услуги

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во интервјуто за Ал Џезира зборуваше за измените во Законот за работни односи и правата и услугите на лицата со попреченост.

Повеќе

04.08.2022

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2022 година.

Повеќе

01.08.2022

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани се секогаш во нашиот фокус

„Една од првите задачи кога дојдов како министерка беше измената на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој што се регулирани пенизиите. Заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери и Партијата на пензионери во Република Северна Македонија преку социјален дијалог дојдовме до измени на законот со цел подобрување на животот и статусот на пензионерите во нашата држава“ рече Тренчевска.

Повеќе

01.08.2022

Тренчевска: Работиме на унапредување на социјалните услуги со цел поквалитетен живот на лицата со попреченост и старите лица

Министерката за труд и социјална политика денеска гостуваше на утринската програма на Македонска Радио Телевизија. Темите на кои што министерката говореше беа поврзани со услугата лична асистенција, вториот јавен повик за социјални услуги во општините, новата методологија за усогласување на пензиите и детската заштита.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }