19.04.2023

Тренчевска за Топ тема: Законите постојат за да ги штитат правата на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на своето гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија зборуваше за измените на Законот за работни односи, зголемувањето на платите во јавниот сектор и за последните случувања по прашањето за родовата еднаквост на ниво на државата.

Тренчевска на почетокот од своето гостување го истакна брзото ширење на дезинформации во однос на измените на Законот за работни односи во делот на траењето на работното време.

„Со измените кои се предложени од страна на пратениците во собранието е истакнато дека се бара да биде работното време над 8 часа. Тоа не значи дека сите вработени кои ќе работат на Коридорот ќе работат 60 часа неделно односно прекувремено 20 часа во неделата“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека зависно од процесот на работа и од временските услови во кои работат лицата, работното време ќе биде различно. Затоа беше побарано да биде прекувремена работа повеќе од 8 часа, но тоа не значи дека прекувремената работа ќе биде 60 часа. Министерката рече и дека без писмена согласност на работникот, ниту едно лице нема да работи прекувремена работа. Таа истакна дека секоја прекувремена работа се пријавува во државниот инспекторат за труд и рече дека тоа е органот кој врши надзор дали е извршена прекувремена работа и дали е платена.

„Предлогот што е даден во собранието на ја одредува горната граница, разговаравме со предлагачите на законот во собранието и со пратениците за да може да се утврди горната граница. Разговорите продолжуваат и секако ќе донесеме закон кој ќе ги штити правата на работниците“ рече Тренчевска.

На гостувањето беше отворена и дискусија на тема зголемување на платите.

„Согласно Законот за минимална плата е предвидено зголемување на останатите плати, онаму каде во основната плата е вклучена компонента на минимална плата. За жал зголемувањето на платата на функционерите е одлука на уставен студ. Бараме начин се да вратиме во правобитна состојба, ваквото покачување на платите според мене не е фер“ рече Тренчевска во однос на платите.

Таа се наврати и на состојбата во 2014 година посочи дека уставниот суд од тој период не ја разгледа одредбата за покачување на платите дали е уставна или не. Исто така истакна дека во услови кога се зголемија пензиите и платите и во време кога се воспостави систем една одлука на уставен суд ги руши сите добри политики.

Тренчевска го заврши своето интервју со темата за дискриминација на жените и родовата еднаквост. Истакна дека жените живеат во демократија, а не во инквизиција и посочи дека жените треба да бидат во своите права исти со мажите. Рече дека како жени не бараат ништо повеќе од еднакви можности.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }