19.04.2023

Тренчевска: Новите истражувања водат кон нови општествени успеси

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити присуствуваа на претставувањето на студијата „Пристап до услуги за долготрајна нега во Северна Македонија“ во рамки на Проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“.

Тренчевска во своето обраќање го истакна достигнувањето на Министерството за труд и социјална политика во однос на услугите кои се спроведуваат, а одговараат на терминот долготрајна нега.

„Во моментот на територијата на Република Северна Македонија согласно Законот за социјална заштита постојат 78 лиценцирани даватели на социјални услуги, кои имаат капацитет да обезбедуваат услуги за над 3361 корисници. Склучени се 19 управни договори со здруженија и приватни даватели на социјални услуги за давање на социјални услуги како што е лична асистенција, помош и нега во домот, услуга за дневен престој, привремен престој, живеење со поддршка, третман и рехабилитација на лица кои имаат проблем со зависности и услугата за стручна помош и поддршка“ рече Тренчевска.

Таа се осврна и на „Проектот за подобрување на социјалните услуги“ и посочи дека заклучно со декември 2022 обезбеди поддршка за 34 проекти преку кои се создадоа услови за развој на социјални услуги кои опфаќаат околу 1300 корисници на локално ниво во вкупно 41 општина и рече дека голем дел од нив се токму во руралните средини.

Министерката Тренчевска даде посебно значење на новите истражувања и на крајот од своето обраќање посочи дека новите истражувања секогаш водат кон нови општествени успеси.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }