30.09.2021

Шахпаска: При посетата на малиот групен дом видов среќни деца кои сега успешно се справуваат со предизвиците во животот 

„Денешната посета на малиот групен дом во Скопје е само уште една потврда за успешноста на социјалната реформа, со која целосно ја променивме институционалната грижа за децата. Сега младите со воспитно социјални проблеми наместо во големи институции се сместени во мали групни домови, каде добиваат семејна топлина и грижа од воспитувачите“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при посетата не малиот групен дом кој е во склоп на Јавната институција „25 Мај“. Со процесот на деинституционализација децата со воспитно социјални проблеми се сместени во објекти со капацитети до најмногу седум деца, а оние со нарушено поведение во објекти до пет деца. 

Повеќе

30.09.2021

Шахпаска: Волково ја добива првата детска градинка. Енергетски ефикасен објект изграден според највисоките европски стандарди за целосна инклузија на децата со попреченост 

Граѓаните на Волково добиваат градинка во својата населба, која ќе овозможи згрижување на 175 деца до шестгодишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, го направија денешниот увид во доуредувањето и опремувањето на објектот. 

Повеќе

30.09.2021

Хусејин: Миграциските токови бараат сеопфатен пристап во однос на креирањето на политики во миграцискиот дискурс

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин го отвори вториот Управувачки одбор за проектот ,,Институционална поддршка за зајакнување на миграцискиот дискурс, политика и планирање базирано на факти и релевантни податоци“. Овој проект е финансиран од Глобалниот мултипартнерски фонд за миграции, а спроведен од ИОМ, УНХЦР и УНФПА. 

Повеќе

29.09.2021

Шахпаска: Семејството Ангелески од Демир Хисар задоволни од услугата помош и нега во домот, заслужено ги уживаат пензионерските денови 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети брачниот пар, Ангелина и Александар Ангелески, во Демир Хисар, кои се корисници на услугата помош и нега во домот на стари лица. Шахпаска по средбата посочи дека оваа социјална услуга придонесе за поквалитетен живот и спокојни пензионерски денови на брачните другари Ангелески кои зачекорија во деветтата деценија од животот. За семејството веќе два месеци се грижи негувателка која им помага во  набавката на лекови и храна, одржување на хигиената во домот, им помага при прошетките и употребата на електронски уреди.  Во Демир Хисар услугата помош и нега во домот ја даваат седум негувателки кои се грижат за 21 корисник над 65 години.  

Повеќе

28.09.2021

МТСП: Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 28.09.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на септемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

24.09.2021

Шахпаска за Канал 5 ТВ: Ги поттикнувам општините активно да се вклучат во воспоставување на социјалните услуги на локално ниво

Министерство за труд и социјална политика работи на проширување на сместувачките капацитети за стари лица кои се оставени сами на себе, рече министерката Јагода Шахпаска во интервју за Канал 5 телевизија.

Повеќе

23.09.2021

Шахпаска по повод Меѓународниот ден на знаковниот јазик: Се подготвува ново законско решение за вработување на лицата со различна попреченост, вклучувајќи ги и глувите и наглуви лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод одбележувањето на 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик, учествуваше на тркалезна маса на тема „Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација“, во организација на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија.

Повеќе

23.09.2021

Шахпаска: Ќе разгледувме нов начин како да се подобри пензионерскиот стандард

И во време на економска и здравствена криза од која беа погодени сите држави во светот, не само нашата, успеавме редовно да ги исплаќаме пензиите на 325.000 пензионери, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју на Утрински брифинг. Таа посочи дека преку пензиската реформа пензиите ќе се усогласуваат и ќе растат бидејќи пензискиот фонд е во стабилна состојба. Според неа економијата постепено ќе закрепнува и со порастот на БДП – за кој постојат сериозни анализи дека ќе биде над 4.1%, пензиите ќе продолжат да растат.  

Повеќе

23.09.2021

Шахпаскa: Пратениците од опозицијата да не го блокираат Предлог законот за Недела ден на неделен одмор

Пратениците од опозицијата треба да покажат свест за правата на работниците, и да ја прекинат блокадата за да се создадат услови да помине предлог законот за недела ден на неделен одмор низ собраниска процедура, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во интервју за Утрински брифинг. Според неа секое доцнење значи пролонгирање на примената на ова право кое работниците го очекуваат. И понатаму многу работници наместо со семејствата во недела, ќе бидат на работа и дополнително за тоа нема да бидат платени.

Повеќе

22.09.2021

Шахпаска: Намалувањето на непријавената работа води кон сигурен економски раст и повисок животен стандард

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на дебата посветена на неформалната економија насловена „Препознавање и намалување на неформалната економија во Република Северна Македонија“, во организација на Министерството за финансии и УНДП и поддршка на Амбасадата на Република Словачка во нашата држава.

Повеќе

21.09.2021

МТСП: Пратениците од опозицијата да не го блокираат законското решение за недела - ден на неделен одмор, работниците го очекуваат ова право

Министерството за труд и социјална политика апелира до пратениците од опозицијата да не ја кочат собраниската процедура за Предлог-законот за изменување и дополнување на работните односи, со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор.

Повеќе

20.09.2021

Шахпаска: Унапредувањето на квалитетот на стручниот кадар е предуслов за квалитетно предучилишно образование

Подигнување на квалитетот на услугите во предучилишното образование и грижа што треба да доведе до поголеми образовни постигнувања, личен развој и социјална вклученост на децата, беше тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со експертскиот тим кој работи на Проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, финансиран во рамите на Акција 4 „Образование, вработување и социјална политика“ од Акциската програма на ИПА 2017. 

Повеќе

20.09.2021

Министерката Шахпаска на одбележување на 75 години постоење на Сојузот на пензионери: Создаваме систем, кој обезбедува навремена исплата и сигурен раст на пензиите

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев присуствуваше на одбележувањето на Денот на пензионерите и јубилејот - 75 години од постоењето на Сојузот на пензионери.

Повеќе

17.09.2021

Средба помеѓу министерката за труд и социјална политика Шахпаска и постојаната претставничка на УНДП Сахакјан: Вложениот труд и одличната соработка беа предуслов за успех на заедничките проекти

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска одржа проштална средба со постојаната претставничка на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан. На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу УНДП и Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

17.09.2021

Министерката Шахпаска учествуваше на министерски состанок за новата Програма за економски реформи (ПЕР) 2022-2024, МТСП со мерки во три области

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска присуствуваше на министерскиот состанок организиран од Министерство за финансии, на кој се дискутираше за предложените реформски мерки во новата Програма за економски реформи (ПЕР) 2022-2024.

Повеќе

16.09.2021

Средба на министерката Шахпаска со регионалната директорка на UN Women за Европа и Централна Азија, Алиа Ел Јасир

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со регионалната директорка на UN Women за Европа и Централна Азија, Алиа Ел Јасир.

Повеќе

16.09.2021

МТСП: Повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост достапни и на македонски јазик

Од денеска на македонските граѓани им се достапни повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост. Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ) ги преведе Поимникот и Речникот кој ги содржи сите синоними и сродни концепти и на македонски јазик.

Повеќе

15.09.2021

Министерката Шахпаска на меѓународната конференција „Жените во надворешната политика“: Нашиот успех ќе биде целосен само ако охрабриме и мотивираме најмалку уште една жена да зачекори храбро во светот на мажите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на меѓународната конференција  „Жените во надворешната политика“, организиран од страна на Министерството за надворешни работи. Во своето обраќање на тема „Ковид 19 и неговото економско влијание врз жените“, рече дека и покрај светската здравствено- економска криза, Министерството за труд и социјална политика донесе два клучни закони, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за спречување  и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Повеќе

13.09.2021

Шахпаска: Со измените во Правилникот за исхрана придонесуваме за правилен раст и развој на децата во градинките  

Денеска работната група формирана со цел ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките го одржа првиот работен состанок во Клубот на пратеници.

Повеќе

06.09.2021

Средба на министерката Шахпаска со Дервишагич од Советот на Европа: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на ромската заедница, како и на подобрување на квалитетот на живеењето

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска имаше средба со оперативната директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Лејла Дервишагич, со која разговараше за процесот на реализација на втората фаза на Програмата РОМАКТЕД.

Повеќе

03.09.2021

Шахпаска: Ја повикувам локалната власт да се вклучи во обезбедување на услугата помош и нега во домот на стари лица 

Денес министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, го посети Здружението на пензионери во Општина Пехчево. На средбата стана збор за прашања во доменот на висината на пензијата и за начинот на кој таа се усогласува. 

Повеќе

03.09.2021

Шахпаска: Продолжуваме со реновирањето на детските градинки 

Денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ја посети детската градинка „7 Септември“ во Пехчево. Во градинката реновирани се две занимални, комплетно опремени со нови шкафчиња, маси и столчиња. Реконструирана е оградата на дворот, обновени се бетонските патеки по кои ќе се движат дечињата во градинката, а најмалите ќе си играат на новопоставените меки подлоги и тоа со реквизити кои овозможуваат  правилен раст и развој. 

Повеќе

02.09.2021

Шахпаска: Социјалните претпријатија креираат одржливи општествени решенија

Економско-социјалниот совет денеска ја одржа својата 14 седница на која се разгледуваше Стратегијата за развој на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија (2021–2023) со Акцискиот план 2021–2023. Членовите на ЕСС го разгледаа и Извештајот за ревидираниот Акциски план за формализирање на неформалната економија 2018–2020, а беше разгледан и Акцискиот план за формализирање на неформалната економија 2021-2022.  

Повеќе

02.09.2021

Шахпаска: Пописот ќе ни овозможи реална слика за потребата од отворање на нови Дневни центри за лица со попреченост 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска ги посети Дневните центри за лица со попреченост и за деца со аутизам, во скопската населба Топанско Поле.

Во Дневниот центар за деца со аутизам, каде услигите ги дава невладиното здружение „Имаго плус“ се вршат индивидуални и групни третмани за околу 108 деца на возраст од 20 месеци до 14 години. 

Повеќе

01.09.2021

Шахпаска: Безбедни градинки за безбедна иднина на нашите најмали, вакцинирајте се​ ​

Денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја посети детската градинка „Сончоглед“, клон на ЈДГ „Весели цветови“ во скопската Општина Кисела Вода. На првиот ден од месец септември кога бројот на децата во градинките се зголемува, министерката апелираше за важноста од почитувањето на здравствените протоколи во време на пандемијата предизвикана од Ковид – 19. Таа нагласи дека состојбата во градинките е стабилна.

Повеќе

01.09.2021

Министерката Јагода Шахпаска на средба со Рене Шлее​, новиот директор на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во Република Северна Македонија 

Денес министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, одржа средба со новоизбраниот директор на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во Република Северна Македонија, Рене Шлее.​

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }