29.01.2021

Нов Центар за децата во ризик и Прифатен  центар за деца-минувачи во рамки на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, каде во моментов во завршна фаза е реконструкцијата на дел од овој објект и негова пренамена.

Повеќе
28.01.2021

Шахпаска: Да се бори за своите права, да бара заштита на правата, може само оној кој е добро информиран и добро запознаен со своите права

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на прес-конференцијата организирана од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ), каде што присуствуваа претставници на ЕУ, Државниот инспекторат за труд (ДИТ), Организација на работодавачи на Македонија(ОРМ) и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Повеќе

27.01.2021

Наскоро започнува проектот за поддршка на Владата на Северна Македонија во транспонирањето на правото на ЕУ за родова еднаквост

На денешната средба помеѓу министерката за труд и социјлна политика Јагода Шахпаска, раководителката на Канцеларијата на UN Women во Скопје, Весна Ивановиќ Кастареде, и регионалната експертка која учествувала во подготовка на проектот, Доли Витбергер, беше презентиран проектот “Gender mainstreaming advisory services to the North Macedonian administration at central level”.

Повеќе

27.01.2021

Средба на министерката Шахпаска со претставници на Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Скопје

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставници на Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Скопје, на која се разговараше за важноста на развојот на социјалните услуги на локално ниво, со цел нивна поголема достапност на лицата на кои им е потребна.

Повеќе

27.01.2021

Министерката Шахпаска на панел дискусија: "Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од КОВИД 19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат"

"Пандемијата од КОВИД 19 не претставува само здравствена криза, туку сериозна социо-економска и психолошка криза, заради што бевме соочени со предизвикот како на најдобар начин се справиме со неа, без да има импликации врз нашето здравје но и без да се одрази негативно врз нормалното функционирање на економијата", истакна министерката Шахпаска на втората сесија од вториот циклус на Работната група -2, Социјална политика и вработување која дејствува во рамките на Националнта конвенција за Европската унија во РС Македонија (НКЕУ-МК), насловена "Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од КОВИД 19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат“.

Повеќе

26.01.2021

Средба на министерката Шахпаска со директорот на Државниот завод за статистика, Симовски

Министерката за труд и социјaлна политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски на која што разговaрaa за претстојниот попис на населението на Република Северна Македонија и за потребата од евентуална меѓусебна соработка во делот на попишување на бездомните лица.

Повеќе

25.01.2021

Министерката Шахпаска на завршна конференција на проектот за „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“

"Регулирањето на семејното насилство во позитивното законодавство ја вбројува Северна Македонија во редот на држави кои, покрај задолжителното давање на соодветна заштита на жртвата на семејно насилство, воведе и комплементарна правна заштита на жртвите во овие случаи,“ посочи министерката Шахпаска. Таа истакна дека во нашата држава, семејното насилство е регулирано и со граѓанското и во казненото законодавство.

Повеќе

25.01.2021

МТСП: Од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии

Oд утре 26.01.2021 година, (вторник) почнува етапната исплата на јануарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

22.01.2021

Започна со работа консултативната група за реформи во системот за предучилишно згрижување и воспитание на децата

„Покрај тоа што работиме на зголемување на капацитетите за сместување на деца во предучилишни установи, интензивно работиме и на зголемување на квалитетот на кадарот кој што е задолжен за грижа за дечињата. Инициравме активности за воспоставување на систем за професионален развој и напредување во кариерата на практичарите од предучилишно образование и грижа,“ рече министерката Шахпаска.

Повеќе

21.01.2021

Министерката Шахпаска учествуваше на Подготвителниот состанок за нацрт Програмата на економски реформи 2021 – 2023

„Министерството за труд и социјална политика во областа на пазарот на трудот во изминатите години активно учествуваше во делот на структурните реформи кои се дел од економските реформски програми, како што беше развојот и имплементацијата на индивидуалните планови за вработување кои ги спроведува Агенцијата за вработување, Гаранцијата за млади и Стратегијата за формализација на неформалната економија 2018-2022 година“, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Подготвителниот состанок за нацрт Програмата на економски реформи 2021 – 2023.

Повеќе

21.01.2021

Шахпаска: Општина Боговиње ја доби својата прва градинка со капацитет да згрижи 87 деца, грижата за децата е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Јета“ во населеното место Камењане, Општина Боговиње.

Повеќе

21.01.2021

Шахпаска на Утрински брифинг: Продолжуваме силно да се бориме против насилството и да ги охрабруваме жртвите јасно и гласно да говорат

„Состојбата во нашата држава се менува во позитивна насока, особено последниве неколку години, затоа што говориме многу гласно за овие прашања. Организирано како институции, како власт, како парламентарци правиме се што придонесува за состојбите на насилството, семејното  насилство, сексуално вознемирување, бидат состојби за кои јавно ќе зборуваме, со цел подигнување на јавната свест, преку јавно именување на сторителите на насилство  и одбележување на насилството како негативна појава во општеството,“ потенцираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на емисијата „Утрински брифинг“, на тема насилство, превенција од истото, охрабрување на жртвите за негово пријавување и кои механизми нашата држава ги има за борба против сите форми на насилство.

Повеќе

20.01.2021

Министерката Шахпаска учествуваше на панел дискусија:„Прав(да) за деца–ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на панел дискусија насловена „Прав(да) за деца –ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“, проект финансиран од ЕУ и кофинансиран од УНИЦЕФ, каде што учество земаа и министрите за внатрешни работи и правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ, амбасадорот на ЕУ за Северна Македонија, Дејвид Гир и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани.

Повеќе

20.01.2021

МТСП: Пензионерите со јануарската  пензија добиваат зголемени пензии за 1.2%,  по основ на усогласување со пораст на трошоците  за живот

Пензионерите со јануарската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот кои во второто полугодие од 2020 година во однос на првото полугодие истата годинa изнесуваат 1,2%.

Повеќе

18.01.2021

Шахпаска: Со законското усогласување пензионерите добиваат плус 185 денари месечно, на годишно ниво е околу 2200 денари, што е многу повеќе од линеарното претходно

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24 зборуваше за пензискиот систем, законското решение недела да биде неработен ден, невработеноста во услови на пандемија и политиките и мерките за полесно премостување на кризниот период .

Повеќе

15.01.2021

Прес-конференција на министерката Шахпаска и директорот на АВРСМ, Демири: Оперативниот план за 2020 година постигна одлични резултати со високи 94,5% реализација и опфатени 10.953 невработени лица

Министерката  за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири денеска одржаа прес-конференција на која ја  презентираа реализацијата на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2020 година.

Повеќе

15.01.2021

Економско социјалниот совет на денешената седница го усвои Оперативниот план за вработување за 2021 година

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, дискутираше по неколку точки од кои најзначајно место зема новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година.

Повеќе

13.01.2021

Шахпаска: Општина Новаци ја доби својата прва градинка со капацитет за 50 деца, грижата за најмладите е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на новата детска градинка „Бамби“ во Општина Новаци.

Повеќе

12.01.2021

Средба на министерката Шахпаска со претставници на Центарот за управување со промени (ЦУП)

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари работна средба со претставници на Центарот за управување со промени (ЦУП), кои активно работат на зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евро - интеграцијата со цел позитивни промени во општеството.

Повеќе
04.01.2021

Средба на министерката Шахпаска со Македонската асоцијација на Туристички водичи и Придружници

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставници на Македонската асоцијација на Туристички водичи и Придружници, на која се разговараше за можноста за правна регулација на нивниот статус.

Повеќе
04.01.2021

Работна средба помеѓу претставниците на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РСМ

Во Министерството за  труд и социјална политика денеска се оддржа работна средба помеѓу претставници од министерството и Агенцијата за вработување на РСМ, предводени од министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и директорот на АВРСМ, Абдуш Демири.

Повеќе

04.01.2021

МТСП: Исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 5 јануари 2021 година (вторник) започнува исплатата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита (сите парични прва) за месец декември 2020 година.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }