30.11.2021

Министерката Шахпаска ќе учествува на Меѓународната конференција за демографска отпорност во Софија, Р. Бугарија

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска попладнево замина во Софија, Р. Бугарија каде ќе ја предводи македонската делегација на дводневната Меѓународна министерска конференција, на која главна тема ќе биде демографската отпорност во услови на големи демографски промени.

Повеќе

30.11.2021

Министерката Шахпаска го претстави Предлог-Граѓанскиот буџет на МТСП за 2022 година: Капиталните инвестиции ги зголемуваме за 100%, градиме нови детски градинки, Домови за стари лица и Дневни центри за лица со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска на прес-конференција го претстави Предлог-Граѓанскиот буџет на Министерството за труд и социјална политика за 2022 година, кој целосно ги одразува заложбите и приоритетите на министерството - адресирање на потребите на граѓаните со акцент на ранливите категории.

Повеќе

29.11.2021

Средба Шахпаска- Форсгрен Бенгтссон: Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример прифатени и од другите држави во регионот

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија Кристин Форсгрен Бенгтссон.

На средбата ги презентираше активностите кои Министерството за труд и социјална политика во континуитет ги презема на планот на превенција и заштита на жртвите од трговија со луѓе, особено на жените и децата.

Повеќе

29.11.2021

Шахпаска: Со имплементирањето на Истанбулската конвенција воспоставивме законска и институционална рамка за спречување и борба против насилството 

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска претседаваше со втората седница на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство.

Повеќе

27.11.2021

Средба Шахпаска - Граната Менгини: Низ процес на широки консултации ќе дојдеме до најдобриот закон за родова еднаквост, Венецијанската комисија е консултирана уште во рана фаза
 
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одржа работна средба со Симона Граната Менгини, секретарката на Венецијанската комисија, на која се разговараше за процесот на подготовка на законското решение за родова еднаквост и опсежните консултации што Министерството ги води со сите засегнати страни и институции.
Министерката Шахпаска информираше дека веќе е изготвена драфт верзија на Законот за родова еднаквост и дека до крајот на месецот се очекува и стручни лица од ЕУ да дадат мислење за првичната верзија.

Повеќе

27.11.2021

Средба Шахпаска-Самарџиќ Марковиќ: Политиките за ранливите категории граѓани даваат резултати, искуствата од нашите партнери од Советот на Европа се значајна поддршка

На маргините на Меѓународната конференција за жените Ромки и патувачите министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се сретна со генералната директорка на директоратот за демократија Снежана Самарџиќ Марковиќ.

Повеќе

26.11.2021

Средба Шахпаска – Пејчиновиќ Буриќ: Преку системски политики против дискриминацијата и насилството врз жените обезбедуваме заштита и унапредување на правата на граѓаните
 
Во рамките на Меѓународната конференција за жените Ромки што се одржа во Советот на Европа во Стразбур, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше средба со генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Повеќе

26.11.2021

Шахпаска на Меѓународна конференција за жените Ромки: Со политики против родови стереотипи и сексизам создаваме општество кое интегрира 

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска учествуваше на 8. Меѓународна конференција на жената Ромка, во организација на Советот на Европа во Стразбур, на која меѓудругото, се разговараше и за влијанието што Ковид-19 го имаше врз Ромите, во однос на здравствената заштита, но и во однос на човековите права, дискриминација, расизам, вработување, родова еднаквост, младите.

Повеќе

26.11.2021

МТСП: Во тек  е етапната исплата на ноемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека од денес 26.11.2021 год. (петок) започнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

19.11.2021

Отворен првиот Национален центар за поддршка на социјалните претпријатија 

На денешното отворање на првиот Национален центар за поддршка на социјалните претпријатија министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска рече дека Центарот ќе овозможи системска поддршка на новите и на постојните социјални претпријатија, бидејќи тие се клучни во решавање на предизвиците на локално ниво поврзани со сиромаштијата, невработеноста и други социо-економски прашања во врска со интеграцијата на ранливите групи на  граѓани. На сите заинтересирани Националниот центар ќе им овозможи да добијат едукација, советување, обука, како и финансиска поддршка. 

Повеќе

17.11.2021

Шахпаска: Ги повикувам граѓаните да ги искористат активните мерки од Оперативниот план за да ја зголемиме активноста на пазарот на трудот

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при денешната посетата на Крушево ги повика граѓаните да се вклучат и да ги искористат активните мерки од Оперативниот план, со цел да се намали невработеноста на сметка на зголемување на активноста на пазарот на трудот. При увидот во имплементацијата на програмата за Економска грижа од Оперативниот план преку која се спроведува мерката Општинско корисна работа, министерката ги посети Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби и 76 годишната Соња Рунеска. Во Крушево преку мерките Обука и вработување на лица кои ќе се грижат за лицата со попреченост и лица со хронични болести во заедницата и Поддршка на претприемништво и формирање на правни субјекти даватели на услуги за грижа на заедницата, вработени се 13 лица кои испорачуваат грижа за вкупно 58 корисници.

Повеќе

17.11.2021

МТСП: Обезбедени дополнителни 284,9 милиони денари за нови 1.216 вработувања преку Оперативниот план за вработување 

Министерството за труд и социјална политика обезбеди дополнителни 284,9 милиони денари за нови 1.216 вработувања, кои ќе бидат реализирани преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување.  

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика, го разгледа и прифати ревидираниот Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година. Во ревидираниот Оперативен План се имплементирани дополнителните средства во износ од 284.960.000 денари, обезбедени со Буџетот на Република Северна Македонија.

Повеќе

16.11.2021

Средба на Шахпаска – Тавила: Со добра хармонизација на здравствената и социјална заштита граѓаните добиваат поголема правичност и еднаквост во пристапот до услугите  

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничката на СЗО во Северна Македонија, Жихан Тавила, шефицата на Европската Канцеларија на СЗО во Венеција, Италија Крис Браун и останатите соработници.

Тема на средбата беше справувањето со социо-економските нееднаквости при пружање на здравствените услуги на граѓаните. Акцентот беше ставен на меѓуинституционалната соработка и размената на податоци како особено значајни во креирањето на мерки за ранливите категории граѓани.

Повеќе

15.11.2021

Шахпаска: Ситуацијата со Ковид 19 во градинките останува стабилна

Во изминатите седум дена регистрирани се 5 новозаразени дечиња во градинките и 21 вработено лице, што говори дека состојбата со ковид пандемијата во градинките е стабилна и дека тие се безбедно место за згрижување на децата од нула до шестгодишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во интервју за Утрински брифинг. 

Повеќе

15.11.2021

Министерката Шахпаска за Утрински брифинг: Со Новиот Закон за работни односи, се скратува времетраењето на Договорите на определено време   

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервјуто на Утрински брифинг, посочи дека очекува од пратениците што побрзо да го донесат законското решение недела неработен ден бидејќи тој е во интерес на сите граѓани. Таа потсети дека за овој предлог закон кој е во второ читање на Комисијата за труд и социјална политика, имаше неколку обиди да се отвори амандманска расправа уште пред локалните избори.

Повеќе

10.11.2021

Шахпаска: Предложените измени на менито во градинките се клучни за правилен детски развој

Работната група за ревидирање на Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките денеска во Министерството за труд и социјална политика одржа работен состанок. На состанокот кој го отвори министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска се дискутираше за предложените измени на менито на детските градинки.

Повеќе

04.11.2021

Министерката Шахпаска ги додели признанијата за најдобро рангирани компании во нашата држава согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2021 година 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании во нашата држава согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2021 година. Изборот на компаниите го организира Националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.

Согласно резултатите од работата на комисиите и оценувањето, добитници на признанијата оваа година се компаниите: Кромберг и Шуберт (Kromberg & Shubert) - Битола, Млекара АД - Битола и Риве Шпед – Богданци.

Повеќе

03.11.2021

Шахпаска: До ноември реализирани 85% проценти од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување, обезбедени се дополнителни 284 милиони денари за најатрактивните мерки

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше работна средба со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Абдуш Демири на кој беше презентиран извештај за реализацијата на Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување за оваа година.

Повеќе

02.11.2021

Средба Шахпаска-Галовеј: Ја интензивираме соработката со Велика Британија, унапредувањето на положбата на Ромите е заеднички приоритет

Министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Н.Е. Рејчел Галовеј. На средбата министерката и амбасадорката разговараа за тековните проекти на Министерството, со посебен акцент на проектите кои се однесуваат за помош и реинтеграција на Ромите во време на Ковид-криза.

Повеќе

01.11.2021

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита 

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2021 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 1 ноември 2021 година. 

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }