20.05.2021

Шахпаска: Обезбедуваме лична асистенција и за децата од 6 до 18 годишна возраст, 200 деца добиваат лични асистенти како поддршка во секојдневните активности

„Личната асистенција претставува индивидуaлна помош и поддршка за лица со потешка и најтешка физичка попреченост и потполно слепи лица, чија цел е независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и вршење на секојдневните активности. Предложените измени во Законот за социјална заштита, во делот на личната асистенција, се однесуваат на  спуштање на возрасната граница од 18 на 6 годишна возраст за услугата лична асистенција, а придобивката од ова законско решение е дополнителни 200 корисници на возраст од шест до 18 години да добијат лични асистенти“, подвлече министерката Јагода Шахпаска, на денешната јавна расправа за предложените измени во Законот за социјална заштита, во Собранието на Република Северна Македонија.

Повеќе

19.05.2021

МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период.

Повеќе

19.05.2021

Шахпаска на средба со Сојузот на здруженија на пензионери: Продолжуваме со грижата за највозрасната категорија на граѓани, ги доближуваме социјалните услуги во местото на живеење, инвестираме во нови домови за стари лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери.

Повеќе

17.05.2021

Шахпаска на панел дебата по повод 17 мај-Меѓународен ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија: Преку законски решенија, стратегии и Национален акциски план, ги унапредуваме правата на ЛГБТИ заeдницата, затоа што сите граѓани се важни 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на панел дебата по повод 17 мај-Меѓународен ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија, организирана од Делегацијата на ЕУ во земјава, на која учествуваа и амбасадорот Дејвид Гир, пратеничката Морачанин, преставници на граѓански организации и Комисијата за заштита и спречување од дискриминација.

Повеќе

14.05.2021

Министерката Шахпаска на состанок со Мисијата на ММФ: Зачувавме 80 илјади работни места, продолжува процесот на економско заздравување, креираме современа регулатива за работните односи
 
Владата на Република Северна Македонија заслужува признание за политиките што ги презеде и за начинот на кој се справуваше со предизвиците од пандемијата со Ковид-19, беше заклучено на денешниот онлајн состанок што министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска го одржа со претставници на Мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд.

Повеќе

10.05.2021

Шахпаска: Многу е значајно сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот. Таа во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност е сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски.

Повеќе

07.05.2021

Министерката Шахпаска на тркалезна маса на тема „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на тркалезна маса на тема „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“, на која што се презентираше „Анализата за ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка“, во организација на Аналитика тинк-тенк, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Повеќе

06.05.2021

Шахпаска: Со деинституционализацијата Заводот за рехабилитација Бања Банско ќе прерасне во современ давател на социјални услуги

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско во Општина Струмица кој  што претставува дел од процесот на деинституционализација започнат со воведувањето на социјалната реформа.

Повеќе

05.05.2021

Заменик министерот, Хусејин го посети здружението на лица со посебни потреби ,,СОС ВИТА"

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин денеска изврши го посети здружението на лица со посебни потреби ,,СОС ВИТА" со цел донирање на опрема односно инвалидски колички и средства за хигиена кои во март месец беа донирани од страна на Црвената полумесечина на Република Турција.

Повеќе

05.05.2021

Министерката Шахпаска на работен состанок со Фондацијата Отворено општество – Македонија: Продолжуваме со реализација на заложбите кои значат испорака на потребите на ранливите категории граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн работен состанок помеѓу Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и претставници од Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

05.05.2021

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме од Комисијата за заштита од заразни болести да дозволи зголемување на групите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со претставнички на мајките коишто се на породилно отсуство. На средбата се разговараше за состојбата за упис на децата во градинките, како и за потребата општините и директорите на градинките соодветно да го раководат процесот на прием на деца во градинките, за да се овозможи целосно искористување на капацитетите во градинките.

Повеќе

04.05.2021

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец април 2021 година.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->