29.09.2021

Шахпаска: Семејството Ангелески од Демир Хисар задоволни од услугата помош и нега во домот, заслужено ги уживаат пензионерските денови 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети брачниот пар, Ангелина и Александар Ангелески, во Демир Хисар, кои се корисници на услугата помош и нега во домот на стари лица. Шахпаска по средбата посочи дека оваа социјална услуга придонесе за поквалитетен живот и спокојни пензионерски денови на брачните другари Ангелески кои зачекорија во деветтата деценија од животот. За семејството веќе два месеци се грижи негувателка која им помага во  набавката на лекови и храна, одржување на хигиената во домот, им помага при прошетките и употребата на електронски уреди.  Во Демир Хисар услугата помош и нега во домот ја даваат седум негувателки кои се грижат за 21 корисник над 65 години.  

„Како Министерство за труд и социјална политика заедно со нашите партнери успеавме да го постигнеме она што се залагавме - нашите родители, роднини и пријатели да имаат квалитетен живот и спокојни денови во нивната старост. Степенот на развој на едно општество се мери според тоа каква е грижата за лицата од ранливите категории. Денес видов дека сме ја постигнале целта бидејќи  корисниците се задоволни затоа што со помош на оваа услуга во нивниот дом заслужено ги уживаат своите пензионерски денови. Општините во реализацијата на социјалната реформа дадоа важен придонес бидејќи тие најдобро ги познаваат своите граѓани и нивите потреби. Токму ваквата соработка на централната и локалната власт придонесе да имаме двоен ефект, бидејќи освен задоволни корисници создаваме и нови работни места. На овој начин го подигнуваме квалитетот на животот на граѓаните, го зајакнуваме човечкиот потенцијал и создаваме услови за развој на општините“, рече Шахпаска.

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски посочи дека со вклучување на општините се обезбедува поголема функционалност на услугите, но и поголем опфат на лица, што е крајна цел на социјалната реформа. 

Новата социјална услуга помош и нега во домот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка на Светска банка и има за цел да го подобри и одржи здравјето на корисникот во неговото семејно окружување преку  помош во извршување на активности од секојдневниот живот.

Во рамките на проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика поддржани се 19 проекти во 24 општини. За давање на услугите обучени се 300 лица, а се очекува да бидат опфатени околу 900 корисници. Проектот е еден од инструментите на поддршка во успешното спроведување на сеопфатната социјална реформа.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }