27.11.2021

Средба Шахпаска - Граната Менгини: Низ процес на широки консултации ќе дојдеме до најдобриот закон за родова еднаквост, Венецијанската комисија е консултирана уште во рана фаза
 
​Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одржа работна средба со Симона Граната Менгини, секретарката на Венецијанската комисија, на која се разговараше за процесот на подготовка на законското решение за родова еднаквост и опсежните консултации што Министерството ги води со сите засегнати страни и институции.
Министерката Шахпаска информираше дека веќе е изготвена драфт верзија на Законот за родова еднаквост и дека до крајот на месецот се очекува и стручни лица од ЕУ да дадат мислење за првичната верзија.


„Ова законско решение го подготвуваме низ процес на широки консултации како со невладиниот сектор и експерти за човекови права, така и со сите институции кои ќе добијат одредени обврски и надлежности. Работната верзија на Законот веќе е презентиран и пред дел од пратениците и пратеничките во Собранието на Северна Македонија. Само на тој начин, преку широка дебата ќе добиеме добро решение кое ќе даде резултати“, информираше министерката Шахпаска и додаде дека на сличен начин преку широки консултации со опозицијата и со невладиниот сектор успеа со консензус да бидат усвоени законите за спречување дискриминација и насилство врз жените и семејно насилство.

Таа нагласи дека со новиот закон за родова еднаквост, кој се очекува да биде финализиран и пуштен во процедура кон крајот на оваа или на почетокот на идната година, се обезбедуваат три нови механизми кои ќе обезбедат зајакнат надзор на спроведувањето на политиките на родова еднаквост и на централно и на локално ниво, но и воведување на принципот на задолжително родово одговорно буџетирање за сите институции.

Секретарката на Венецијанската комисија, Граната Менгини, го поздрави процесот на подготовка на Законот за родова еднаквост и нагласи дека широките консултации се многу важни за креиање на добри законски решенија. Таа изрази задоволство што Венецијанската комисија е консултирана уште во рана фаза на  неговата подготовка.

Истовремено министерката Шахпаска информираше дека со новиот системски закон за работни односи, кој е во завршна фаза, во рамките на породилното отсуство, се предвидува отсуство и за таткото, што е уште еден значаен чекор во градењето на рамноправност меѓу мажите и жените.

Граната Менгини го поздрави овој предлог и оцени дека на тој начин на жените им се дава можност да создаваат семејство, без притоа да трпи нивниот кариерен развој.

Министерката за труд и социјална политика Шахпаска учествуваше на тридневната 8ма Меѓународна конференција за жените Ромки и патувачи во организација на Совет на Европа во Стразбур, Франција, на која се разговараше и за правата на Ромките, но и влијанието на пандемијата Ковид-19 врз нив.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }