ИПА II Акциска програма 2017, Акција 4 „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“

Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2017 година на 5 ноември 2018. Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2017 година се состои од четири акции. Акцијата 4 предвидува поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“. 

Цел 

Целта на акцијата е да се намали стапката на невработеност, да се зголеми учеството на пазарот на трудот, особено на младите и жените, да се зголеми пристапот до квалитетно образование и обука, да се подобрат вештините и да се модернизира системот на социјална заштита.

Финансиска рамка

Вкупната вредност на Акцијата 4 „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“  е 25,150 мил. евра, во кои ЕУ (ИПА) учествува со 23,7 мил. евра.

Резултати, проекти и начин на имплементација

Акцијата „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“ се спроведува преку проекти (активности) кои треба да придонесат кон постигнување на четири резултати во областите образование, вработување и пазар на труд, социјална заштита и социјално вклучување.

Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука се носители (корисници) на проектите. Спроведувањето на проектите ќе се одвива според правилата за јавна набавка на ЕУ преку два договорни органи: договорен орган за проектите од областа на образованието и вработувањето е Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии, додека договорен орган за проектите од областа на социјалната заштита е Делегацијата на ЕУ.

Во продолжение е даден преглед на проектите на Министерството за труд и социјална политика што се финансираат преку оваа акција, групирани според резултати и договорен орган:

Резултат 1: Зајакнување на управувањето, политиките и статистиките во секторот „Образование, вработување и социјална политика“ 

Договорен орган: Делегација на ЕУ

Подобрување на квалитетот на податоците и зајакнување на креирањето на политиките во секторот „Образование, вработување и социјална политика“ (проектот се спроведува од јануари 2020)

Проект „Јакнење на социјалниот дијалог”

Резултат 2: Правичен пристап до квалитетно инклузивно образование 

Договорен орган: Сектор за централно финансирање и склучување договори/Министерство за финансии

Проект „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и згрижување"

Проект „Изградба на детска градинка во Општина Тетово"

Проект „Изградба на детска градинка во Општина Теарце"

Резултат 3: Подобрена можност за вработување и пристап до пазарот на труд и пристојна работа Договорен орган: Сектор за централно финансирање и склучување договори/Министерство за финансии

Проект „Активација на ранливите групи на пазарот на трудот"

Проект „Подобрување на условите за работа" 

Резултат 4: Подобрен квалитет и достапност на социјалните услуги

Договорен орган: Делегација на ЕУ 

Проект „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на услугите на социјална заштита"

Проект „Поддршка на социјалните претпријатија"

 

Документи

Финансиска спогодба

Акција „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“

Годишен извештај за имплементација на Годишната акциска програма за Република Северна Македонија за ИПА 2017 и за останатите ИПА програми 

Поврзани институции

Секретаријат за европски прашања

Министерство за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување договори

Министерство за образование и наука

Делегација на ЕУ

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }