ПРОЕКТ ПОДДРШКА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

 

Општи податоци за проектот

Проектот „Поддршка за социјалните претпријатијасе спроведуваше во рамките на ИПА Акциската програма 2017. Проектот започна во  март 2020 година, а заврши во април 2023 година.  Вредноста на проектот беше 1.347.500 евра.

Цел на проектот

Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија” имаше за цел поддршка на долгорочни и одржливи можности за вработување и бизниси за ранливи и маргинализирани групи.

Поконкретно, целта беше да се ​​воспостават структури за поддршка на социјалните претпријатија кои ќе обезбедат низа услуги, како што се трансфер на знаење и директна поддршка за градење капацитети, формално и неформално образование и обука, менторство за бизнис, организација на настани, споделување на канцелариски простор или опрема. Активностите беа во насока на изградба на капацитети на структурите за анализа и следење на пазарот на социјални претпријатија, идентификување на потребите, развивање и промовирање на нови услуги и прилагодување на политичката и правната рамка за создавање поволна средина за развој и поддршка на социјалните бизниси.

Активностите во проектот беа структурирани во четири компоненти:

  • Компонента 1 - Создавање поволна и кохерентна правна, регулаторна, финансиска поддршка и рамка за мониторинг за социјалните претпријатија,

  • Компонента 2 - Воспоставување, организација, управување и функционирање на структура за поддршка на социјални претпријатија со локални контакт точки,

  • Компонента 3 - Градење на капацитети,

  • Компонента 4 - Подигнување на свеста, комуникација и видливост.

КОМПОНЕНТА

АКТИВНОСТ

Компонента 1

Создавање поволна и кохерентна правна, регулаторна, финансиска поддршка и рамка за мониторинг за социјалните претпријатија

1.Поддршка на надлежното министерство и другите релевантни чинители во развојот на сет на мерки и политика за промовирање и обезбедување поддршка на социјалните претпријатија, вклучувајќи и усогласување на релевантните закони, развој на подзаконски акти, стандарди, правилници, водичи и други документи, како и протокол и процедури за регулирање на основањето/регистрацијата/работењето и поддршката на социјалните претпријатија;

2. Развивање алатки за следење политиките за социјално претприемништво и обука на релевантниот кадар во надлежното министерство за примена на алатките;

3. Надградба на веќе воспоставените механизми за систематско собирање податоци за иницијативите за социјално претприемништво;

4. Поддршка на јавни и приватни институции во развојот и имплементацијата на соодветен финансиски инструмент(и) за финансирање на создавање, раст и опстанок на социјални претпријатија;

5. Поддршка за креирање и функционирање на онлајн база на податоци/регистар за социјални претпријатија во Северна Македонија.

Компонента 2

Воспоставување, организација, управување и функционирање на структура за поддршка на социјални претпријатија со локални контакт точки

 

1. Воспоставување структура за поддршка на активности како што се: пренос на знаење и директна поддршка за градење капацитети, формално и неформално образование и обука, бизнис менторство, организација на настани, обезбедување на заеднички услуги, споделување на канцелариски простор или опрема;

2. Избрани и воспоставени локални контакт точки за поддршка, со договорени задачи и одговорности во однос на регионот или секторот во кој работат, чија што работа ќе се следи и оценува;

3. Развивање систем за мониторинг и евалуација за мерење на влијанието и ефективноста на воспоставената структура за поддршка, предлози и спроведување на промени потребни за одржливост на структурата.

Компонента 3

Градење на капацитети

1. Организирање на активности за градење капацитети – обуки, практиканти, студиски посети, менторство, како и поддршка при воспоставувањето на правната рамка за социјалното претприемништво;

2. Услуги за поддршка и обуки за обезбедување финансии, развој на бизнис, (финансиски) менаџмент, одржливост, вмрежување и застапување, следење и евалуација, комуникација и видливост, обука за деловни советници кои работат со социјални претпријатија кои опслужуваат недоволно застапени групи, како и обуки врз основа на проценка на потребите или побарани од постоечки или потенцијални социјални претпријатија/претприемачи;

3. Развивање и унапредување на методологијата и обука на релевантниот кадар во надлежените  институции за следење на исполнувањето на законските услови од страна на формираните социјални претпријатија согласно прописите за социјално претприемништво;

4. Развивање и спроведување на план за обука за надлежното министерство, другите релевантни институции и локалните власти во однос на нивната улога во спроведувањето на регулативата и политиките за социјално претприемништво.

5. Имплементација на обуки за вработените во локалната самоуправа, оператори од јавниот сектор и локалните граѓански организации за одредбите и примена на Законот за социјална заштита и Законот за јавни набавки, вклучувајќи најдобри практики од земјите-членки на ЕУ.

6. Размена на искуства со други структури за поддршка преку веб-порталот, работилници, студиски посети или други можности за средби. 

Компонента 4

Подигнување на свеста, комуникација и видливост

1. Развој на бренд за социјалните претпријатија во форма на лого, кое ќе се користи за сите нивни услуги и производи, со цел општата јавност полесно да ги препознае и поддржи активностите на социјалните претпријатија;

2. Развивање на комуникациска стратегија со цел промовирање на видливоста и одговорноста на социјалните претпријатија и секторот на социјалната економија како целина;

3. Дизајнирани/поддржани кампањи /настани/социјални медиуми/публикации/видеа за застапување;

4. Организирање на информативни сесии и активности за медиумите, приватниот сектор, младите како потенцијални претприемачи, политичките актери, како и националните и локалните носители на одлуки;

5. Поддршка на социјалните претпријатија/претприемачите во развивањето на сопствени информации и материјали за односи со јавност, како и маркетинг;

6. Креирање веб-портал за размена на информации и искуства, промовирање на партнерства и приклучување кон регионални и ЕУ мрежи, достапност на материјали и резултати, како и предлог за одржување и хостирање на веб-порталот;

7. Подготовка на лесно читлив и разбирлив квартален билтен за промовирање на позитивните искуства и информирање за новости, настани, можности за финансирање на социјални претпријатија/претприемачи. 

Постигнати резултати:

  • Проектот обезбеди експертска поддршка при подготовка на предлог на Законот за социјални претпријатија со кој се уредуваaт дефиницијата и критериумите за социјалните петпијатија, постапките за стекнување статус, поддршката на социјалните претпријатија, како и системот за следење на нивното работење;

  • Се воспостави Центар за поддршка на социјалните претпријатија што обезбедува услуги за поддршка и програми за обука усогласени со потребите на социјалните претпријатија, како и зголемени организациски, менаџерски и технички капацитети за попрофесионални и одржливи социјални претпријатија;

  • Капацитетите на вработените во локалната самоуправа, јавните оператори и локалните граѓански организации беа зајакнети особено во однос на примената на Законот за социјална заштита и резервираните одредби на Законот за јавни набавки, со цел поактивно вклучување на социјалните претпријатија во доменот на пружање услуги;

  • Проектот значајно придонесе кон зголемена видливост на социјалните претпријатија и подигање на свеста во врска со потребата од нивното постоење;

Веб-страни за повеќе информации:

https://centarsp.mk/

https://www.facebook.com/PoddrskaNaSocijalnitePretprijatija

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }