РЕЗУЛТАТ 4: ПОДОБРЕН КВАЛИТЕТ И ДОСТАПНОСТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ

ПРОЕКТ „ПОДДРШКА НА МОДЕРНИЗАЦИЈАТА И ДЕИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ” 

Општи податоци за проектот

Проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги” се спроведуваше во рамките на ИПА Акциската програма 2017. Проектот за техничка помош започна во мај 2019г., а заврши во декември 2022г. Вредноста на договорот за проектот беше 1.032.400,00 евра.

Цел на проектот

Проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги” имаше за цел да го поддржи долгорочното и одржливо вклучување на лицата со попреченост како еднакви и активни граѓани на нивните заедници и во општеството, како и поддршка во спроведување на Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник” 2018-2027 година. 

Активностите во рамки на проектот беа во насока на поддршка при спроведувањето на Законот за социјална заштита преку изработка на подзаконски акти и правилници, воспоставување систем за следење и оценување на социјалните услуги во заедницата, како и среднорочна оценка на Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник” 2018-2027 и нејзиниот Акциски план. 

Поконкретно, се поддржа воспоставувањето на социјални услуги во заедницата низ целата земја и се подобри нивната достапност. Во насока на зајакнување на капацитетите, беше обезбедена и директна техничка поддршка на давателите на социјални услуги на локално ниво. На тој начин, посредно, проектот придонесе кон намалување на бројот на деца и возрасни лица со попреченост кои живеат во резиденцијални институции за социјална заштита. Ова треба да доведе до одржлива деинституционализација во форма на живеење со поддршка во пошироката заедница и независно живеење.

 

Активностите во проектот беа структурирани во четири компоненти:

1. Поволна и кохерентна правна рамка и политика,

2. Зајакнување на капацитетите на национално ниво,

3. Зголемување  на вклученоста на локалната самоуправа,

4. Координација во секторот, комуникација и подигнување на свеста.


Постигнати резултати:

Резултат 1: Воспоставена поволна и кохерентна правна рамка и политики за развој, обезбедување и проширување на социјалните  услуги во заедницата.

Со експертска помош

  • беа подготвени четири подзаконски акти од областа на социјалната заштита; 
  • беше подготвен Акцискиот план за 2022-2024 за имплементација на Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник” 2018-2027; 
  • беше развиен предлог систем за мониторинг и евалуација на четири различни типа на социјални услуги;
  • беше пилотиран предложениот систем за мониторинг и евалуација кај конкретни даватели на социјални услуги за три различни услуги; и
  • беше подготвен Водич за лиценцирање на социјални услуги, кој дава објаснување на процесот на лиценцирање. 

Резултат 2: Зајакнати капацитети на државните и недржавните актери на централно и локално ниво (национални и локални институции, установи за социјална заштита, центри за социјална работа – ЦСР, организации на граѓанското општество, организации на лица со попреченост, даватели на услуги, научни институти, итн.) за ефективно обезбедување и проширување на социјалните услуги во заедницата.

Капацитетите на државните и недржавни актери на локално и национално ниво беа зајакнати преку:

  • 23 еднодневни обуки, со кои беа опфатени 586 лица; 
  • директна поддршка на седум даватели на социјални услуги; 
  • виртуелна студиска посета и 
  • обезбедување писмен материјал за процесот на проширување на лиценцираните даватели на социјални услуги и ефективно обезбедување на социјалните услуги. 

Резултат 3: Зголемено учество на локалната самоуправа во развојот, обезбедувањето и проширувањето на социјалните услуги во заедницата.

Одредени општини (вкупно 26) го продлабочија нивното разбирање на новата улога како даватели на социјални услуги за локалното население, преку обуки и градење капацитети за мапирање, изработка на Локални социјални планови (ЛСП-ови), развој на социјални услуги, создавање на меѓу-општинска соработка во обезбедувањето на социјални услуги, финансирање на социјалните услуги и сл.

Резултат 4: Подигната свест на стручната и пошироката јавност, за придобивките и предностите на деинституционализацијата и обезбедувањето на социјални услуги во заедницата.

Беа организирани повеќе од 70 состаноци, спроведени заеднички кампањи, изработен кус документарен филм Беласица и заеднички настани во насока на зајакнување на координацијата меѓу сите релевантни чинители во процесот на деинституционализација. 

Фејсбук страница на проектот:  https://www.facebook.com/CapacityBuildingforCommunityBasedServices   

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }