ПРОЕКТ „ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА

Општи податоци за проектот

Проектот „Подобрување на условите за работасе спроведува во рамките на ИПА Акциската програма 2017. Проектот започна во ноември 2019 година, а заврши во декември 2023 година. Вредноста на проектот беше 855,440 евра.

Цел на проектот

Целта на проектот беше да се поттикне создавањето на формални работни места и намалување на непријавените работни места, како и да се стимулира повисока економска активност на жените на пазарот на трудот. Проектот допринесе кон ​​промовирање на праведен и еднаков третман по однос на условите за работа за работниците преку:

  • воведување и имплементација на мерки за усогласеност, зајакнување на придобивките од вработување и социјално осигурување, и стимулации за премин кон пријавена работа и
  • развивање и спроведување решенија за усогласување на семејниот и професионалниот живот и намалување на родовата дискриминација на работното место.

Активностите во проектот беа организирани во две компоненти:

1. Поддршка на имплементацијата на избраните законски, политички, институционални мерки и мерки за подигање на свеста што го олеснуваат преминот кон формална економија.

2. Борба против родовата дискриминација на работното место и усогласување на семејниот и професионалниот живот.

КОМПОНЕНТА

АКТИВНОСТИ

Компонента 1

Поддршка при спроведување на избрани правни и политички мерки, и мерки за подигање на свеста, што ќе го олеснат преминот кон формална економија

1.1. Развивање систем и градење капацитети на надлежните институции и социјалните партнери за следење и пријавување на неформалната работа.     

1.2. Развивање и практична примена на законска и институционална рамка и процедури за воведување на картички за идентификација на работно место или други пристапи за решавање на проблемот со непријавената работа.

1.3. Поддршка на Министерство за труд и социјална политика и други чинители во државата за воведување систем на ваучери или слични механизми за формализирање на неформалната работа во услужните сектори кај кои што постои поголема веројатност од непријавени активности.

1.4. Дефинирање на форматот и структурата на кампањите за подигање на свеста, едукација и информирање за непријавената работа и ефектите врз општеството како целина, а особено врз работниците.

1.5. Спроведување кампања во соработка со институционални и социјални партнери.

1.6. Анализа на моменталната состојба во Република Северна Македонија за несреќи при работа и професионални ризици и болести во земјоделскиот сектор и предлог мерки за намалување на стапката на несреќи со посебен фокус на непријавените работници.

Компонента 2

Борба против родовата дискриминација на работните места и усогласување меѓу семејниот и професионалниот живот

 

2.1. Унапредување на постојните и развивање нови мерки за олеснување на пристапот на пазарот на трудот за жените кои се во социјален ризик, младите жени под 29-годишна возраст, а особено жените кои се надвор од пазарот на трудот поради мајчинство или неплатена грижа за трето лице.

2.2. Анализа за спроведувањето на постоечките и елаборирање на законските одредби и новите мерки на политиките поврзани со промовирање на флексигурноста.

2.3. Организирање фокус групи со жени вработени во приватниот сектор за да се проучи ситуацијата на дискриминација на жените при пристапување и задржување на истото работно место по враќањето од породилно отсуство.

2.4. Зајакнување на капацитетите на инспекторатот за труд за препознавање на родова и родово-базирана дискриминација на пазарот на трудот.

2.5. Проучување на природата, трендовите и интензитетот на користење на договори на определено време и други форми на нестандардни работни ангажмани во земјата, особено од родова перспектива.

2.6. Изработка на процена на економските трошоци и придобивки од мерките за усогласување на семејните обврски со работата.

2.7. Изработка на анализа и препораки за спроведување на законската регулатива за задолжително родителско отсуство на татковци и промени во законската регулатива за родителско отсуство.

2.8. Дизајнирање и спроведување промотивни кампањи за спроведување на законската регулатива за родителско отсуство на татковци и измени во законската регулатива за регулирање на родителското отсуство и вклучување на мажите во грижата за семејството.

2.9.  Поддршка на шест организации од јавниот и/или приватниот сектор за воведување флексибилни форми на организација на работата (флексибилни во смисла на времетраење, распоред, локација, отсуство) и други работни аранжмани кои се погодни за семејството.

Постигнати резултати:

Правни и политички мерки, и мерки за подигање на свеста, што ќе го олеснат преминот кон формална економија

  • Проектот ги постави основите на системот за следење на неформалното вработување. Се разработија методологија и индикатори за пресметување на големината и карактеристиките на неформалната економија, со фокус на неформалното вработување. За да се олеснат процесите за собирање и споделување податоци меѓу институциите за следење и известување за неформалното вработување, беше развиена едноставна ИТ алатка, а вработените од надлежното министерство и институции беа обучени за нејзино користење и за анализа на податоците и индикаторите.
  • Тргнувајќи од европските искуства и домашните предизвици за справување со појавата на непријавена работа во градежниот сектор, беше подготвен предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, што предвидува воведување на картички за идентификација за вработените на градилиштата. Примената на овие одредби е уредена во предлог Правилник за формата и содржината на образецот за картичка за идентификација, како и начинот на издавање, менување и повлекување. За издавање на картичките, работодавачите ќе може да ја користат веб-алатката Employee Badge Generator. Постои и упатство за примена на законското решение за воведување на картички на работно место наменето за трудовите инспектори.
  • Најважно постигнување на проектот е предлогот на модел за формализирање на неформалната работа заснован на ваучери. Меѓуресорска работна група подготви предлог на Закон за поедноставено пријавување на сезонски, привремени и повремени работници во одредени дејности. Предлогот се заснова на резултатите од спроведеното Истражување за неформална работа во услужните сектори: лични услуги и домаќинство, угостителство и туризам, потоа оценката за тоа која институција треба да има носечка улога при пријавувањето на привремената, повремената и сезонската работа, како и анализа на трошоците и придобивките од воведувањето на поедноставени работни ангажмани на работниците во наведените дејности. Беа земени предвид и искуствата на земји со сличен социо-економски контекст.
  • Во завршната фаза на проектот под слоганот „Направи чекор кон фер работа и фер услови за сите!“ беше спроведена кампања за подигање на свеста, едукација и информирање за непријавената работа и ефектите врз општеството во целина и кон работниците.
  • Проектот поддржа подготовка на студија за моменталната состојба во нашата земја со работните несреќи и професионалните ризици и болести во секторот земјоделство, којшто се карактеризира со висока застапеност на неријавена работа и несреќи при работа. Беа препорачани мерки за намалување на стапката на несреќи со посебен фокус на непријавените работници.

 Родовата дискриминација на работните места и усогласување меѓу семејниот и професионалниот живот

Во насока на усогласување меѓу семејниот и професионалниот живот беа предложени препораки за измени во регулативата за родителско отсуство, вклучувајќи воведување задолжително татковско отсуство во Законот за работните односи. Препораките се поткрепени со  проценка на економските трошоци и придобивки од воведувањето на породилно, татковско и родителско отсуство и флексибилни работни аранжмани за полесно балансирање на семејните обврски и работата.

Дополнително, беше спроведена кампања на социјалните мрежи за потребите за измена на Законот за работните односи и регулирање на татковското и родителското отсуство согласно со Директивата на Европската Унија за усогласување меѓу работата и приватниот живот,

Како пример за успешно воведување флексибилни форми на организација на работата четири компании беа наградени и добија поддршка во реализација на нивните идеи.

  • Беа направени и поголем број анализи, консултации со сите чинители и беа дадени препораки за политиките и правната рамка со која се уредува примената на договорите на определено време и други нестандардни форми на работа. Предложени се и нови активни мерки за вработување и препораки во однос на политиките за вклучување на жените во ризик на пазарот на трудот.
  • Капацитетите на трудовата инспекција беа зајакнати за препознавање на полова и родова дискриминација на пазарот на трудот.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }