РЕЗУЛТАТ 3: ПОДОБРЕНА МОЖНОСТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРИСТАП ДО ПАЗАРОТ НА ТРУД И ПРИСТОЈНА РАБОТА 
ПРОЕКТ „АКТИВАЦИЈА НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ” 

Општи податоци за проектот

Проектот „Активација на ранливите групи на пазарот на трудот” се спроведува во рамки на ИПА Акциската програма 2017. Проектот започна во септември 2019, а заврши во октомври 2024 година. Проектот беше ко-финансиран од ЕУ, а спроведен од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ). Вредноста на проектот е 4.191.401 евра, од кои 3.000.000 евра беа неповратни грант средства од ИПА; 349.768 евра од национално кофинансирање од Буџетот на Република Северна Македонија и 841.633 евра од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Цел на проектот

Целта на проектот беше намалување на долгорочната невработеност и зависноста од гарантирана минимална помош, со вклучување на ранливите групи (долгорочно невработените, невработените  жени, Ромите, лицата со попреченост, младите до 29 години, а особено корисниците на гарантирана минимална помош) на пазарот на труд преку специјализирани услуги и програми за развој на вештини. 

Активностите на проектот беа структурирани во 2 компоненти: 

КОМПОНЕНТА АКТИВНОСТИ

Компонента 1

СИМ програма за советување и мотивација

1. Обезбедување психосоцијална поддршка преку советување, пред лицата да се вклучат во активна мерка за вработување, со цел да им се помогне на корисниците на гарантирана минимална помош во процесот на нивно активирање и интегрирање на пазарот на трудот;

2. Менторска поддршка во периодот кога корисникот се вклучува во обука или друга активна мерка за вработување, со цел да се овозможи детекција на личните и професионалните бариери и потешкотии со кои се соочуваат корисниците за време на процесот или вработување и идентификување на фактори и причини кои го отежнуваат интегрирањето на корисникот во средината каде се спроведува обуката или вработувањето.

Компонента 2

Програма за поддршка за вработување

1. Обуки за побарувани занимања и занаети со времетраење од 3 до 6 месеци;

2. Обука на работно место кај познат работодавач со времетраење од три месеци, со цел стекнување практично искуство  при извршување на работните задачи согласно барањата на работодавачот;

3. Субвенционирано вработување (субвенционирање на плати), при што субвенциите за плати се плаќаат за период од 12, односно 6 месеци со обврска лицето да се задржи уште 6, односно 3 месеци;

4. Практикантска работа, која опфаќа проширување на поддршката за подобрување на перспективите за вработување на невработените ранливи групи и приматели на гарантирана минимална помош, истовремено одразувајќи ги тековните потреби на пазарот на трудот;

5. Втора шанса, активност со која се овозможува невработените лица, кои бараат работа со ниски или ирелевантни вештини, да завршат средно стручно образование и да добијат диплома за завршено формално образование. 

ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

1. Подобрување на перспективите за вработување на 2334 невработени лица, од кои: 

1134 корисници на гарантирана минимална помош користеа интензивна психо-социјална поддршка;

1200 лица користеа менторска поддршка додека беа вклучени во обука или некоја друга мерка за вработување.

2. Над 1500 невработените лица стекнаа стручни вештини побарувани на пазарот на трудот, и тоа: 

1074 лица беа обучени за вештини побарувани на пазарот на труд;

370 лица завршија практикантство;

102 учесници стекнаа формални квалификации преку програмата „Втора шанса”;

17 лица беа обучени преку обука на работното место;

3. Вработени се 737 лица, од кои:

44 лица преку моделот на субвенционирање од 12+6 месеци, и

693 лица преку моделот на субвенционирање од 6+3 месеци. 

Веб страница на проектот:  https://av.gov.mk/labour-market-activation-of-vulnerable-groups.nspx

Фејсбук страница на проектот:  https://www.facebook.com/avrm.lmavg 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }