ПРОЕКТ „ИЗГРАДБА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ОПШТИНА ТЕТОВО”
Општи податоци за проектот
Проектот „Изградба на детска градинка во општина Тетово” се спроведуваше во рамките на ИПА Акциската програма 2017. Проектот започна во декември 2021, а заврши во мај 2024. Вредноста на договорот за градба беше 805.342,00 евра, од кои 705.157,37 евра финансирани од ЕУ (ИПА) и 100.184,53 евра национално ко-финансирање.
Цел на проектот
Целта на проектот беше зголемување на капацитетот за предучилишно згрижување и образование во Полошкиот регион, во општина Тетово.

Со новоизградениот објект на клонот „Рилиндја“ на детската градинка „Младост“ во општина Тетово се овозможи пристап до предучилишно образование и грижа за околу 165 деца на возраст од 0 до 6 години, согласно принципите на инклузивно образование. Објектот е составен од приземје со десет занимални за деца од 0 до 6 години.
Линк: https://bitly.cx/ZvBpp