15.11.2023

Тренчевска: Секоја иницијатива која го подобрува квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани е добредојдена

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Александар Марјановиќ, извршниот директор на фондацијата „Ѓорги Марјановиќ“ на која беше разговарано за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и фондацијата и спроведување на активности за поддршка на децата без родители и децата во згрижувачки  семејства.

Од страна на Марјановиќ на средбата беше објаснето дека активностите кои ќе се спроведуваат од страна на фондацијата ќе се реализираат со оваа група на млади. Споредн него тоа ќе биде од клучна важност за трасирање на нивниот животен пат, но и за креирање на систем во кој секој ќе има еднакви можности за успех, за развој и за исполнување на своите капацитети.

„Процесот на деинституционализација, работењето со секое дете поединечно, овозможувањето на услови за образование, стекнување вештини и знаења се клучни темели врз кои се креираат политиките за детска заштита во Министерството за труд и социјална политика“ објасни Тренчевска.

Таа воедно истакна дека соработката со невладиниот сектор останува да биде приоритет и дека овие иницијативи навистина се од особено значење затоа што според неа сигнализираат на подигање на свеста на целото општество за ранливите категории на граѓани. 

Министерката Тренчевска и Марјановиќ на крај од средбата се согласија дека кинеската поговорка „Дај му на човек риба и ќе го нахраниш за еден ден. Научи го да лови риба и ќе го нахраниш за цел живот“ е онаа која ги опишува сите активности кои ќе се преземаат во следниот период. И истите на долг рок ќе обезбедат овозможување на подобри услови за развој на капацитетите на секое дете.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }