13.11.2023

МТСП: Тренчевска го одбележа 13ти ноември со најмладите во градинки во Скопје

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше во посета на две градинки во Скопје.

По повод 13ти ноември Денот на ослободувањето на Скопје, Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски беше во посета на градинката ,,Мајски цвет" Карпош – Скопје и беше дел од активностите кои беа спроведени како дел од церемонијата за одбележување на денот.

Градинката функционира уште од 1965 година до една работна единица и 15 вработени со вкупно згрижени 108 деца. Денес јавната детска установа дејноста ја остварува во четири објекти со 81 вработен и вкупно згрижени 787 деца.

Воедно Тренчевска беше присутна и на патрониот празник на градинката „13 Ноември“ во Општина Центар заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Јавната детска установа постои уште од 1951 година и е една од најстарите предучилишни установи во Скопје. Моментално во градинката се згрижени 911 деца кои се распределени во 4 објекти, додека за нив се грижат 127 вработени.

Тренчевска при посетата на градинките истакна дека ова се градинки кои означуваат традиција во згрижувањето на децата и дека нивното долгогодишно функционирање го означува квалитетот на работата на истите. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }