10.11.2023

МТСП: Младите под водство на извидниците и друштво на Тренчевска продолжуваат по патеките до подобро ментално здравје

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска продолжува со спроведување на иницијативата Walk and Talk и денес беше присутна во Тетово на пешачката патека заедно со младите под водство на извидниците.

На патеките на „Walk and Talk“ како поддршка беше и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Фљакрон Беџети.

Иницијативата „Walk & Talk" ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Тетово беше петтиот по ред град во кој се спроведува иницијативата со младите од средните училишта. Тренчевска во изминатиот период беше дел од групите во Струмица, Валандово, Штип и Пробиштип.

На средбите присуствуваат лица од 15 до 29 години кои активно се вклучуваат во дискусија со експертката ангажирана за водење на наративот и дискусијата за време на пешачењето. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }