16.11.2023

МТСП: Известување за неработни денови

Врз основа на заклучоците донесени  на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика известува дека:

Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември 2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува.

 

Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи и здравствените установи на подрачјето на градот Скопје.Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите.

Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците . 

Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош  и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „ Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците.

Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }